Сашо Спасовски посетил 46 земји: „На Бали е поевтино од Македонија, во Габон бегав од слон“

Најлошата работа што ти се случила во странство …

Искрено немам лоши искуства од патувањата, можеби најлошото чувство до сега ми било кога едвај чекаш да пристигнеш дома после повеќе од месец во странство и на крај ти го откажуваат летот од Сингапур за Скопје и мораш да чекаш уште 24 часа за следен лет.

Најдобрата работа што ти се случила во странство?

Би издвоил дел од патувањата кога бев во Малезија на 6, 7 месеци проект, во кои бевме тим од повеќе земји (Бугарија, Романија, Франција, Англија, Малезија, Германија, Алжир, Бразил итн.). Имавме толку многу одлична соработка, одлични дружења и разменети искуства во коишто бевме како фамилија. И после 4 години сè уште одржуваме контакт и ми се значаен дел од животот.

Интересна ситуација од тој период е еден пријател од тимот кој што беше од Малезија правеше свадба во тој период и имавме и нè повика сите. Така искусивме и ги почуствуваме традиционалните малезијски обичаи и се тоа беше на одлична локација за свадба на ресторан на врв на зграда во Куала Лумпур со фантастичен поглед.

sasho-spasovski-posetil-46-zemji-najubavite-zheni-gi-vidov-vo-liban-a-vo-gabon-begav-od-slon-05.jpeg

Дали си бил ограбен на пат?

За среќа не, освен на одмор во Шпанија во Барселона од кафе бар ми го земаа мобилниот, но за брзо време го приметив тоа и ми го вратија крадците и избегаат.

Носиш ли сувенири од земјите во кои патуваш?

Во последните 5 – 6 години собирам магнети од земјите и градовите коишто сум ги посетил, тоа ми стана интересно хоби кое што кога и да ги погледнам се потсетувам на убавите моменти од патувањата.

Исто така обожавам добро квалитетно вино, во последниве години обавезно носам вино од патувањата како колекција од земјите низ Европа. До сега имам вина од Франција, Италија, Словачка, Унгарија, Португалија, Србија, Шпанија, Литванија, Либан, Романија, Бугарија, итн.

Доколку можеш да бираш, каде би сакал да живееш?

Се надевам дека никогаш не би сакал да имам причина да ја напуштам нашата земја Македонија, тука ни е сè и ние тука уживаме по опуштен живот за разлика од други земји (не земајќи ги предвид политичките или социјалните проблеми). Како и да е јас сум авантуристички дух кој сака интеракција, сонце, позитивна енергија и спорт. Освен работа и кариера сакам да уживам во убавините на животот, бидејќи нели еднаш го живееме овој живот.

Затоа ги сакам сончевите позитивни земји како Италија, Шпанија, Грција. Како интересна замисла ми паднало на памет после 55 години мислам дека животот е поубав и некаде на плажа како Тенерифе со 365 сончеви денови во годината.

sasho-spasovski-posetil-46-zemji-najubavite-zheni-gi-vidov-vo-liban-a-vo-gabon-begav-od-slon-09.jpeg

Како ги организираш патувањата? Некој совет за оние кои сакаат да посетат далечни дестинации, но немаат храброст да се зафатат со организација?

Пред секое патување го анализирам многу добро местото читајќи МЕСТА КОИ ШТО ТРЕБА ДА ГИ ПОСЕТИТЕ од таа дестинација, заменитости коишто те интересираат, начин на живот, интересни кул локации. Наредно спуштам мапа од локацијата (во последно време од гугл мапс) како офлајн мапа за да можам и без интернет да се движам низ местата доколку немам пристап на интернет. Доколку сакаат на сопствена организација да се одлучат на патување тоа е вистинската опција за мене.

Со помош на интернет и проверени веб сајтови лесно може да се пронајде соодветен connection лет до крајната дестинација, предвремено букирање неколку месеци однапред ќе помогне за поевтина цена да се најде лет. Исто така за избор на хотел, треба добро да се проанализира локацијата, па потоа да се избере хотел за да одговара на сите околности и ваши цели на пример такси во близина (друг транспорт), пешачење наоколу, мирна околина, центарско подрачје итн. На крај има едно правило: Сè ќе биде одлично на вашите патувања сè додека слободно и навремено прашувате сè што не ви е јасно.

Која е твојата наредна дестинација?

Поради ситуацијава со коронавирус малку сме лимитирани за поголеми патувања. Покрај бизнис патувања, би сакал летово авантура до Грција Метеора, Атина и одмор на Пелопонез, на есен имам полумаратони во Прага, Амстердам, Љубљана, Београд и на тоа ќе се насочам. А посериозни патувања во план ми е Амалфи брег во Италија, Сејшелите, Тромсо Норвешка (посета на Аурора Бореалис) и Куба … и креативни слики оттаму, се разбира.

Фотки од патувањата на Сашо:

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Никола од Скопје живее во Кина: „Жените сакаат мажи од белата раса, а богатите не се фалат со парите... „Девојките сè уште ја негуваат „белата убавина“ и многу се заинте...
Скопјанката Анамарија досега посетила 24 земји: „Бали ми е најубав, камила во Египет ми легна во ску... „Мојата љубов кон патувањето потекнува од баба ми Ботка, која како дете ме вовед...
Диџеј Мац за патувањето на Сицилија: „Летавме со авион преку Тирана, видовме вулканска ерупција на С... „Во Милацо се запознавме со локален угостител кој беше пријателски настроен и ни...
Христијан Стојаноски го посети најбајковитото холандско селце: „Најубаво се доживува со бротче кое г... „Како пловевме низ каналите, така почнаа воздишките предизвикани од убавините пр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg