Ивана и Ману патуваа низ Патагонија со велосипед: „Поминавме 2.460km за 2 месеца, носевме по 25kg багаж“
Тука може да го завршиме разговорот, што да очекуваме во следните неколку недели?
Ова патување беше без план, на почетокот само да се испробаме до каде може да стигнеме со велосипед, како некој личен предизвик.
Искрено, првите денови кога почнавме да возиме барем за мене изгледаше невозможно да се стигне до Ушуаија – далеку, бавно, ама со цврста психа и секојдневно возење и подобрување на физичката способност успеавме да стигнеме пред некој ден до Ушуаија.
Возевме скоро 2 месеца, 2.460 километри и имавме многу предизвици. Кога се најдовме во Ушуаија, бев пресреќна и горда што иако беше тешко, стигнавме до знакот на кој пишуваше Крај на светот – Ушуаија.
Сега сè уште сме во Аргентина, организиравме средби со стари пријатели после 10 години со кои делевме месеци на Миконос кога работевме таму.
Сега ќе поминеме неколку дена со нив, а за подоцна сè уште не знаеме каде и како. Размислуваме да останеме на овој континент, ама сè уште немаме одлучено. Но, знаеме дека велосипедите ќе си ги земеме со нас.
© CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Е. Х. | Црнобело