Марко Марк го посети Њујорк: „Градот е спектакуларен, овошјето има вештачки вкус, билет за Бродвеј е и до 300$“

„Како што чекорев низ Централ парк, препознавав локации од Home Alone, а видов и момче кое клекна на колено и ја запроси својата девојка“ - водителот Марко Марк помина 2 недели во Њујорк за време на новогодишните празници и уживаше во магијата на градот кој никогаш не спие... 

marko-mark-go-poseti-njujork-gradot-e-spektakularen-ovoshjeto-ima-veshtachki-vkus-bilet-za-brodvej-e-i-do-300-01.jpg

Некои патувања и дестинации се сонуваат од детските денови, а кога ќе се исполнат, среќата е неизмерна.

А токму тоа го доживеа нашиот познат водител Марко Марк, кој новогодишните празници ги помина во Њујорк - една од неговите омилени дестинации.

marko-mark-go-poseti-njujork-gradot-e-spektakularen-ovoshjeto-ima-veshtachki-vkus-bilet-za-brodvej-e-i-do-300-62_copy_copy.jpg

Ова е прво патување на Марко во Њујорк. Тој не крие дека градот го фасцинирал и со својот дух и со архитектурата, но од друга страна тука се и работите кои го разочарале - преголемата гужва, галамата, постојаното брзање некаде, па поради тоа, вели, никогаш не би можел да живее таму.

Марко помина 2 недели во САД и во тоа време виде многу делови од Њујорк и уживаше во неговата празнична магија, но многу работи, вели, останале за следниот пат кога ќе го посети градот кој никогаш не спие.

marko-mark-go-poseti-njujork-gradot-e-spektakularen-ovoshjeto-ima-veshtachki-vkus-bilet-za-brodvej-e-i-do-300-55.jpg

За своето празнично патување, тој раскажа за CRNOBELO.com:

„За виза аплицирав уште пред неколку години, па само го чекав моментот кога би отишол.

Уште од најрана возраст имав желба да го посетам Њујорк, а многумина ми велеа дека најубаво ќе го доживеам околу новогодишните и божиќните празници.

Таму бевме околу 2 недели, а пристигнавме на 22 декември, неколку дена пред католичкиот Божиќ.

marko-mark-go-poseti-njujork-gradot-e-spektakularen-ovoshjeto-ima-veshtachki-vkus-bilet-za-brodvej-e-i-do-300-06.jpg

Бевме сместени во Хобокен, град во државата Њу Џерси, од кој многу брзо и лесно се стигнува во Њујорк.

Интересно е што ова е родниот град на феноменалниот Френк Синатра, па голем број улици, паркчиња, мали плоштади го носат неговото име, а има и негова статуа, која е поставена пред неколку години од страна на неговото семејство.

marko-mark-go-poseti-njujork-gradot-e-spektakularen-ovoshjeto-ima-veshtachki-vkus-bilet-za-brodvej-e-i-do-300-141.jpg

Ова е индустриско гратче во кое се наоѓа првиот технолошки универзитет отворен во САД.

Хобокен потсетува на многу европски градови во Холандија или Германија, а причината за ова е што првпат бил населен во 17-18 век, и тоа од страна на Европејците.

marko-mark-go-poseti-njujork-gradot-e-spektakularen-ovoshjeto-ima-veshtachki-vkus-bilet-za-brodvej-e-i-do-300-136.jpg

На околу 7-8 минути пешачење од станот во кој бевме сместени се наоѓа главната станица во градот, каде што има и автобуси, но и фериброди кои одат до околните островчиња - Стантен Ајланд, Елис Ајланд, до Статуата на слободата, но и до Њујорк.

Тука има и метро кое оди под вода (path), односно низ реката Хадсон и води од Хобокен до Њујорк.

marko-mark-go-poseti-njujork-gradot-e-spektakularen-ovoshjeto-ima-veshtachki-vkus-bilet-za-brodvej-e-i-do-300-04.jpg

По 4-5 станици веќе стигнувате во градот и една од првите станици е улицата Кристофер, каде што е снимен дел од серијата Sex And The City, односно тука се наоѓа апартманот и улицата во која „живее“ Кери Бредшо.

marko-mark-go-poseti-njujork-gradot-e-spektakularen-ovoshjeto-ima-veshtachki-vkus-bilet-za-brodvej-e-i-do-300-111_copy.jpg

Оттука, се оди до 33-та улица, каде што е последната станица на оваа метро линија.

Кога стигнавме во Њујорк не знаевме дека од метрото на 33-та улица, всушност, излегувате во срцето на светот, односно во центарот на Големото јаболко.

Се сеќавам, како со ексалаторот од метрото излегувавме на улицата, првото нешто што го видовме пред нас кога кренавме поглед беше Emipre State Building.

marko-mark-go-poseti-njujork-gradot-e-spektakularen-ovoshjeto-ima-veshtachki-vkus-bilet-za-brodvej-e-i-do-300-07.jpg

Како погледнавме наоколу, од левата страна беше познатиот трговски центар Macey’s и Times Square.

Центарот на градот е поделен на улици и авении и така е убаво структуриран, што нема шанса да се загубите.

marko-mark-go-poseti-njujork-gradot-e-spektakularen-ovoshjeto-ima-veshtachki-vkus-bilet-za-brodvej-e-i-do-300-115.jpg

Освен преубавата глетка пред нас, како што излеговме од метрото, нè начека и голема гужва и врвулица од туристи.

Нашиот домаќин, односно мојот пријател од факултетските денови, Мартин, кој пред неколку години се пресели од Македонија во САД, ни кажа дека во овој период од годината њујорчани избираат да заминат некаде и луѓето низ градот се претежно туристи.

marko-mark-go-poseti-njujork-gradot-e-spektakularen-ovoshjeto-ima-veshtachki-vkus-bilet-za-brodvej-e-i-do-300-116.jpg

Мислам дека во тој дел од градот може да се слушнат сите светски јазици, а тој карамбол од луѓе, искрено, не ми годеше, правеше да се чувствувам неубаво и ми фалеше мир, но по некое време сфаќаш дека градот е постојано таков - никогаш не спие, некој некаде брза, полн е со туристи.

Ама, од друга страна, по некое време почнувате да го игнорирате и го занемарувате, затоа што се восхитувате на самиот град, неговиот космополитизам алтруизам, широчина со сите огромни облакодери.

marko-mark-go-poseti-njujork-gradot-e-spektakularen-ovoshjeto-ima-veshtachki-vkus-bilet-za-brodvej-e-i-do-300-15.jpg

Првиот ден кога дојдовме во САД, нè пречека Мартин кој веќе 10-ина години живее во Хобокен, а со кого студиравме и почнавме заедно да работиме како новинари во Македонија.

Со него отидовме на средба со Билјана Ѓорѓиовска, наша модна дизајнерка која го имаше брендот „Билиа“, а која исто така десетина години е во САД со семејството, па тоа беше една убава, пријатна средба на стари пријатели.  

marko-mark-go-poseti-njujork-gradot-e-spektakularen-ovoshjeto-ima-veshtachki-vkus-bilet-za-brodvej-e-i-do-300-117.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Ивана Угриновска за патувањето во Тајланд: „Сама возев мотор низ џунгла во 3 наутро“ „Секој сака да ужива во луксузни хотели, но јас сакам да искусам многу повеќе од...
Бев на одмор во Бари: Пиво ќе најдете и за 1,5 евра, но и комплет лежалки за 42 евра Постојат неколку начини од Скопје да се стигне до Бари - еден од нив е со авион ...
Нина (25) од Скопје за животот во Унгарија: „Дојдов сама на 18 години, но би се вратила да живеам во... „На прашањето „Дали би се вратила ли да живеам во Македонија некогаш? искрено ќе...
Милош Боев: „Работам во Нигерија како инженер - полиција со оружје ме чува 24/7, едвај се навикнав“ „И одењето во ноќен клуб е со режим за безбедност. Ми приоѓаа луѓе кои сакаат за...
Моделот Павле Николовски го посети Исланд: „Ручек во ресторан не е под 150 евра, најевтин бургер е 2... „Исланд е третата најскапа земја во светот, а цените се скоро 10 пати повисоки о...
Велешанката Стефани го посети Бразил: „Лежалките на Копакабана се бесплатни, во Рио е поевтино откол... „Во Рио резервиравме хостел, кој беше на околу 3 минути пешки од Копакабана...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg