Мими Анастасова: „Глетките на Санторини се неверојатни, но задолжително понесете си патики за стрмните улички“

Какви беа плажите има ли убави бич барови? Има ли опција секој ден да се оди на различна плажа?

Ја посетивме Црната плажа во областа Периса, интересно изгледаше со црн песок морам да признаам, само песокот е премногу жежок и боса нога никако не може да издржи.

Бич баровите беа средени, имаше неколку кои навистина се потрудиле многу повеќе, уредени во бохо стил со многу реквизити и декорации.

mimi-anastasova-gletkite-na-santorini-se-neverojatni-no-zadolzhitelno-ponesete-si-patiki-za-strmnite-ulichki-06.jpg

Санторини нема многу плажи, па како најпопуларни се издвојуваат Црната плажа што ја спомнав и Црвената плажа која имавме можност да ја видиме само од далеку, патот до неа е малку опасен и движењето е по стрмна патека низ карпи, подобра опција е со бротче да се стигне до таа плажа.

mimi-anastasova-gletkite-na-santorini-se-neverojatni-no-zadolzhitelno-ponesete-si-patiki-za-strmnite-ulichki-14.jpeg

Ако сакате одмор со плажа тогаш прескокнете го Санторини, островот е повеќе за шетање отколку за класичното целодневно лежење на плажа.

mimi-anastasova-gletkite-na-santorini-se-neverojatni-no-zadolzhitelno-ponesete-si-patiki-za-strmnite-ulichki-19.jpeg

Има ли што да се прави? Што нуди Санторини од забава?

Од уживање во утринското кафе со магичен поглед, ултра вкусен ручек – традиционална грчка храна, до поглед кон романтичното зајдисонце со чаша вино, Санторини има за секого по нешто.

Ноќни и дневни прошетки по калдерата, продавнички за сувенири, 365 мали црквички, мали слаткарници преполни со грчки слатки во некои скриени ќошиња, уживање во прекрасните барови со стаклени тераси, музика во бич баровите…

За оние кои повеќе сакаат да пешачат има патека долга 10 километри од Фира (Thera) до Иа (Oia) која се протега по работ на островот и нуди навистина прекрасни глетки, исто има и тури за пешачење на вулканот. Доколку сте уште пољубопитни препорачувам да се посети Археолошкиот локалитет и задолжително според мене посета на винарија.

mimi-anastasova-gletkite-na-santorini-se-neverojatni-no-zadolzhitelno-ponesete-si-patiki-za-strmnite-ulichki-12.jpg

Важи за еден од поскапите грчки острови, какви без цените? На пример колку е кафе, лежалка, коктел?

Баш се изненадив од цените, очекував да се многу повисоки, но прилично многу се слични со оние на Халкидики – Касандра каде што одиме сите нели … Цената на кафе се движеше од 3.5 до 6 евра, коктелите по 10/15 евра, чаша вино од 7 евра, гиро 4/5 евра, морска храна од 20 евра + за една порција, салата 10/15 евра. Ова се цени за подобрите локали кои имаат преубав ентериер и нудат прекрасен поглед од калдерата.

Има ресторани кои служат само по протокол мени кои може да чини од 80 до 200 евра по лице. Секако сместувањето чини многу повеќе од кое било друго место во Грција.

Цените на Црната плажа во областа Периса беа исти како што напоменав, лежалка не се наплаќа доколку имате нарачки од барот.

mimi-anastasova-gletkite-na-santorini-se-neverojatni-no-zadolzhitelno-ponesete-si-patiki-za-strmnite-ulichki-20.jpeg

Напорно ли беше движењето по скалите нагоре – надолу? Колку скали мислиш дека помина во текот на престојот?

Носете си патики – најбитно, напорно е ако е многу топло, препорачувам тоа пешачење од пристаниште до гратчето да се направи некаде пред зајдисонце, станува збор за околу 600 скалила во еден правец.

mimi-anastasova-gletkite-na-santorini-se-neverojatni-no-zadolzhitelno-ponesete-si-patiki-za-strmnite-ulichki-18.jpg

Секогаш има избор да си влезете во жичарницата или да се качите на магаренце коешто е атракција и обележје на Санторини.

Има многу за одење и во Иа и во Фира, многу скриени местенца кои нудат прекрасен поглед кон градот, видиковци кон луксузните апартмани со бесконечни базени и вратички што гледаат кон рајот.

 mimi-anastasova-gletkite-na-santorini-se-neverojatni-no-zadolzhitelno-ponesete-si-patiki-za-strmnite-ulichki-23.jpg

Санторини е уникатно искуство затоа што …

Затоа што самата природа таму е уникатна. Град изграден на вулкан. Никогаш немам видено винова лоза која расте ниско на земјата и која вода добива преку листот од влажноста на воздухот, а не од коренот.

Посетивме винарија во која беше детално објаснето производството на вино кое на уникатен начин се добива само на Санторини, и секако дека има и уникатен вкус.

mimi-anastasova-gletkite-na-santorini-se-neverojatni-no-zadolzhitelno-ponesete-si-patiki-za-strmnite-ulichki-16.jpg

Едно од најретките места на светот каде може да видите плажа од црн песок, а на другата страна од островот ќе видите плажа од црвен песок. Скоро сè во врска со Санторини е уникатна приказна.

mimi-anastasova-gletkite-na-santorini-se-neverojatni-no-zadolzhitelno-ponesete-si-patiki-za-strmnite-ulichki-11.jpg

Продолжува на следната страна...


Би можело да ве интересира:

Стефан Савевски за патувањето во Јордан: „Ја посетив Петра 4 пати, за Македонците треба виза, а лока... „Невозможно е да пропаднеш во водата на Мртвото Море дури и да вложиш напор, сам...
Стефан и Милан за патувањето на Исланд: „Пржевме колбаси на -10°C под Аурора Бореалис“ „Се возевме со кампер низ Исланд. Ова е релативно скапа дестинација, но со добро...
Анета за посетата на Гренланд: „Во август температурите се до 12°C, меѓу градовите се патува со брод... „Гренланд можеби нема некои големи и импозантни знаменитости, но самата недопрен...
„Бев на борба со бикови во Севиља, Малага ги има најубавите зајдисонца“: Боро од Скопје за посетата ... „Без разлика дали ги сакате или мразите, борбите со бикови во Шпанија се многу п...
Дани Ѓуровска за патувањето во Куба со бебе: „Лекови тешко се наоѓаат, пелени продаваат на тезга, а ... „Натаму патувавме 15 часа, а за назад имавме патешествие и се враќавме речиси 2 ...
Скопјанката Анамарија досега посетила 24 земји: „Бали ми е најубав, камила во Египет ми легна во ску... „Мојата љубов кон патувањето потекнува од баба ми Ботка, која како дете ме вовед...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg