Марко Марк го посети Њујорк: „Градот е спектакуларен, овошјето има вештачки вкус, билет за Бродвеј е и до 300$“

Сите заедно отидовме во градската библиотека на Њујорк (а која многумина ќе ја препознаат од филмовите снимени таму, меѓу кои и Day After Tomorrow).

Оваа градба импонира со својата големина и со изгледот.

И иако е во центарот на градот, штом ќе влезете внатре, сфаќате дека тука владее вистински мир, тишина и спокој - сосема спротивно на градската галама.

marko-mark-go-poseti-njujork-gradot-e-spektakularen-ovoshjeto-ima-veshtachki-vkus-bilet-za-brodvej-e-i-do-300-94.jpg

Оттаму, се упативме кон Рокфелер центарот, каде што се наоѓа најпознатата новогодишна елка во светот.

Билјана со себе носеше какао, па таму, пред елката, сите пиевме топло какао и, иако имаше стотици луѓе, се чувствував како да сме сами.

marko-mark-go-poseti-njujork-gradot-e-spektakularen-ovoshjeto-ima-veshtachki-vkus-bilet-za-brodvej-e-i-do-300-05.jpg

На 24-ти декември (односно Бадник) решивме дека ќе го посетиме Централ парк.

Но, ноќта во Њујорк и околината падна многу снег, па додека ја гледавме утринската програма на Good Morning America, водителот рече: „Уживајте во белиот Централ парк, првпат по 2009 година побеле за Божиќ“.

Снегот го направи паркот уште помагичен, беше како вистинска зимска идила.

marko-mark-go-poseti-njujork-gradot-e-spektakularen-ovoshjeto-ima-veshtachki-vkus-bilet-za-brodvej-e-i-do-300-79.jpg

Ми се чини дека како што чекоревме низ паркот, така препознавав места кои сум ги видел на филмови, меѓу кои и локации од Home Alone.

Додека шетавме низ паркот, наидовме на ситуација каде што момче клекна на колено и ја запроси својата девојка на едно од мовчињата низ паркот.

Од Централ парк се упативме кон Upper East Side и хотелот Plaza, каде што е снимен голем дел од филмот Home Alone 2.

marko-mark-go-poseti-njujork-gradot-e-spektakularen-ovoshjeto-ima-veshtachki-vkus-bilet-za-brodvej-e-i-do-300-132.jpg

Во деновите што следеа, мислам дека нозе нè болеа од пешачење.

Ги прошетавме сите големи авении, но и улици низ центарот на Њујорк - почнавме од првата улица и завршивме со 82-та.

А таму се наоѓа музејот Metropoliten, каде што се одржува познатата Мет Гала.

marko-mark-go-poseti-njujork-gradot-e-spektakularen-ovoshjeto-ima-veshtachki-vkus-bilet-za-brodvej-e-i-do-300-110.jpg

Тука е и зградата во која е сместен апартманот на Кери и Ѕверката од филмовите Sex and The City.

Велат, во овој дел од градот „се парите“ и тука живеат старите њујорчани.

Тука се чувствува поинаква вибрација во градот.

marko-mark-go-poseti-njujork-gradot-e-spektakularen-ovoshjeto-ima-veshtachki-vkus-bilet-za-brodvej-e-i-do-300-109.jpg

Тука е и централната железничка станица, истата онаа која ја има во најавната шпица и првата епизода на Gossip Girl.

Го посетивме и стариот музеј на Њујорк, па тука може да се види историјата на градот, од староседелците и првиот градоначалник и да се види каква еволуција се случила до денес.

marko-mark-go-poseti-njujork-gradot-e-spektakularen-ovoshjeto-ima-veshtachki-vkus-bilet-za-brodvej-e-i-do-300-120.jpg

Додека бевме во Њујорк решивме да посетиме и едно од шоуата на Бродвеј.

Таму се играат претстави секоја вечер (во некои театри има и по 2-3 претстави на ден), а билетите, искрено, се скапии варираат од 50$ до 300$.

Но, постојат интернет апликации преку кои може да се купат за многу поевтина цена.

marko-mark-go-poseti-njujork-gradot-e-spektakularen-ovoshjeto-ima-veshtachki-vkus-bilet-za-brodvej-e-i-do-300-51.jpg

Сите велат дека ако си во Њујорк, мора да посетиш барем една претстава на Бродвеј.

Ние го гледавме продолжението за Хари Потер, односно приказна за неговиот живот кога волшебникот е веќе возрасен и има деца, а се вика Harry Potter and the Cursed Child.

marko-mark-go-poseti-njujork-gradot-e-spektakularen-ovoshjeto-ima-veshtachki-vkus-bilet-za-brodvej-e-i-do-300-33.jpg

Иако бев скептичен дали да одиме на шоуто Christmas Rockets, од овој аспект воопшто не се каам, бидејќи навистина беше спектакуларно.

Станува збор за шоу што игра од 30-тите години на минатиот век.

Сите танчарки, околу 40-50, се девојки со иста висина, тежина, и цело време играат во ист ритам, без отстапки - и е фасцинантно.

Аудициите за влез во ансамблот се одржуваат секој февруари, а самата аудиција е огромен предизвик и не секоја девојка може да ја помине.

Во минатото сите девојки биле бели и потсетувале една на друга, но од пред 4-5 години веќе во клапата почнале да примаат и азијатки и црнкинки.

Шоуто трае околу час и половина, и исто како на сè друго на Бродвеј, и тука е забрането да се фотографира - ако ве фатат дека снимате или фоткате, може и да ве избркаат.

marko-mark-go-poseti-njujork-gradot-e-spektakularen-ovoshjeto-ima-veshtachki-vkus-bilet-za-brodvej-e-i-do-300-107.jpg

Продолжува на следната страница...


Би можело да ве интересира:

Ивана Угриновска за патувањето во Тајланд: „Сама возев мотор низ џунгла во 3 наутро“ „Секој сака да ужива во луксузни хотели, но јас сакам да искусам многу повеќе од...
Бев на одмор во Бари: Пиво ќе најдете и за 1,5 евра, но и комплет лежалки за 42 евра Постојат неколку начини од Скопје да се стигне до Бари - еден од нив е со авион ...
Нина (25) од Скопје за животот во Унгарија: „Дојдов сама на 18 години, но би се вратила да живеам во... „На прашањето „Дали би се вратила ли да живеам во Македонија некогаш? искрено ќе...
Милош Боев: „Работам во Нигерија како инженер - полиција со оружје ме чува 24/7, едвај се навикнав“ „И одењето во ноќен клуб е со режим за безбедност. Ми приоѓаа луѓе кои сакаат за...
Моделот Павле Николовски го посети Исланд: „Ручек во ресторан не е под 150 евра, најевтин бургер е 2... „Исланд е третата најскапа земја во светот, а цените се скоро 10 пати повисоки о...
Велешанката Стефани го посети Бразил: „Лежалките на Копакабана се бесплатни, во Рио е поевтино откол... „Во Рио резервиравме хостел, кој беше на околу 3 минути пешки од Копакабана...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg