Скопјанката Анамарија досега посетила 24 земји: „Бали ми е најубав, камила во Египет ми легна во скут“
Се разочарав од една работа во Бали, а тоа е дека локалците не можат да си ги дозволат убавините на островот како што можат туристите.
Многу работници во Индонезија работат шест дена во неделата, а платите им се ниски, околу 12.000 денари месечно.
Но сепак е добро што ваквите услови не ја намалуваат нивната среќа и благодарност за она што го имаат“.
За најсилниот впечаток што ѝ го оставиле земјите што ги посетила, но и за тоа дали имала непријатни искуства, Анамарија вели:
„Во Швајцарија ме воодушеви нивниот прецизен систем, каде сè беше точно до минута, возовите и целиот јавен превоз секогаш беа точни.
Со воз патувавме до Сант Мориц каде уживавме во преубавите зимски глетки.
Санторини ми се допадна со своите бели градби и прекрасни пејзажи. Храната и глетките беа неверојатни.
Во Амстердам, ми се допадна организацијата на сообраќајот и здравиот живот кој го живеат локалците.
Она што ме воодушевува најмногу на патувањата се луѓето и животните.
На пример, на Бали бев фасцинирана од културата и топлината на луѓето.
Во Египет имав посебно искуство со една камила. Додека ја галев камилата, таа ми легна во скут и не сакаше да стане.
Сопственикот ми рече дека камилата не сака да се одвои од мене бидејќи имам многу добро срце. Тој постојано повторуваше good heart, good heart, што беше толку симпатично и трогателно.
Тоа беше многу топол момент кој го паметам засекогаш.
За среќа, не сум имала непријатни искуства на патувањата.
Се прилагодувам на местото каде што сум и разбирам дека сум во друга, поразлична држава.
Се обидувам да ги почитувам нивните закони и правила.
Кога патувам, често планирам однапред каде ќе одам и гуглам интересни информации за местото уште пред да го посетам.
Кога ќе стигнам, обожавам да зборувам со локалците и да ги прашувам за нивни препораки што да посетам или што да пробам.
Сепак, кога ќе заврши моето детално планирање, оставам малку простор за авантури, како на пример да пробам ново јадење или да се изгубам во некоја уличка.
Така, секое патување е комбинација од сигурност и спонтаност.
Цената на патувањата зависи од бројот на денови, избраната дестинација и сезоната.
На пример, за посета на Малдиви може да бидат доволни околу 1500 евра по човек, додека за Бали, каде патувавме во наша организација, излегуваше повеќе, околу 2000 евра по човек само за патување и сместување.
Верувам дека патувањето може да биде поевтино ако се оди со група.