Мартина Митовска: „Се вљубив во Мексиканец, живеам на една од најубавите туристички дестинации во светот“

„Канкун, Плаја дел Кармен и Тулум во Мексико се едни од најатрактивните туристички дестинации во светот и хотелите се значително скапи кога доаѓаш како турист, ама ако живееш како локалец со 1.000 до 1.500 евра месечно можеш да живееш комотен живот. Тука сите се среќни и задоволни, нема жалења и секој има време и енергија за текила и салса после работа“, раскажува Мартина Митовска.

martina-mitovska-se-vljubiv-vo-meksikanec-zhiveam-na-edna-od-najubavite-turistichki-destinacii-vo-svetot-01.jpg

Мартина Митовска од Крива Паланка наскоро ќе го прослави својот 35-ти роденден, но на шега вели дека се чувствува како да има 24 години.

Пред да замине од Македонија имала свој фризерски салон 6 години. Но, од 2016 одлучила да работи на брод првично како менаџер на продавница и по три години како „Voyage Leader“.

Отсекогаш сакала да патува и да запознава нови места и култури што било уште една од причините да почне да работи на брод.

Досега има посетено 76 држави и се надева дека дури да почнат турите на Марс ќе ги посети и 120-те држави што ѝ фалат на листата.

Сега живее во Мексико и за CRNOBELO.com ги споделува искуствата оттаму...

Колку време живееш во Мексико и зошто токму Мексико?

Живеам во Плаја дел Кармен веќе две години. На почетокот на 2019 одлучив да направам една година пауза со работата и да ја поминам некаде каде што не сум била досега и каде што има море, ама во глава имав неколку опции во Медитеранот, ни случајно Мексико.

Во истиот период почнав да излегувам со дечко ми Луис со кој се познававме веќе две години и кој е Мексиканец.

martina-mitovska-se-vljubiv-vo-meksikanec-zhiveam-na-edna-od-najubavite-turistichki-destinacii-vo-svetot-03.jpg

Првиот впечаток по слетувањето таму…

Бевме на неколку патувања низ Европа и во Македонија по што дојдовме во Мексико Сити. Еден од најголемите градови што сум го посетила досега, после Мумбај и Сао Паоло и за мој вкус премногу гужва.

Во тој момента имав повратен билет за три седмици, еден ранец со работи и ниту идеја дека ќе останам повеќе од тоа. По една недела дојдовме во Плаја дел Кармен и беше љубов на прв поглед. Веднаш си реков „јас останувам овде“.

martina-mitovska-se-vljubiv-vo-meksikanec-zhiveam-na-edna-od-najubavite-turistichki-destinacii-vo-svetot-02.jpg

Колку лесно се навикна на локалците? Каков им е менталитетот, прифаќаат ли дојденци?

Плаjа дел Кармен е туристичко место и има многу странци од целиот свет кои живеат овде, што е голем плус на почетокот затоа што сите зборуваат англиски (што не е случајот во остатокот од Мексико).

Локалците се многу се друштвени, забавни, гостопримливи и имаат менталитет многу сличен на нашиот. Единствена разлика е што овде нема трач муабети, кој на кого е брат, го познавам газдата на ова и на она место, кој со кого се мува, кој каква марка носи и колку пари има.

martina-mitovska-se-vljubiv-vo-meksikanec-zhiveam-na-edna-od-najubavite-turistichki-destinacii-vo-svetot-04.jpg

Каков е стандардот на живот?

На ниво на држава имаат низок стандард, просечна плата е 300/400 ерва, што со двајца вработени ти дава доволно за нормален живот.

Како што спомнав Плаја дел Кармен е туристичко место и животот е малку поскап. На пр. ако во остатокот од државата едно кафе е едно евро овде во целата Ривиера Маја е 3 до 5 евра.

Канкун, Плаја дел Кармен и Тулум се едни од најатрактивните туристички дестинации во светот и хотелите се значително скапи кога доаѓаш како турист ама ако живееш како локалец со 1.000 до 1.500 евра месечно можеш да живееш комотен живот.

martina-mitovska-se-vljubiv-vo-meksikanec-zhiveam-na-edna-od-najubavite-turistichki-destinacii-vo-svetot-05.jpg

Каква е климата во текот на годината?

На ниво на државата ги имаат сите годишни времиња и овде во Плаја дел Кармен е вечно лето.

Од септември до ноември е сезона на врнежи и урагани и до февруари е „зима“ со температури помеѓу 25 и 30 степени целзиусови. Остатокот од годината од март до август е сончево со многу ретки облачни денови.

martina-mitovska-se-vljubiv-vo-meksikanec-zhiveam-na-edna-od-najubavite-turistichki-destinacii-vo-svetot-06.jpg

Каков е јавниот превоз?

Многу добро организиран и економичен. Од авиони до автобуси и комбиња можеш да се движиш низ целата република во кое било време.

Очигледно во рурални места кои не се туристички развиени може да се погоди да има кокошка до тебе, но тоа е дел од авантурата.

martina-mitovska-se-vljubiv-vo-meksikanec-zhiveam-na-edna-od-najubavite-turistichki-destinacii-vo-svetot-07.jpg

Колку темпото на живот е поинакво таму?

Животот е брз, ама релаксиран и нема стрес. Се работат многу часови ама сите се среќни и задоволни, нема жалења и секој има време и енергија за текила и салса после работа.

Ова го кажувам од искуство на другари, зошто јас овде имам работено само еден месец како туристички водич кога одлучив дека ќе останам да живеам со цел побрзо да направам круг на пријатели.

martina-mitovska-se-vljubiv-vo-meksikanec-zhiveam-na-edna-od-najubavite-turistichki-destinacii-vo-svetot-08.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Никола од Скопје живее во Кина: „Жените сакаат мажи од белата раса, а богатите не се фалат со парите... „Девојките сè уште ја негуваат „белата убавина“ и многу се заинте...
Нина (25) од Скопје за животот во Унгарија: „Дојдов сама на 18 години, но би се вратила да живеам во... „На прашањето „Дали би се вратила ли да живеам во Македонија некогаш? искрено ќе...
Теона Манго го посети Мексико: „Тулум е рај, а локалците се фини, но знаат да лажат за да ти земат п... „Тулум е еден одличен спој на одмор и забава. Ова е место каде што можете рано н...
Маринела од Прилеп го посети Мексико: „Шишенце вода на плажа е 10€, пирамидите во Чичен Ица се волше... „Најголемата причина што сега отидовме во Мексико, беше свадбата од еден од најд...
Владимир од Скопје патува низ светот: „Скокав од авион во Дубаи, најевтино е во Јордан, а најскапо в... За CRNOBELO.com, Владимир од Скопје вели дека најдобра храна вкусил во Мексико, ...
Антонио Димоски живее на Бали: „Луѓето се многу фини и добри, но сообраќајот е хаос“ Антонио Димоски од Охрид е фриленсер во областа на човечки ресурси и дигитален м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg