Ана Арсевска е докторка на Малдиви: „Тешко ми беше да се навикнам да пливам со облека, работам во болница во главниот град“

Има ли многу туристи во текот на целата година?

Да, всушност во 2020-ta бевме водечка туристичка дестинација и покрај короната, со вкупно 555.494 туристи.

Обично 1.5 милиони туристи годишно патуваат за Малдиви. Ова е одлична дестинација бидејќи тука лето е цела година, со температура од 27-32 степени Целзиусови.

ana-arsevska-e-doktorka-na-maldivi-teshko-mi-beshe-da-se-naviknam-da-plivam-so-obleka-rabotam-vo-privatna-bolnica-vo-male-14.jpeg

Какво темпо на живот водат локалците? Имаат ли локалците интересни навики во секојдневието?

Локалците се многу опуштени луѓе. Не се заморуваат многу, не се брзаат никогаш и се многу скромни. Практично, може да видите милијардер со обична маичка и панталони.

Денот го поминуваат во локалните кафулиња пиејќи само топло кафе, чај или енергетски пијалак, пушејќи цигари и џвакајќи „Areca nuts“.

Јадат зачинета храна, слична на индиската, и консумираат туна во големи количини. Не пијат многу вода и затоа страдаат од бубрежни заболувања.

Јас како доктор секојдневно им вршам едукација за здрави навики и подобро здравје.

Викендите локалците, а и ние дојденците, ги поминуваме на локалните острови или правејќи пикник на т.н. sandbanks. Денот поминува во риболов, правење скара, нуркање и водени спортови, параглајдинг, џет ски итн.

ana-arsevska-e-doktorka-na-maldivi-teshko-mi-beshe-da-se-naviknam-da-plivam-so-obleka-rabotam-vo-privatna-bolnica-vo-male-12.jpeg

Те забележуваат ли дека си дојденец?

Секако дека ме забележуваат дека сум дојденец. Локалците ги почитуваат странците многу. Секаде имаме предност, од продавници, редици во банка, преминување улица, маса во ресторан …

Никогаш не им прават проблем на странците и не ги напаѓаат. Во Малдиви криминалот е на минимум, што ја прави многу сигурна земја за живеење.

ana-arsevska-e-doktorka-na-maldivi-teshko-mi-beshe-da-se-naviknam-da-plivam-so-obleka-rabotam-vo-privatna-bolnica-vo-male-04.jpeg

Висок ли е стандардот на живот? Некоја цена оттаму кафе/ пиво…

Тука стандардот на живот е одличен. Во главниот град нема бездомници или питачи. Платите се големи, плус и работодавците задолжително плаќаат сместување и осигурување.

Во Малдиви се работи во просек 50 часа неделно, понекогаш е напорно, но по работа уживаш максимално. Цените се доста високи особено храната, кафе е 3-5 долари, коктел 10-20 долари, ручек за еден во ресторан 30-50 долари. Месечни трошоци за храна се околу 1.000 долари.

ana-arsevska-e-doktorka-na-maldivi-teshko-mi-beshe-da-se-naviknam-da-plivam-so-obleka-rabotam-vo-privatna-bolnica-vo-male-06.jpeg

На што се навикна најтешко?

На немање свеж зеленчук и млечни продукти како сирење, јогурт, павлака. Ова ретко се наоѓа и само во т.н. европски продавници. Просто, тешко е да се направи добра шопска салата.

Второ е топлото и влажно време. Во првите месец, два ќе се потите многу и ќе ви биде тешко да работите на отворено. Потоа се аклиматизирате.

Тука морам да напоменам дека Малдиви е одлично место за рехабилитација на луѓе со респираторни проблеми, астма, аллергиски ринити, синусити.

Трето би рекла дека тешко ми беше да се навикнам да пливам со облека. Во главниот град и на локалните острови има прекрасни градски плажи, меѓутоа носење бикини не е дозволено. Бикини се дозволени само на ресортите.

ana-arsevska-e-doktorka-na-maldivi-teshko-mi-beshe-da-se-naviknam-da-plivam-so-obleka-rabotam-vo-privatna-bolnica-vo-male-09.jpeg

Кое е најубавото место таму?

Ресортите се прекрасно место за одмор. Првиот ресорт е Курумба отворен во 1972, а најскапиот ресорт „Soneva Jani“ е најубав според мене.

ana-arsevska-e-doktorka-na-maldivi-teshko-mi-beshe-da-se-naviknam-da-plivam-so-obleka-rabotam-vo-privatna-bolnica-vo-male-11.jpeg

Има ли ноќен живот?

Нема класичен ноќен живот и нема алкохол во главниот град и локалните острови, не е дозволена гласна музика и нема клубови или дискотеки за танцување.

Има кафулиња кои работат до 12 часот. За забави се оди на бродови или клубови во ресортите каде што е дозволено консумирање на алкохол. Исто така, илегално е да транспортирате алкохол во Малдиви.

ana-arsevska-e-doktorka-na-maldivi-teshko-mi-beshe-da-se-naviknam-da-plivam-so-obleka-rabotam-vo-privatna-bolnica-vo-male-12.jpeg

Какви се локалците кога станува збор за љубовните врски? Какви ставови имаат во поглед на бракот?

Локалците заради религија и забрана за контакт пред брак, стапуваат во брак многу рано, и затоа на возраст од 30 имаат веќе неколку бракови пред себе. Главно ретко стапуваат во брак со странец.

ana-arsevska-e-doktorka-na-maldivi-teshko-mi-beshe-da-se-naviknam-da-plivam-so-obleka-rabotam-vo-privatna-bolnica-vo-male-21.jpeg

Продолжува на следната страна...


Би можело да ве интересира:

Ивана Угриновска за патувањето во Тајланд: „Сама возев мотор низ џунгла во 3 наутро“ „Секој сака да ужива во луксузни хотели, но јас сакам да искусам многу повеќе од...
Моделот Павле Николовски го посети Исланд: „Ручек во ресторан не е под 150 евра, најевтин бургер е 2... „Исланд е третата најскапа земја во светот, а цените се скоро 10 пати повисоки о...
Стефан Савевски за патувањето во Јордан: „Ја посетив Петра 4 пати, за Македонците треба виза, а лока... „Невозможно е да пропаднеш во водата на Мртвото Море дури и да вложиш напор, сам...
Теона Манго го посети Мексико: „Тулум е рај, а локалците се фини, но знаат да лажат за да ти земат п... „Тулум е еден одличен спој на одмор и забава. Ова е место каде што можете рано н...
„Бев на борба со бикови во Севиља, Малага ги има најубавите зајдисонца“: Боро од Скопје за посетата ... „Без разлика дали ги сакате или мразите, борбите со бикови во Шпанија се многу п...
Бранко Попоски патуваше низ Португалија: „Ме воодушеви Синтра, не смеете да пропуштите возење со жол... „Албуфеира, за мене, беше бисерот на југот. Многу ме потсети на наш Охрид и Варо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg