Сања Коцева: „Во Валенсија после работа се оди на плажа, никој никогаш не брза никаде“

Сања Коцева е докторка од Штип која имала среќа 2 месеца да живее во Валенсија и да почувствува каков животен стил водат локалците. За овој шпански град, од каде носи само најубави спомени, таа раскажува за CRNOBELO.com…

sanja-koceva-vo-valensija-po-rabota-se-odi-na-plazha-nikoj-nikogash-ne-brza-nikade-01.jpg

Сања Коцева (28) од Штип, по професија докторка, е вљубеничка во патувањата, а меѓу дестинациите кои ѝ оставиле најсилен впечаток е и градот Валенсија во Шпанија.

Во Валенсија таa престојувала 2 месеци.

За впечатоците оттаму Сања открива за CRNOBELO.com:

Зошто токму Валенсија? Зошто овој град има посебна магија?

Најчесто кога луѓето размислуваат да ја посетат Шпанија прво ги одбираат местата како Барселона, Мадрид, Лорет де Mар. Барајќи нешто поразлично, понепознато, изборот падна токму на Валенсија. Град коj ги надмина моите очекувања во секој поглед, град во коj најмногу се пронајдов.

Уште на прв поглед градот ве маѓепсува со уникатната архитектура - спој на старото и модерното, многубројните палми насекаде, позитивниот дух кој може да го забележите кога шетате низ тесните улички на стариот град, како и прекрасните мали, традиционални ресторанчиња, кои се наоѓаат на секој агол од улиците.

sanja-koceva-vo-valensija-po-rabota-se-odi-na-plazha-nikoj-nikogash-ne-brza-nikade-14.jpg

Колку имаше можност да се спријателиш со локалците? Какви се по природа тие, во што се разликуваат од нас?

Поради медитеранската клима, убавата местоположба и големиот број на сончеви денови во годината, луѓето овде важат за едни од најпозитивните и најдружељубивите. По менталитет многу се блиску до нашиот.

sanja-koceva-vo-valensija-po-rabota-se-odi-na-plazha-nikoj-nikogash-ne-brza-nikade-02.jpg

Имав можност дел од мојата летна пракса по медицина да ја поминам таму и поради долгиот период што го поминавме таму се запознавме со доста локалци, почнувајќи од мои колеги од болницата, соседи, маалски продавачи. Секогаш спремни да помогнат, спремни за забава и пред сè ми даваа голема мотивација да зборувам шпански и да си го извежбам мојот омилен јазик.

sanja-koceva-vo-valensija-po-rabota-se-odi-na-plazha-nikoj-nikogash-ne-brza-nikade-03.jpg

Најомилен дел од Валенсија ти е...

Дефинитивно, стариот дел од градот.

sanja-koceva-vo-valensija-po-rabota-se-odi-na-plazha-nikoj-nikogash-ne-brza-nikade-15.jpg

Каков е јавниот превоз?

Јавниот превоз е доста добро организиран и се состои од автобуси, метро и трамваи. Бидејќи градот не е многу голем, брзо се стигнува од една локација до друга, а притоа едно возење да ве чини од 1 до 1.5 евра.

sanja-koceva-vo-valensija-po-rabota-se-odi-na-plazha-nikoj-nikogash-ne-brza-nikade-05.jpg

Имаат ли високо ново на култура во сообраќајот, во поглед на чистотата и општо?

Иако спомнав дека по менталитет се многу блиску до нашиот, тоа не важи и за чистотата и сообраќајната култура.

sanja-koceva-vo-valensija-po-rabota-se-odi-na-plazha-nikoj-nikogash-ne-brza-nikade-08.jpg

Во споредба со другите европски метрополи, овде владее малку понизок стандард, но за разлика од стресниот живот во западните земји овде е „stress free“. Во Валенсија не можеш да видиш сцена како некој брза на работа и е под стрес дека некаде ќе задоцни, па затоа и не владее голем сообраќаен метеж.

Сите се секогаш насмеани, релаксирани што верувам дека се должи на убавата клима и пристапот до море.

sanja-koceva-vo-valensija-po-rabota-se-odi-na-plazha-nikoj-nikogash-ne-brza-nikade-12.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Дани Ѓуровска за патувањето во Куба со бебе: „Лекови тешко се наоѓаат, пелени продаваат на тезга, а ... „Натаму патувавме 15 часа, а за назад имавме патешествие и се враќавме речиси 2 ...
Антонио Димоски живее на Бали: „Луѓето се многу фини и добри, но сообраќајот е хаос“ Антонио Димоски од Охрид е фриленсер во областа на човечки ресурси и дигитален м...
Бојан од Скопје живее на Канарски Острови: „Локалците се дружељубиви, но ненајавен не можеш да отиде... „Тука нема толку гужви како во Македонија, никој не брза за ништо, сè е полабаво...
Теона Манго за посетата на Кавказот: „Пејзажите во Грузија се без конкуренција, а во Азербејџан има ... „Мораше да се направи добра логистика бидејќи Ерменија и Азербејџан се во конфли...
„Бев на борба со бикови во Севиља, Малага ги има најубавите зајдисонца“: Боро од Скопје за посетата ... „Без разлика дали ги сакате или мразите, борбите со бикови во Шпанија се многу п...
Нина (25) од Скопје за животот во Унгарија: „Дојдов сама на 18 години, но би се вратила да живеам во... „На прашањето „Дали би се вратила ли да живеам во Македонија некогаш? искрено ќе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg