Мартина Митовска: „Се вљубив во Мексиканец, живеам на една од најубавите туристички дестинации во светот“

Безбеден ли е животот таму?

Има муабети дека не е безбедно поради картелите и големото производство и продажба на различни видови на дрога, што всушност постои во многу други земји во кои не се зборува на таа тема толку отворено.

Вистината е дека сè додека ти си живееш еден нормален живот и не продаваш (можеш да консумираш кај сакаш) дрога без да си дел од некој картел животот е потполно безбеден.

martina-mitovska-se-vljubiv-vo-meksikanec-zhiveam-na-edna-od-najubavite-turistichki-destinacii-vo-svetot-20.jpg

martina-mitovska-se-vljubiv-vo-meksikanec-zhiveam-na-edna-od-najubavite-turistichki-destinacii-vo-svetot-12.jpg

Дали луѓето се опседнати со социјални мрежи како кај нас?

Едно големо НЕ!!! Фејсбук се користи за одржување контакт со фамилија и пријатели и Инстаграм се користи како замена за веб страна на секој вид туристички локации.

Јас лично бев зависник на социјалните мрежи до пред година време. Животот во Мексико ме научи да уживам во моментот, без таа зависност да споделиш сè што правиш во истиот момент.

Не е дека веќе не сум воопшто активна ама сега кога патувам се препуштам и уживам целосно и слики или сториња од впечатоци и импресии ќе споделам некогаш дури и после месец или два од настанот.

martina-mitovska-se-vljubiv-vo-meksikanec-zhiveam-na-edna-od-najubavite-turistichki-destinacii-vo-svetot-19.jpg

Дали би можела да се замислиш таму да дочекаш пензија?

Тоа е планот. Токму кога помина една година откако дојдов овде што ми беше испланирана за одмор и требаше да почнам со работа почна ситуацијата со вирусот, така што имав доволно време да одлучам и испланирам што ќе правам.

Веќе неколку месеци работам на моја линија на облека што се надевам дека ќе биде спремна за два до три месеци. Се работи за еколошка мода изработена од органски памук, јута, лен и бамбус.

Ако се оди како што треба ќе бидам среќна пензионерка во Мексико пред 50-тата година.

martina-mitovska-se-vljubiv-vo-meksikanec-zhiveam-na-edna-od-najubavite-turistichki-destinacii-vo-svetot-17.jpg

Повеќе фотографии од Мартина во Мексико:

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Никола од Скопје живее во Кина: „Жените сакаат мажи од белата раса, а богатите не се фалат со парите... „Девојките сè уште ја негуваат „белата убавина“ и многу се заинте...
Нина (25) од Скопје за животот во Унгарија: „Дојдов сама на 18 години, но би се вратила да живеам во... „На прашањето „Дали би се вратила ли да живеам во Македонија некогаш? искрено ќе...
Теона Манго го посети Мексико: „Тулум е рај, а локалците се фини, но знаат да лажат за да ти земат п... „Тулум е еден одличен спој на одмор и забава. Ова е место каде што можете рано н...
Маринела од Прилеп го посети Мексико: „Шишенце вода на плажа е 10€, пирамидите во Чичен Ица се волше... „Најголемата причина што сега отидовме во Мексико, беше свадбата од еден од најд...
Владимир од Скопје патува низ светот: „Скокав од авион во Дубаи, најевтино е во Јордан, а најскапо в... За CRNOBELO.com, Владимир од Скопје вели дека најдобра храна вкусил во Мексико, ...
Антонио Димоски живее на Бали: „Луѓето се многу фини и добри, но сообраќајот е хаос“ Антонио Димоски од Охрид е фриленсер во областа на човечки ресурси и дигитален м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg