Емилија Мицевска: „Имам бегано од мечка, а сум кампувала низ цела Македонија“
Совршен ден во природа се состои од...
Полна кошница дарови.
Омилена планина во Македонија...
Шар Планина.
Омилени водопади во Македонија...
На сите им се радувам.
Омилено село во Македонија...
Сите села, пријателе.
Си имала ли средба со диво животно досега?
Имам бегано од мечка и долго се гледав со две срни.
Ако ти дојдат пријатели од странство на гости, прво ќе ги однесеш во...
Горно Соње.
Зошто природата е лек?
Во природата има лек за сѐ. Дури и пет минути поминати во природата те прават поубав човек. Те разбиструва, ти укажува дека немаш проблеми, ти дава фокус, енергија, те регенерира, те весели и те полни со љубов. Уште и ако ја познаваш секогаш ќе те нагости со здрави намирници.
Порака до младите што ретко престојуваат во природа и постојано се во кафулиња...
Предизвикајте се со вашето друштво да се заиграте во природа. Возете точак, трчајте, планинарете или преспијте во планина. Се надевам еден ден ќе се сретнеме на некоја патека и ќе си споделиме можеби цветови, печурки, чаеви, капини или супер здрави искуства. Не го игнорирајте она што ни се нуди. Бидете свесни и здрави.
Уште фотки од Емилија Мицевска Трајковиќ:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
С. С. | Црнобело