Диџеј Мац за патувањето на Сицилија: „Летавме со авион преку Тирана, видовме вулканска ерупција на Стромболи“
Додека бевме во Таормина, го посетивме и грчкиот амфитеатар, кој датира од 3-иот век пред нашата ера.
Освен ова, во близина на Таормина може да се посетат и чистите плажи со бистра вода, кои имаат и одлична храна.
По двата дена во Таормина, се упативме кон Милацо, каде што, исто така, престојувавме два дена.
Главната причина за ова беше крстарењето со брод до Еолските Острови - Стромболи и Панареа.
Тоа што најмногу нè воодушеви во Панареа беше фактот што островот целосно потсетува на грчкиот Санторини - бели вили со сини кровови, врати и прозорци... многу локални дуќанчиња, бутици, а секако, имаше избор од неколку добри ресторанчиња со вкусна храна.
Потоа следеше посетата на Стромболи - тука нè воoдушеви црната плажа на која песокот и каменот беа црни.
Ова е поради активниот вулкан, кој се наоѓа на планината Стромболи.
Тука имавме можност да видиме и мала вулканска ерупција.
При посетата на Милацо имавме можност да се запознаеме со локален угостител кој беше пријателски настроен и сподели со нас некои информации околу сицилијанската мафија и нивната организациска структура.
Од него слушнавме приказни за нивниот начин на живот и функционирање, но фала му на Бога, ништо непријатно не искусивме на наша кожа.
Напротив, секаде се чувствувавме доста пријатно и безбедно.