Марија Ристовска: „Мексико е совршена летна дестинација, но плажите во Тулум имаат проблем со алгите“

Какви се цените? Колку е коктел/ кафе/ лежалка?

Цените се колку во Скопје или малку поскапи од Скопје, но зависи каде и што јадете и пиете. Пивото на пример (имаат многу опции) чинеше од 80 до 200 денари во ресторан, такосите чинеа од 200 – 600 денари, гвакамолето околу 200-300 денари, кафето (еспресо) околу 100 денари итн. Коктелите им беа поскапи од Скопје, околу 10 долари, ама толку се отприлика на сите туристички места (Грција и сл.).

За лежалки не се плаќаше, најчесто beach клубовите наплаќаа дневна карта околу 2.000 денари, од која најголем дел или сите средства можат да се искористат за јадење и пиење во текот на денот. Плажите секаде се јавни и можете да не влегувате во beach бар и да не користите лежалка доколку не сакате. Цените на храната и пијачките подалеку од главните туристички улици и од крајбрежјето беа поевтини.

marija-ristovska-meksiko-e-sovrshena-letna-destinacija-no-plazhite-vo-tulum-imaat-problem-so-algite-08.jpg

Се чувствуваше ли безбедно? Постојат ли места на кои не смее да се оди?

Се чувствував безбедно за време на целото патување. Ние се движевме во туристичките места и немаше такви места во овој дел на Мексико – Јукатан Полустровот каде што не смее да се оди, иако секако поради здрав разум како и секаде треба да се избегнува одење сам доцна во ноќта или по недоволно осветлени улички.

Единствено не ми се допадна тоа што релативно рано се стемнуваше – околу 19:30 часот, па кога одевме да посетиме друг град со автомобил, на враќање ни беше темно, а патиштата не им се добро осветлени. Но, немавме никаков проблем или предизвик, претпоставувам ова повеќе се однесува на северниот и средниот дел на Мексико, коишто важат за поопасни.

marija-ristovska-meksiko-e-sovrshena-letna-destinacija-no-plazhite-vo-tulum-imaat-problem-so-algite-10.jpg

Опиши го Мексико во неколку реченици?

Мексико за мене беше една огромна авантура, исполнета со недопрена природа и уникатен животински свет, неверојатно вкусна свежа храна, долги песочни плажи, многу историја и гостопримливост на локалците.

Дел од најинтересните работи ќе ги доживеете и надвор од крајбрежјето – како посета на урнатините од најнаселениот град на целиот полуостров Јукатан и воедно светското чудо – Чичен Ица и посета на бројните природни сеноти, па во случај времето да не е за плажа, сепак можете да се искористи денот. Јас го искористив патувањето и да го вежбам шпанскиот јазик и да уживам во нивната култура, храна и маргарити.

marija-ristovska-meksiko-e-sovrshena-letna-destinacija-no-plazhite-vo-tulum-imaat-problem-so-algite-09.jpg

Што ти беше чудно во животот на локалците?

Немавме многу прилика да се дружиме со локалците, дел поради короната, дел поради тоа што имавме испланирана агенда за да можеме во 10 дена да видиме сè што сакавме, но би го одвоила можеби животот на локалците кои живееја во внатрешноста на полуостровот, кои живееја во основни услови во трошни куќи, без тротоари на патиштата, без канализација, со многу слаб пристап на телефонска мрежа и речиси непостоечка интернет конекција, наспроти оние коишто живееа до крајбрежјето коишто функционираа нормално како кај нас.

marija-ristovska-meksiko-e-sovrshena-letna-destinacija-no-plazhite-vo-tulum-imaat-problem-so-algite-12.jpg

Што ти се допадна најмногу во оваа земја?

Најмногу ми се допаднаа сентотите – природните базени кои се дел од пештери, кои биле единствени извори на вода за пиење на Маите и во кои денес луѓето се разладуваат во текот на целата година, заедно со бистрата вода и долгите песочни плажи на некои места, еко-френдли пристапот во угостителството (речиси сите производи им беа од разградливи материјали) и секако, сериозниот пристап кон корона вирусот.

marija-ristovska-meksiko-e-sovrshena-letna-destinacija-no-plazhite-vo-tulum-imaat-problem-so-algite-14.jpg

Каква е храната? Се навикна ли брзо на вкусот?

