Оливера Ѓоревска: „Пред 3 години ги спакувавме нашите животи во неколку куфери и заминавме на Малта“

„Цените на становите вртоглаво растат од година на година, а храната е само малку поскапа од Македонија, но и да сте дојденец, ако сте посветени и сакате да работите, тогаш ќе успеете на Малта“, открива Оливера Ѓоревска.

olivera-gjorevska-pred-tri-godini-gi-spakuvavme-nashite-zivoti-vo-neokolku-kuferi I zaminavme-na-malta-01.jpg

Сè поголем е бројот на Македонци кои престојуваат и живеат на Малта. Оливера Ѓоревска е една од оние кои ја избраа оваа островска земја во Средоземното Море за свој дом.

36-годишната скопјанка, која е дипломиран економист на отсекот Бизнис администрација, заминала пред три години на Малта со сопругот и двете деца, на возраст од 7 и 4 години.

Таму се преку целата година, а на одмор доаѓаат два пати годишно во Македонија, на пролет и во зима, претежно за да му се порадуваат на снегот, затоа што на Малта никогаш нема снег. Најниската температура зимно време таму е околу 9 степени наутро.

Проговоривме со неа зошто токму Малта и како изгледа животот таму...

Во последно време живееш на релација Македонија - Малта, зошто ваква одлука? Потреба за авантура или борба за повисоки приходи и подобар живот?

Зошто токму Малта? Малта излезе сосема случајно кога еден ден сопругот го побараа на LinkedIn да работи за една од поголемите компании таму.

Малта... Што знаевме за неа? Дека се наоѓа на Средоземно Море, јужно од Италија и дека е толку мала што едвај можеш да ја најдеш на карта. Се одлучивме за ваков потег поради иднината за децата најмногу, а и за да пробаме нешто ново.

И така, по неколку месеци истражување, донесовме одлука која нè донесе 2.000 километри (односно 1.000 километри по воздушна линија) далеку од нашето семејство, пријатели, домови.

olivera-gjorevska-pred-tri-godini-gi-spakuvavme-nashite-zivoti-vo-neokolku-kuferi I zaminavme-na-malta-09.jpg

Се помиривме со сопругот дека ќе се одречеме од некои работи кои ги сакаме. Знаевме дека е тоа за наше добро, за подобро утре и за иднината на нашите деца. Знаевме дека сакаме да пробаме и дека секогаш ќе имаме каде да се вратиме.

Почнавме да се информираме на интернет за да знаеме што нè чека таму и каква е таа земја. Така дознавме дека Република Малта ја сочинуваат три острови: Малта, Комино и Гозо и дека главен град е Валета. Дознавме дека географски овој остров повеќе припаѓа на афричкиот континент, отколку на Европа.

Ја впивавме секоја информација која мислевме дека ќе ни биде од корист. И така едно априлско утро ги спакувавме нашите животи во неколку куфери и тргнавме во непознатото. И еве, по речиси три години не се покајавме. Малта и нејзиното жолтило го прифативме како наш дом.

olivera-gjorevska-pred-tri-godini-gi-spakuvavme-nashite-zivoti-vo-neokolku-kuferi I zaminavme-na-malta-18.jpg

Колку начинот на живот на Малта се разликува од оној во Македонија?

Начинот на живот тука е спор, без стрес, нормално работиш и живееш, нема свирење со автомобили како во Македонија. Сите возат смирено и никаде не се брзаат. Културата е на многу повисоко ниво. Не велам дека тука сè е совршено, но е далеку подобро.

Малта е земја каде за секој има по нешто, тоа е остров каде сè ви е на дофат и каде што ви треба половина час до час возење со градски превоз за да стигнете до посакуваната дестинација. Летно време е гужва во сообраќајот, па возењето може да потрае.

olivera-gjorevska-pred-tri-godini-gi-spakuvavme-nashite-zivoti-vo-neokolku-kuferi I zaminavme-na-malta-14.jpg

olivera-gjorevska-pred-tri-godini-gi-spakuvavme-nashite-zivoti-vo-neokolku-kuferi I zaminavme-na-malta-05.jpg

Какви се платите и животниот стандард на Малта?

Стандардот во Малта е нешто понизок за разлика од другите европски земји.

Цените на храната се нешто малку повисоки од Македонија, а цените на становите секоја година безобразно растат, па така пример за еднособен стан треба да издвоите од 500 евра, па нагоре, зависно од тоа како е опремен и на која локација се наоѓа.

Платите се движат од 700 евра за најниската плата, па нагоре. Школството и здравството се бесплатни. Образовниот систем во Малта е многу високо рангиран и се учи по британска програма.

olivera-gjorevska-pred-tri-godini-gi-spakuvavme-nashite-zivoti-vo-neokolku-kuferi I zaminavme-na-malta-11.jpg

Колку локалните жители ги прифаќаат дојденците? Дали има одредени предрасуди во поглед на распределбата на работните позиции?

Малта е мултикултурна земја, има многу луѓе од различни страни на светот кои живеат и работат тука, па така сите се одлично прифатени од локалните жители и сите убаво живеат без никакви предрасуди.

Исто така, ако вредиш и си стручен за работната позиција за која би сакал да аплицираш ќе немаш никакви пречки.

olivera-gjorevska-pred-tri-godini-gi-spakuvavme-nashite-zivoti-vo-neokolku-kuferi I zaminavme-na-malta-20.jpg

Дали ја сметаш Малта за совршена дестинација за летен одмор?

Малта е нешто кое не се опишува со зборови, туку треба да се доживее. Таа е најшарената земја. Шетајќи низ градовите ќе видите дека архитектурата не потсетува на ниту една европска земја. Има жолто-бели фасади кои даваат лик на некоја афричка дестинација.

Рестораните пак, од друга страна, имаат некоја своја приказна затоа што секаде се чувствува мирис на риба и морски плодови, сите оние вкусови на Медитеранот.

olivera-gjorevska-pred-tri-godini-gi-spakuvavme-nashite-zivoti-vo-neokolku-kuferi I zaminavme-na-malta-04.jpg

olivera-gjorevska-pred-tri-godini-gi-spakuvavme-nashite-zivoti-vo-neokolku-kuferi I zaminavme-na-malta-06.jpg

Каква забава нуди Малта?

Апсолутно секаков вид на забава, преполно е со ресторани, кафулиња, дискотеки, забави на брод, крстарења. Омилени плажи на Малта ни се „Mellieha Bay“, „Golden Bay“ и „Armier Bay“.  

Омилено место кое често знаеме да го посетиме е „Dingli cliffs“, кое е познато по својот живописен предел, недопрена природа и карпи. Тоа е највисоката точка на островот која нуди беспрекорен поглед на морето и го има најубавото зајдисонце.

olivera-gjorevska-pred-tri-godini-gi-spakuvavme-nashite-zivoti-vo-neokolku-kuferi I zaminavme-na-malta-13.jpg

olivera-gjorevska-pred-tri-godini-gi-spakuvavme-nashite-zivoti-vo-neokolku-kuferi I zaminavme-na-malta-12.jpg

olivera-gjorevska-pred-tri-godini-gi-spakuvavme-nashite-zivoti-vo-neokolku-kuferi I zaminavme-na-malta-10.jpg

olivera-gjorevska-pred-tri-godini-gi-spakuvavme-nashite-zivoti-vo-neokolku-kuferi I zaminavme-na-malta-08.jpg

olivera-gjorevska-pred-tri-godini-gi-spakuvavme-nashite-zivoti-vo-neokolku-kuferi I zaminavme-na-malta-07.jpg

olivera-gjorevska-pred-tri-godini-gi-spakuvavme-nashite-zivoti-vo-neokolku-kuferi I zaminavme-na-malta-02.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Нина (25) од Скопје за животот во Унгарија: „Дојдов сама на 18 години, но би се вратила да живеам во... „На прашањето „Дали би се вратила ли да живеам во Македонија некогаш? искрено ќе...
Милош Боев: „Работам во Нигерија како инженер - полиција со оружје ме чува 24/7, едвај се навикнав“ „И одењето во ноќен клуб е со режим за безбедност. Ми приоѓаа луѓе кои сакаат за...
Моделот Павле Николовски го посети Исланд: „Ручек во ресторан не е под 150 евра, најевтин бургер е 2... „Исланд е третата најскапа земја во светот, а цените се скоро 10 пати повисоки о...
Бев на одмор во Бари: Пиво ќе најдете и за 1,5 евра, но и комплет лежалки за 42 евра Постојат неколку начини од Скопје да се стигне до Бари - еден од нив е со авион ...
Стефан Савевски за патувањето во Јордан: „Ја посетив Петра 4 пати, за Македонците треба виза, а лока... „Невозможно е да пропаднеш во водата на Мртвото Море дури и да вложиш напор, сам...
Ивана Угриновска за патувањето во Тајланд: „Сама возев мотор низ џунгла во 3 наутро“ „Секој сака да ужива во луксузни хотели, но јас сакам да искусам многу повеќе од...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg