Јелена Јовиќ за CRNOBELO.com: „Работам како туристички водич - ги посетив Индија, Кенија, Сејшели, а би се преселила во Мароко“

Сите од патувањата се враќаме со еден куп спомени, но освен тоа, без што не се враќаш дома од посетените дестинации?

Сувенирите не ми се баш омилени, често се трудам да смислам некој оригинален подарок за моите пријатели и семејство, а за себе купувам по нешто од локална облека, зашто како жена-камелеон сакам да се стопам со опкружувањето за да можам подлабоко да ја доживеам дестинацијата.

Се снабдувам со некои зачини, кои ги користам додека подготвувам храна, па така се потсетувам на деновите поминати во таа земја. Или ќе купам накит кој има некоја симболика.

Поради тоа што сакам да фотографирам, една идеја која можам да ја споделам со вас е дека подарувам свои фотографии во некоја автентична и оригинална рамка. Имам и мој печат, но и печат од дестинацијата на која сум била.

jelena jovic napravete go zivotot vreden za zivenje na kraj ni ostanuva samo album od secavanja zatoa patuvanjte 9

Активна си на социјалните мрежи и редовно ги споделуваш твоите патувања. Имаш ли евиденција по колку просечно фотографии правиш на некое твое патување?

Уживам да фотографирам и да правам многу фотки, кои понекогаш се и неколку илјади од една дестинација. Сакам да фотографирам природа, но многу сакам да ги фотографирам и своите патници кои се среќни што можат да добијат и некоја професионална фотка за време на своето патување.

jelena jovic napravete go zivotot vreden za zivenje na kraj ni ostanuva samo album od secavanja zatoa patuvanjte 7

Како е да се биде жена патувач?

Среќна сум што сум жена патник, иако тоа има ограничување во некои делови на светот поради безбедноста. Кога и ако еден ден станам мајка планирам своите деца да ги водам со себе и заедно да го истраживме светот. Тоа посебно ме радува.

jelena jovic napravete go zivotot vreden za zivenje na kraj ni ostanuva samo album od secavanja zatoa patuvanjte 4

Тука може да го завршиме разговорот. По толку многу посетени дестинации, верувам дека ќе ги инспирираш и другите да почнат да патуваат во најскоро време. Што би ги посоветувала оние што имаат желба да патуваат, а сè уште не се решени да го напуштат комфорот околу нив?

Нема дестинација која не би ја препорачала. Ако ве повикува, тоа е тоа. Одите таму и земете го она што ви се нуди, искусувајте, доживувајте она што ви треба. Она што вашата душа го бара.

Моето искуство не мора да биде исто како вашето, така што само отворете се и примајте. Моја мисија е луѓето да ги „заразам“ со патување. Затоа што паралелно со патување кое се случува надвор од вас, ние сме во длабоко внатрешно патување кое најчесто е побогато.

Сакам да ги охрабрам патниците со секое патување да го доживеат на ова ниво, затоа што тоа е моето најголемо задоволство.

Животот е патување. Осмелете се, излезете од зоната на комфор и ако почувствувате страв само продолжете со патувањето. Она што ќе го откриете за себе и животот повеќе никогаш нема да ве врати во сигурна зона каде сè е предвидливо, очекувано и малку здодевно.

Направете го вашиот живот вреден за живеење, бидете инспирација на себе и на другите. Она што на крај ќе ни остане се спомени и албум од сеќавања. Нека биде најубав што е можно. Среќно!

jelena jovic napravete go zivotot vreden za zivenje na kraj ni ostanuva samo album od secavanja zatoa patuvanjte 3

jelena jovic napravete go zivotot vreden za zivenje na kraj ni ostanuva samo album od secavanja zatoa patuvanjte 5

jelena jovic napravete go zivotot vreden za zivenje na kraj ni ostanuva samo album od secavanja zatoa patuvanjte 6

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Нина (25) од Скопје за животот во Унгарија: „Дојдов сама на 18 години, но би се вратила да живеам во... „На прашањето „Дали би се вратила ли да живеам во Македонија некогаш? искрено ќе...
Милош Боев: „Работам во Нигерија како инженер - полиција со оружје ме чува 24/7, едвај се навикнав“ „И одењето во ноќен клуб е со режим за безбедност. Ми приоѓаа луѓе кои сакаат за...
Моделот Павле Николовски го посети Исланд: „Ручек во ресторан не е под 150 евра, најевтин бургер е 2... „Исланд е третата најскапа земја во светот, а цените се скоро 10 пати повисоки о...
Ивана Угриновска за патувањето во Тајланд: „Сама возев мотор низ џунгла во 3 наутро“ „Секој сака да ужива во луксузни хотели, но јас сакам да искусам многу повеќе од...
Бев на одмор во Бари: Пиво ќе најдете и за 1,5 евра, но и комплет лежалки за 42 евра Постојат неколку начини од Скопје да се стигне до Бари - еден од нив е со авион ...
Бранко Илиески за патувањето во Перу: „100 пати да се вратам на Мачу Пикчу, нема да ми биде здодевно... „Во Перу јадат и морски прасиња. Ги печат на жар, како во фурна. Секако дека про...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg