34 скриени убавини на Македонија низ објективот на Влатко Рафески
- Детали
- вторник, 23 јуни 2020
Од живописните Колешински водопади до незаменливиот Галичник и полињата со расцветани праски во Росоман, ајде за миг да отпатуваме низ нашата прекрасна татковина.
Македонија има мал милион прекрасни места, а тие скриени бисери на природата ги лови талентираниот фотограф Влатко Рафески.
Убавината на нашата татковина доаѓа до израз низ неговите фотографии.
За CRNOBELO.com тој вели:
„Љубовта кон природата е единствената причина за фотографија. Атмосферата која што ја дава природата е моќна состојба за да биде пренесена преку фотографија до секој човек и да го натера да ужива во истата. Со фотографија се занимавам 10 години, од кои последните 7 многу сериозно што се однесува до инвестиции во опрема, учење и постпродукција.
Следејќи ги светските трендови во пејзажната фотографија (landscape photography) сакам нашата земја Македонија да ја претставам во најубаво светло во другите земји. „Creating atmosphere in landscapes“ (креирање на атмосферата во пејзажот) е еден вид стил кој што го негувам при креирањето на фотографијата до конечниот резултат.
Македонија поседува скриени убавини кое потребно е да се истражуваат, да се откриваат нови со што ќе се мотивираат сите да ги посетат и воедно да се грижат да ги зачуваат. Целта на мојата фотографија е да го поттикнам тоа чувство кај луѓето, да ја унапредам свеста за заштита на природата зошто таа е единствен извор на живот на земјата.
Што се однесува до опремата, користам исклучиво Никон опрема (DSLR i Mirrorless фотоапарати, мемориски картици, ранци и останати аксесоари). Моите фотографии може многу често да ги видите на социјалните мрежи Facebook и Instagram, посебно на светските страни за пејзажна фотографија каде што многу често се наоѓаат во врвните селекции заедно со фотографиите на светски познатите фотографи.
Учествувам на интернет изложби, посетувам семинари на Балканот... Во иднина, планирам да посетам дел од светските атрактивни дестинации за пејзажна фотографија и воедно се припремам за прва самостојна изложба. Сите мои фотографии од сите дестинации можете да ги погледнете на мојот Фејсбук профил.“