Мими Анастасова: „Глетките на Санторини се неверојатни, но задолжително понесете си патики за стрмните улички“

„Баш се изненадив од цените, очекував да се многу повисоки, но прилично многу се слични со оние на Халкидики – Касандра, дури и на најпознатата Црна плажа на Санторини, но хотелското сместување чини многу повеќе од кое било друго место во Грција. Од Атина до Санторини се патува 8 часа со траект...“, раскажува Мими Анастасова од Скопје.

mimi-anastasova-gletkite-na-santorini-se-neverojatni-no-zadolzhitelno-ponesete-si-patiki-za-strmnite-ulichki-01.jpg

Мими Анастасова од Скопје вели дека најубавите места на светот ги посетила токму во време на пандемија, а една од дестинациите кои ѝ оставиле најсилен впечаток е грчкиот остров Санторини.

Мими вели дека овој остров со право го нарекуваат инстаграмџиски рај и дека таму дефинитивно ги видела најубавите зајдисонца.

Таа за CRNOBELO.com ги споделува впечатоците од Санторини:

Каков ти беше првиот впечаток при пристигнувањето на Санторини?

Првиот впечаток ми беше по малку застрашувачки со оглед на тоа што од пристаништето со возило почнавме да се искачуваме нагоре на островот. Тесни улички, екстремни кривини, нагорнини и поглед кон провалија, сè додека не се искачивме до гратчето.

Помеѓу првите впечатоци ми беше и тоа што на островот многу дува ветер, иако температурата беше околу 28-30 степени потребно беше да се носи и лесна јакничка.

Има ресторани кои служат само по протокол мени кои може да чини од 80 до 200 евра по лице. Секако сместувањето чини многу повеќе од кое било друго место во Грција.

mimi-anastasova-gletkite-na-santorini-se-neverojatni-no-zadolzhitelno-ponesete-si-patiki-za-strmnite-ulichki-07.jpeg

Кога го посети Санторини и имаше ли некакви ограничувања поради пандемијата?

Веднаш штом Грција ги ослободи границите за влез во државата се решивме да го посетиме Санторини. За влез беше потребно само ПЦР тест или примена вакцина. Задолжително беше носење на маски во продавниците и останатите затворени простории.

Периодот од 21 до 25-ти мај беше идеален за посета на Санторини, температурите не беа многу високи и погодно беше за целодневно пешачење. Немаше наплив на туристи и ги избегнавме тие препознатливи гужви по тесните улички, најпознатите места за фотографирање и најдобрите кафулиња.

mimi-anastasova-gletkite-na-santorini-se-neverojatni-no-zadolzhitelno-ponesete-si-patiki-za-strmnite-ulichki-09.jpeg

Кога ќе се спомене Санторини прво на ум ни доаѓаат бели куќички и спектакуларен поглед, дали е навистина така? Кој ти беше првиот впечаток по пристигнувањето на островот?

Да, навистина е така. Белите куќички се гледаат на врвот на островот уште кога бродот се наближува накај Санторини, не постои друга градба на островот која е поразлична од препознатливите бели куќички со сини вратички, сини куполи и уникатниот поглед кон вулканот.

mimi-anastasova-gletkite-na-santorini-se-neverojatni-no-zadolzhitelno-ponesete-si-patiki-za-strmnite-ulichki-22.jpg

Првиот впечаток ми беше по малку застрашувачки со оглед на тоа што од пристаништето со возило почнавме да се искачуваме нагоре на островот. Тесни улички, екстремни кривини, нагорнини и поглед кон провалија, сè додека не се искачивме до гратчето.

Помеѓу првите впечатоци ми беше и тоа што на островот многу дува ветер, иако температурата беше околу 28-30 степени потребно беше да се носи и лесна јакничка.

mimi-anastasova-gletkite-na-santorini-se-neverojatni-no-zadolzhitelno-ponesete-si-patiki-za-strmnite-ulichki-21.jpg

Како изгледаше патувањето дотаму?

Патот до Санторини е малку напорен, но дефинитивно вреди. Возевме од Скопје до Атина некои 6-7 часа, а потоа од пристаништето Пиреус се качивме на траект на којшто нè чекаа долги 8 часа возење до Санторини.

Траектот беше толку среден, чист и голем што 8 часа навистина брзо ни поминаа. Има избор на кафулиња, ланч барови, фришоп, сепариња и фотелји за да се дремне додека трае патувањето. Траектот чини од 40 до 60 евра за двајца со автомобил. Може да се изнајми и кабина за спиење.

mimi-anastasova-gletkite-na-santorini-se-neverojatni-no-zadolzhitelno-ponesete-si-patiki-za-strmnite-ulichki-17.jpg

Во каков тип на сместување беше? Дали Санторини навистина е инстаграмџиски рај?

Бевме сместени во хотел. На Санторини сите тие бели куќички се хотели или приватни апартмани за изнајмување.

Постои закон кој спречува дополнително урбанизирање и градење на островот. Сите хотели се мали, максимум на 2 ката и сите личат едни на други.

Санторини навистина е инстаграмџиски рај. На која страна и да застанете да се сликате фотката ќе излезе феноменално. Белите куќички, малите црквички со сини куполи, погледот кон морето и кон вулканот, локалите со стаклени тераси, апартманите со приватни базени, каде и да се свртите гледате само убавини.

mimi-anastasova-gletkite-na-santorini-se-neverojatni-no-zadolzhitelno-ponesete-si-patiki-za-strmnite-ulichki-10.jpg

Што те разочара на островот? Кои делови од него не ти се допаднаа?

Зарем нешто може да ве разочара на еден од најуникатните острови на светот? Искрено ништо не ме разочара и нема нешто што не ми се допадна.

Напротив, беше прекрасно искуство да се посети Санторини во ова време на пандемија поради тоа што не беше преполно со туристи, сезоната само што беше почнала, а луѓето најверојатно од страв или поради други рестрикции сè уште го немаа преплавено островот, светските крузери исто така сè уште не беа пуштени и немаше наплив од туристи, чиј број достигнувал и до 15.000 туристи дневно само од крузерите.

mimi-anastasova-gletkite-na-santorini-se-neverojatni-no-zadolzhitelno-ponesete-si-patiki-za-strmnite-ulichki-05.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Марио Савовски го посети Рио де Жанеиро: „Другари беа пречекани со пушки во фавелите, но градот ме п... „Едно нешто што не бев свесен е колку е всушност исполнет со ридови и планини са...
Стефан Спирковски за авантурата на Исланд: „Патував 30 часа, бев сместен во кампер, а ме воодушеви п... „Гледањето китови е дефинитивно една од факултативните екскурзии што секој треба...
Ивана и Ману патуваа низ Патагонија со велосипед: „Поминавме 2.460km за 2 месеца, носевме по 25kg ба... „Почнавме од Чиле. Сакав да се откажам уште од првиот ден“, раскажува Ивана од М...
Стефан од Скопје е фитнес тренер на Тајланд: „Ова е рајот на земјата, но ми фали да сум поблиску до ... „Тајландскиот јазик е претежок за учење, но за среќа повеќето од локалното насел...
Дани Ѓуровска за патувањето во Куба со бебе: „Лекови тешко се наоѓаат, пелени продаваат на тезга, а ... „Натаму патувавме 15 часа, а за назад имавме патешествие и се враќавме речиси 2 ...
Маја Кикириткова кампуваше во шатор над автомобил во Љубаништа: „Се мести за 3 минути, внатре може д... „Шаторот ни го монтираа од фирмата каде што го купивме. Монтажата траеше не пове...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg