Драгана Стефаноска живее во Шведска: „Дојдов како бебиситерка, тука добив два сина, но државата веќе не е како порано“

„Хигиената во градот кај нас (Кристианстад) не е како некогаш. Дојдоа многу мигранти. Порано не можевте да видите отпушок од цигара надвор, а сега е ужас, како да сте во друга држава, а не во Шведска. На сите страни се слуша арапски јазик. За жал, Шведска не е како некогаш“, вели Драгана Стефаноска (42) која 24 години живее во Шведска, добила 2 сина таму и има свој бизнис.

dragana-stefanovska-zhivee-vo-shvedska-dojdov-kako-bebisiterka-ja-sretnav-ljubovta-na-zhivotot-tuka-no-zemjata-se-promeni-01.jpg

Драгана Стефаноска (42) од Скопје живее во Шведска од 2001 година. Таа отишла за да ги чува децата на нејзиниот брат, но таму останала во име на љубовта.

Денес, таа има два сина, на возраст од 16 и 20 години, и свој бизнис – клиника за третмани на тело и лице, која се вика „DS Clinic“ и моментално вели дека е една од најпознатите во Шведска од овој тип. Нејзин дом е градот Кристианстад.

Драгана често патува и на својот Инстаграм профил, каде има повеќе од 38.000 следбеници, споделува детали оттаму.

dragana-stefanovska-zhivee-vo-shvedska-dojdov-kako-bebisiterka-ja-sretnav-ljubovta-na-zhivotot-tuka-no-zemjata-se-promeni-08.jpeg

Драгана вели дека наскоро планира да понуди приватни курсеви за убавина и во Македонија, затоа што смета дека ова е една од најбрзорастечките индустрии во светот.

Курсевите би опфаќале најразлични модерни методи за убавина и ќе понудат стекнување на врвни вештини, вели таа.

Драгана се има натпреварувано и во избор „Бикини фитнес“ пред неколку години, но прекинала со бодибилдингот, иако вели дека никогаш не се знае и можеби ќе стапне на сцената повторно.

dragana-stefanovska-zhivee-vo-shvedska-dojdov-kako-bebisiterka-ja-sretnav-ljubovta-na-zhivotot-tuka-no-zemjata-se-promeni-29.jpg

dragana-stefanovska-zhivee-vo-shvedska-dojdov-kako-bebisiterka-ja-sretnav-ljubovta-na-zhivotot-tuka-no-zemjata-se-promeni-001.jpg

За CRNOBELO.com таа ни доловува како изгледа животот во Шведска:

Зошто токму Шведска? Од каде оваа идеја и колку години живееш таму?

Дојдов во 2001 година во Шведска како дадилка, за да ги чувам децата на брат ми.

Но, тука останав да живеам поради љубовта.

dragana-stefanovska-zhivee-vo-shvedska-dojdov-kako-bebisiterka-ja-sretnav-ljubovta-na-zhivotot-tuka-no-zemjata-se-promeni-04.jpeg

Се снајде ли лесно на поле кариера? Колку е тешко да се успее таму?

Успех може секој да постигне – само ако сака. Јас сум таква личност што никогаш не сум задоволна со кариерата и тоа прави да се ангажирам уште повеќе и да постигнувам сè повеќе.

dragana-stefanovska-zhivee-vo-shvedska-dojdov-kako-bebisiterka-ja-sretnav-ljubovta-na-zhivotot-tuka-no-zemjata-se-promeni-20.jpg

Те прифатија ли добро локалците? Колку имаш пријатели Швеѓани?

Пријатели имам од секоја нација, но тука секој повеќе е фокусиран на својот дом, семејство и кариера.

dragana-stefanovska-zhivee-vo-shvedska-dojdov-kako-bebisiterka-ja-sretnav-ljubovta-na-zhivotot-tuka-no-zemjata-se-promeni-02.jpg

Тешки ли се во периоди од годината студените зими и мрачните денови?

Кратките и мрачни денови се најтешки и здодевни. Тоа трае од почетокот на декември, па до средината на јануари.

Климата е променета, не е како некогаш да има многу, многу снег и да е 15 Целзиусови степени под нулата.

Тука е преубаво во периодот околу Нова година, кога сè е накитено и атмосферата е сосема поинаква.

Но, кога станува збор за другите празници кои ги славиме во Македонија, тука кога ги славиме не е иста атмосферата.

dragana-stefanovska-zhivee-vo-shvedska-dojdov-kako-bebisiterka-ja-sretnav-ljubovta-na-zhivotot-tuka-no-zemjata-se-promeni-07.jpeg

Има ли многу Македонци? Се дружите ли?

Со годините како да стануваме сè поладни и подалечни. Јас мислам дека секаде во светот е така, па дури и во Македонија.

Не е исто дружењето како порано, не е иста близината. Македонци, Швеѓани или други нации, без разлика.

Некогаш било Македонец со Македонец, денес ситуацијата е таква што треба да бидеш среќен ако пронајдеш една „нормална“ личност за пријателка/другарка.

За жал, сè е променето.

dragana-stefanovska-zhivee-vo-shvedska-dojdov-kako-bebisiterka-ja-sretnav-ljubovta-na-zhivotot-tuka-no-zemjata-se-promeni-23.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Нина (25) од Скопје за животот во Унгарија: „Дојдов сама на 18 години, но би се вратила да живеам во... „На прашањето „Дали би се вратила ли да живеам во Македонија некогаш? искрено ќе...
Милош Боев: „Работам во Нигерија како инженер - полиција со оружје ме чува 24/7, едвај се навикнав“ „И одењето во ноќен клуб е со режим за безбедност. Ми приоѓаа луѓе кои сакаат за...
Бојана од Скопје се пресели во Хрватска во име на љубовта: „Сопругот е авиомеханичар, ми го има спас... „Колку жени можат да кажат дека нивниот сопруг го жртвувал сопствениот живот за ...
Тиана од Скопје: „Со сопругот Швеѓанец се запознавме на одмор на Родос и сега Шведска ми е дом“ „Се запознав со Патрик пред речиси 15 години на островот Родос во Грција. Обично...
Кјара Гоља 9 години живее на Нов Зеланд: „Сè уште се привикнувам, ми фалат блиските, бурек и јогурт“ „Ноќниот живот тука е многу 'ослабен' по ковидот. Локалците пијат дома пред изле...
Диџеј Мац за патувањето на Сицилија: „Летавме со авион преку Тирана, видовме вулканска ерупција на С... „Во Милацо се запознавме со локален угостител кој беше пријателски настроен и ни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg