Стефани Брдар за животот во Германија: „Германците се големи авантуристи, здравството им е совршено, а законите строги“
Во зимскиот период веќе имаат резервирано хотели, вили на планинските предели на Алпите. Одлични се и во екстремните спортови.
Инаку сѐ поголем и поголем е бројот на Македонци во Германија. Во градот Регенсбург има голем број на фамилии, со кои се дружиме константно, си прославуваме родендени, славиме наши празници и сме секогаш на располагање да си помогнеме еден на друг и размениме искуство.
Дали можам да си замислам да дочекам пензија во Германија ми е малку далечно за размислување, но никогаш не вели никогаш, не сум приврзана и во животот не знаеме што ќе се случи во иднина. Спремна сум на секаква промена. Животот е еден, да го живееме максимално и онака како што ние сакаме.
Од Македонија најмногу ми недостига фамилијата, најблиските, пријателите, колегите од факултет, локалите, кафеаните, овчкото сирење и жолтата ракија. Татковината ни едно место не може да ја замени, слободата која ја чувстуваме таму. Дома сонцето најсилно грее и воздухот има посебен мирис...“
Повеќе фотки од Стефани од Германија:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело