Симон и Марина Андови: „Бевме во карантин во Куба, си ветивме љубов до крајот на животот во Колумбија“
Која земја има најниски цени, која највисоки?
Доминиканската Република има превисоки цени за тој стандард. Пиво две евра?! Колумбија има цени за секој стандард. Фин ручек за 5 евра!
Која ви е најубавата држава на светот, а кој најубавиот град?
За нас постојат најубава држава/град за живеење и најубава држава/град за посета. Држава за живеење – Холандија (поради квалитетот на живеење), а за посета сите јужно американски држави. Град за живеење – Трст, а за посета Барселона.
Со задоволство би се преселиле во …
За сега во Холандија. А следно на Карипските острови. На секој остров по една година.
Каде го видовте најлудиот пазар?
Во Фез во Мароко. Примитивно, автентично и лудо.
Што од светот би донеле до Македонија?
Спокојството и благодарноста за тоа што го имаме, а не му даваме вредност.
Која дестинација ви е следна на списокот?
Танзанија, Африка и Фиџи.
Уште фотки од патувањата на Симон и Марина:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
С. С. | Црнобело