Јас живеев претходно во САД и во Дубаи и имав прилика да ја вкусам мексиканската храна повеќе пати, па дури и подготвена од мексикански готвачи, така што не ми беше новина.

Но, она што ме интересираше е дали мексиканската храна која сум ја пробала низ светот е блиску до автентичната и одговорот беше да, затоа што имаат релативно едноставна храна која се состои од многу авокадо во форма на гвакамоле, грав кој се служи како пире, пченкарни тортиљи кои или се јадат како начо чипс, или како основа за тако, кесадиља или фахитас со риба, месо или со морски плодови.

Единствено се изненадив и кога видов дека на многу места се служеше севиче (свежа риба или морски плодови маринирани во сок од лимон), што е карактеристично за Перу. Ново ми беше само пробувањето на најразлични салси направени од различни типови на многу лути пиперки од Мексико, кои топло ги препорачувам на сите љубители на лута храна.

marija-ristovska-meksiko-e-sovrshena-letna-destinacija-no-plazhite-vo-tulum-imaat-problem-so-algite-11_1.jpg

Следат ли модни трендови? Каков моден стил практикуваат Мексиканките?

Воопшто не добив впечаток дека се следат модни трендови. Можеби во Мексико Сити. На крајбрежјето сите беа облечени во најудобна летна тенка гардероба која им помагаше да се справат со топлото време и влажноста на воздухот.

marija-ristovska-meksiko-e-sovrshena-letna-destinacija-no-plazhite-vo-tulum-imaat-problem-so-algite-20.jpg

Единствено во Тулум, каде што е познато како атрактивно место за млади, особено за дигитални номади, јоги и еко-архитекти од целиот свет, се посветуваше повеќе внимание на модата, но сепак таму стануваше збор за посетители, а не за локално население.

marija-ristovska-meksiko-e-sovrshena-letna-destinacija-no-plazhite-vo-tulum-imaat-problem-so-algite-15.jpg

Виде ли некои чудни животински видови?

Да, видов многу различни животински видови, кои не ги гледаме во нашите краишта секојдневно и тоа ми остави преголем впечаток. Можеа да се видат игуани кои на секој чекор слободно си шетаат по улиците, тарантули кои исто така слободно си шетаа, но само по автопатиштата, далеку од крајбрежјето, огромни желки, делфини, ракуни и најуникатните коати (кои се дел од фамилијата на ракуни ама живеат само на островот Козумел).

Кога бевме на островот пиев вода од кокос и ми се приближи цела фамилија од овие животинчиња кои се хранат со овошје меѓу другото и кои се нагостија со остатокот од кокосот и со јаткастите плодови што ги носевме со нас. Тоа беше уникатно искуство за мене.

marija-ristovska-meksiko-e-sovrshena-letna-destinacija-no-plazhite-vo-tulum-imaat-problem-so-algite-11.JPG

Продолжува на следната страна...


Би можело да ве интересира:

Марија и Магделена, наши фит близначки што се облекуваат во тон: „И на Сејшелите бевме модно усоглас... Oд црни бикини до зелени лелеави комбинации, близначките Марија и Магделена Гавр...
Теона Манго го посети Мексико: „Тулум е рај, а локалците се фини, но знаат да лажат за да ти земат п... „Тулум е еден одличен спој на одмор и забава. Ова е место каде што можете рано н...
Маринела од Прилеп го посети Мексико: „Шишенце вода на плажа е 10€, пирамидите во Чичен Ица се волше... „Најголемата причина што сега отидовме во Мексико, беше свадбата од еден од најд...
Спасе Манев за одморот во Албанија: „Најскапите лежалки се 35 евра, сместувањата се подобри од Грциј... „Најскапите лежалки беа 35 евра на плажата Тре Ишујт, 30 евра на Бора Бора, а на...
Скопјанката Анамарија досега посетила 24 земји: „Бали ми е најубав, камила во Египет ми легна во ску... „Мојата љубов кон патувањето потекнува од баба ми Ботка, која како дете ме вовед...
Дани Ѓуровска за патувањето во Куба со бебе: „Лекови тешко се наоѓаат, пелени продаваат на тезга, а ... „Натаму патувавме 15 часа, а за назад имавме патешествие и се враќавме речиси 2 ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg