Мими Анастасова: „Глетките на Санторини се неверојатни, но задолжително понесете си патики за стрмните улички“

Од престојот на Санторни никогаш нема да заборавиш …

Многу работи, но би го издвоила погледот во Иа кон ветерниците.

mimi-anastasova-gletkite-na-santorini-se-neverojatni-no-zadolzhitelno-ponesete-si-patiki-za-strmnite-ulichki-04.jpg

Зошто зајдисонцето на Санторини има посебна магија?

Самата атмосфера и опкружување го прават зајдисонцето на Санторини магично. Зајдисонцето најубаво се гледа од гратчето Иа (Oia). Точно во 20 часот се случува залезот, а локалите со поглед се веќе преполни и букирани уште во 18 часот.

mimi-anastasova-gletkite-na-santorini-se-neverojatni-no-zadolzhitelno-ponesete-si-patiki-za-strmnite-ulichki-13.jpg

Јас го доживеав на посебен начин. На крајот на гратчето има мала тврдина и скали кои одат сè до долу до морето, тука се собираат обично млади парови за да го гледаат зајдисонцето.

mimi-anastasova-gletkite-na-santorini-se-neverojatni-no-zadolzhitelno-ponesete-si-patiki-za-strmnite-ulichki-15.jpg

Имаше двајца музичари кои свиреа на саксофон и гитара, луѓето си фаќаа место да си седнат на скалите, си носеа шише вино и чаши и уживаа во залезот на сонцето. Беше многу тивко, се слушаше само музиката и лесен и тивок муабет во позадина. Навистина уникатно доживување.

mimi-anastasova-gletkite-na-santorini-se-neverojatni-no-zadolzhitelno-ponesete-si-patiki-za-strmnite-ulichki-03.jpg

Би одела ли повторно? Сметаш ли дека е туристичка дестинација која може да ги задоволи сите потреби?

За посета на Санторини би рекла дека се доволни 4-5 дена, препорачувам да се оди за да се прошета и да се види еднаш во животот. Интересно е еднаш да се избањате на црната плажа, да ги прошетате градчињата Фира, Иа, Имеровигли, Фиростефани, Акротири, Мегалохори, и преку ден и навечер.

mimi-anastasova-gletkite-na-santorini-se-neverojatni-no-zadolzhitelno-ponesete-si-patiki-za-strmnite-ulichki-24.jpg

Да се напиете чаша убаво вино во некој од луксузните локали на калдерата со поглед кон вулканот, да се возите со жичарницата или со магаренце да се искачите до центарот на градот … Има за секого по нешто и вреди да се посети.

Јас не сум човек којшто два пати сака да оди на исто место, но верувам дека Санторини дефинитивно е дестинација која секој вљубеник во патувањата треба да ја стави на својата листа.

mimi-anastasova-gletkite-na-santorini-se-neverojatni-no-zadolzhitelno-ponesete-si-patiki-za-strmnite-ulichki-08.jpg

Повеќе фотки од Мими на Санторини:

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Стефан Савевски за патувањето во Јордан: „Ја посетив Петра 4 пати, за Македонците треба виза, а лока... „Невозможно е да пропаднеш во водата на Мртвото Море дури и да вложиш напор, сам...
Стефан и Милан за патувањето на Исланд: „Пржевме колбаси на -10°C под Аурора Бореалис“ „Се возевме со кампер низ Исланд. Ова е релативно скапа дестинација, но со добро...
Анета за посетата на Гренланд: „Во август температурите се до 12°C, меѓу градовите се патува со брод... „Гренланд можеби нема некои големи и импозантни знаменитости, но самата недопрен...
„Бев на борба со бикови во Севиља, Малага ги има најубавите зајдисонца“: Боро од Скопје за посетата ... „Без разлика дали ги сакате или мразите, борбите со бикови во Шпанија се многу п...
Дани Ѓуровска за патувањето во Куба со бебе: „Лекови тешко се наоѓаат, пелени продаваат на тезга, а ... „Натаму патувавме 15 часа, а за назад имавме патешествие и се враќавме речиси 2 ...
Скопјанката Анамарија досега посетила 24 земји: „Бали ми е најубав, камила во Египет ми легна во ску... „Мојата љубов кон патувањето потекнува од баба ми Ботка, која како дете ме вовед...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg