Драган Владимиров живее на Малдивите: „Со локалците правиме скара средe океан, јас сум единствениот Македонец на островот“

„Една пица би ве чинела околу 1.000 до 1.500 денари, коктел зависи од 600, па до кај 2.000 денари, пиво околу 300 до 500 денари вклучувајќи го данокот и бакшиш за келнерите“, вели тој додавајќи дека еден одмор за двајца или меден месец на Малдивите за седум дена може да чини околу 215.000 денари каде што би ноќевале во Bungalow или во куќичка која се наоѓа во вода на плажа каде што би имале и сопствен базен.

Драган открива дека до сега запознал неколку гости од Србија, Бугарија и Хрватска, но сè уште не сум запознал некој од Македонија, и моментално е единствениот Македонец кој работи и живее на островот, а најмногу гости има од Русија, Европа и Америка.

dragan-vladimirov-od-maldivite-jas-sum-edinstveniot-makedonec-na-ostrovot-07.jpg

Вели дека островите се прекрасни, со изобилие на палми и егзотични цветови, но додава дека градовите исто така се средeни и урбанизирани, посебно главниот град Мале, каде е сместен аеродромот.

Драган вели дека најдобро е да се посети овој егзотичен рај во есен, а јули и август се претежно врнежливи, додавајќи туристите да си понесат опрема за нуркање и креми за сончање бидејќи на островите се скапи.

dragan-vladimirov-od-maldivite-jas-sum-edinstveniot-makedonec-na-ostrovot-09.jpg

 На крај тој ни открива дека за сега планира да остане на Малдивите со оглед на светската ситуација со пандемијата и дa ги искористи до максимум сите природни богатства на овој тропски рај, кој исто така е дом на убави и љубезни девојки.

dragan-vladimirov-od-maldivite-jas-sum-edinstveniot-makedonec-na-ostrovot-08.jpg

vvvvv.jpg

dragan-vladimirov-od-maldivite-jas-sum-edinstveniot-makedonec-na-ostrovot-12.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови  и фотографии е казниво со закон.

И. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Велешанката Стефани го посети Бразил: „Лежалките на Копакабана се бесплатни, во Рио е поевтино откол... „Во Рио резервиравме хостел, кој беше на околу 3 минути пешки од Копакабана...
Нина (25) од Скопје за животот во Унгарија: „Дојдов сама на 18 години, но би се вратила да живеам во... „На прашањето „Дали би се вратила ли да живеам во Македонија некогаш? искрено ќе...
Марио Савовски го посети Рио де Жанеиро: „Другари беа пречекани со пушки во фавелите, но градот ме п... „Едно нешто што не бев свесен е колку е всушност исполнет со ридови и планини са...
Стефан од Скопје е фитнес тренер на Тајланд: „Ова е рајот на земјата, но ми фали да сум поблиску до ... „Тајландскиот јазик е претежок за учење, но за среќа повеќето од локалното насел...
Андреа Јосифова за зимскиот одмор на Тенерифе: „Беше 25°C, идеално е за со деца“ „Доколку барате топла дестинација во зима која е лесна за организирање и не толк...
Теона Манго го посети Мексико: „Тулум е рај, а локалците се фини, но знаат да лажат за да ти земат п... „Тулум е еден одличен спој на одмор и забава. Ова е место каде што можете рано н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg