Скопјанката Анамарија досега посетила 24 земји: „Бали ми е најубав, камила во Египет ми легна во скут“

Би рекла дека најубавите плажи што ги видов беа на Малдиви, особено плажите на ресортите, каде водата е кристално чиста.

Малдиви имаат скоро 1.200 острови, а ние посетивме неколку од нив.

Посебно во сеќавање ми остана едно малечко островче каде што бевме само јас, сопругот и фотографот.

Беше неверојатно – ситен песок, пречиста вода и можеше да се види сè под површината. Тоа беше вистинска уживанција.

skopjankata-anamarija-dosega-posetila-24-zemji-bali-mi-e-najubav-kamila-vo-egipet-mi-legna-vo-skut-i-ne-sakashe-da-stane-23.jpg

skopjankata-anamarija-dosega-posetila-24-zemji-bali-mi-e-najubav-kamila-vo-egipet-mi-legna-vo-skut-i-ne-sakashe-da-stane-15.jpg

Инаку, на патување не тргнувам без телефон, слушалки, пасош, патничко осигурување, фотоапарат и паричник - ова се моите must haves.

Колку време ми треба да се спакувам зависи од типот на одморот.

За секој ден обично си планирам што ќе носам, едно за преку ден и едно парче или комбинација за вечерта, бидејќи често многу пешачиме.

skopjankata-anamarija-dosega-posetila-24-zemji-bali-mi-e-najubav-kamila-vo-egipet-mi-legna-vo-skut-i-ne-sakashe-da-stane-27.jpg

skopjankata-anamarija-dosega-posetila-24-zemji-bali-mi-e-najubav-kamila-vo-egipet-mi-legna-vo-skut-i-ne-sakashe-da-stane-32.jpg

Не ми е мака да изберам облека за да имам различен стајлинг на фотографиите.

Интересно ми е и уживам да креирам различни изгледи кои одговараат на мојот личен стил и вкус.

skopjankata-anamarija-dosega-posetila-24-zemji-bali-mi-e-najubav-kamila-vo-egipet-mi-legna-vo-skut-i-ne-sakashe-da-stane-45.jpg

skopjankata-anamarija-dosega-posetila-24-zemji-bali-mi-e-najubav-kamila-vo-egipet-mi-legna-vo-skut-i-ne-sakashe-da-stane-49.jpg

Обично се инспирирам од дестинациите што ги посетувам и од околината во која се наоѓам.

Моите облеки не се прескапи и не сакам да инвестирам во скапа облека.

Повеќе внимание посветувам на чанти и патики, бидејќи сметам дека тие се подолготрајни.

skopjankata-anamarija-dosega-posetila-24-zemji-bali-mi-e-najubav-kamila-vo-egipet-mi-legna-vo-skut-i-ne-sakashe-da-stane-47.jpg

skopjankata-anamarija-dosega-posetila-24-zemji-bali-mi-e-najubav-kamila-vo-egipet-mi-legna-vo-skut-i-ne-sakashe-da-stane-53.jpg

Се трудам да комбинирам веќе постоечка облека со неколку нови парчиња.

Не губам многу време во барање на што да носам, но поминувам време во истражување каде следно ќе патувам.

skopjankata-anamarija-dosega-posetila-24-zemji-bali-mi-e-najubav-kamila-vo-egipet-mi-legna-vo-skut-i-ne-sakashe-da-stane-42.jpg

skopjankata-anamarija-dosega-posetila-24-zemji-bali-mi-e-najubav-kamila-vo-egipet-mi-legna-vo-skut-i-ne-sakashe-da-stane-14.jpg

Лично, не се разочарувам ако фотографиите не се какви што ги замислувам.

Мојот сопруг е многу стрплив и ми прави прекрасни слики, па ретко добивам лоши фотографии.

skopjankata-anamarija-dosega-posetila-24-zemji-bali-mi-e-najubav-kamila-vo-egipet-mi-legna-vo-skut-i-ne-sakashe-da-stane-17.jpg

skopjankata-anamarija-dosega-posetila-24-zemji-bali-mi-e-najubav-kamila-vo-egipet-mi-legna-vo-skut-i-ne-sakashe-da-stane-24.jpg

За мене е важно да ги споделам убавините со пријателите, и понекогаш тоа може да биде предизвик кога треба да ги одберам најдобрите слики.

Моето задоволство не зависи од сликите, туку од можноста да патувам, да ги видам различните култури, да ги искусам сите убави моменти со личноста која ја сакам и да се радувам на секој момент од моите патувања.

skopjankata-anamarija-dosega-posetila-24-zemji-bali-mi-e-najubav-kamila-vo-egipet-mi-legna-vo-skut-i-ne-sakashe-da-stane-10.jpg

skopjankata-anamarija-dosega-posetila-24-zemji-bali-mi-e-najubav-kamila-vo-egipet-mi-legna-vo-skut-i-ne-sakashe-da-stane-12.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Антонио Димоски живее на Бали: „Луѓето се многу фини и добри, но сообраќајот е хаос“ Антонио Димоски од Охрид е фриленсер во областа на човечки ресурси и дигитален м...
„Бев на борба со бикови во Севиља, Малага ги има најубавите зајдисонца“: Боро од Скопје за посетата ... „Без разлика дали ги сакате или мразите, борбите со бикови во Шпанија се многу п...
Христијан Стојаноски го посети најбајковитото холандско селце: „Најубаво се доживува со бротче кое г... „Како пловевме низ каналите, така почнаа воздишките предизвикани од убавините пр...
Стефан Димитриевски, патувачки фотограф: „На Шар Планина го фотографирав најубавото изгрејсонце“ Стефан Димитриевски е од оние млади луѓе кој не оди никаде без својот фотоапарат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg