Мартин Фармаков за животот во Естонија: „Јавниот превоз е бесплатен, а Талин важи за еден од најчистите градови во Европа“

Какво темпо на живот водат Eстонците?

Естонците по природа се доста тивки и смирении се тотално различни од нас Македонците, кои сме поприлично гласни и динамични.

Талин е еден од побезбедните градови во Европа со речиси никакво присуство на криминал. Шетањето по улиците дури и во темните часови во зима е безбедно.

Во зима, пешаците носат рефлекторски значки за поголема видливост. Нема гужви и брзање, што може да се види и преку сообраќајот, којшто е доста безбеден и организиран, се вози полека, внимателно, секојдневна глетка се деца од 5-6 години кои сами одат во училиште и преминуаат големи булевари без никаква придружба од возрасен.

martin-farmakov-za-zhivotot-vo-estonija-javniot-prevoz-e-besplaten-a-talin-vazhi-za-eden-od-najchistite-gradovi-vo-evropa-07.jpg

Исто така, безбедноста и почитувањето на приватноста е видлива и во естонскиот тренд на отворено живеење, со поврзани и отворени дворови на куќите и секако големи прозорци на градбите поради потребата од повеќе сонце и светлина во домовите во текот на зимата.

martin-farmakov-za-zhivotot-vo-estonija-javniot-prevoz-e-besplaten-a-talin-vazhi-za-eden-od-najchistite-gradovi-vo-evropa-22.jpg

Имаат ли интересни навики во секојдневието?

Естонците поминуваат доста време во природа, задолжителни прошетки и пешачење секојдневно, без разлика на временските услови и минусните температури во зима.

Исто така многу често користат сауна, а и најголемиот дел од становите и куќите имаат своја приватна сауна.

Интересна традиција е пливањето во море во текот на зимата, на минусни температури. Секако после тоа веднаш се влегува во топла сауна.

martin-farmakov-za-zhivotot-vo-estonija-javniot-prevoz-e-besplaten-a-talin-vazhi-za-eden-od-najchistite-gradovi-vo-evropa-24.jpg

Каков е јавниот превоз?

Јавниот превоз во Талин е доста добро организиран, има автобуси, тролејбуси, трамваи, а доста се користени и железничките услуги.

За жителите на градот јавниот превоз  е бесплатен, и секако хигиената е на доста високо ниво и возилата се еколошки и доста добро одржувани.

martin-farmakov-za-zhivotot-vo-estonija-javniot-prevoz-e-besplaten-a-talin-vazhi-za-eden-od-najchistite-gradovi-vo-evropa-13.jpg

Висок ли е стандардот на живот?

Стандардот е висок, а цените на прехранбените производи се речиси исти како и во Македонија. Цените во кафулињата и рестораните се малку повисоки, пивото е 5 евра и повеќе, коктелите 10 евра, кафе и чај може да се купи за 3, 5, 8 евра зависно од ресторанот.

Сите видови на занаетчиски услуги се со доста високи цени (фризер, поправки и други занаетчиски услуги).

martin-farmakov-za-zhivotot-vo-estonija-javniot-prevoz-e-besplaten-a-talin-vazhi-za-eden-od-najchistite-gradovi-vo-evropa-16.jpg

Би ја препорачал ли оваа земја како туристичка дестинација?

Секако, и како туристичка дестинација и како место за постојано живеење. Има доста историски објекти, стари градови, тврдини и замоци кои се испреплетени со историја од периодите на средновековните владеења, шведските кралства и советскиот период.

Потоа, националните паркови, со шумски мочуришта и водопади, кои имаат извонредна природа, каде туристи доаѓаат за прошетка низ естонски познати хајкинг патеки.

Естонија има голем број на острови во Балтичкото море, меѓу кои најголеми се Саарема и Хиума и крстарењето по нив е една од најважните работи која не смее да се пропушти.

martin-farmakov-za-zhivotot-vo-estonija-javniot-prevoz-e-besplaten-a-talin-vazhi-za-eden-od-najchistite-gradovi-vo-evropa-10.jpg

Имаше ли некој непријатен миг таму?

Досега не се случило да имаме лошо искуство. Населението и администрација се трудат да ја направат земјата колку може погостопримлива за странските доселеници.

martin-farmakov-za-zhivotot-vo-estonija-javniot-prevoz-e-besplaten-a-talin-vazhi-za-eden-od-najchistite-gradovi-vo-evropa-11.jpg

Има ли ноќен живот?

Ноќниот живот секако е присутен, во голема мерка и поради големиот број странци кои се доселени тука за работа во растечката ИТ индустрија. Поради разновидноста на населението доста интересен и различен е и ноќниот живот.

martin-farmakov-za-zhivotot-vo-estonija-javniot-prevoz-e-besplaten-a-talin-vazhi-za-eden-od-najchistite-gradovi-vo-evropa-15.jpg

Продолжува на следната страна...


Би можело да ве интересира:

Нина (25) од Скопје за животот во Унгарија: „Дојдов сама на 18 години, но би се вратила да живеам во... „На прашањето „Дали би се вратила ли да живеам во Македонија некогаш? искрено ќе...
Тиана од Скопје: „Со сопругот Швеѓанец се запознавме на одмор на Родос и сега Шведска ми е дом“ „Се запознав со Патрик пред речиси 15 години на островот Родос во Грција. Обично...
Бојан од Скопје живее на Канарски Острови: „Локалците се дружељубиви, но ненајавен не можеш да отиде... „Тука нема толку гужви како во Македонија, никој не брза за ништо, сè е полабаво...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg