Ивана и Ману патуваа низ Патагонија со велосипед: „Поминавме 2.460km за 2 месеца, носевме по 25kg багаж“

„Почнавме од Чиле. Сакав да се откажам уште од првиот ден. Знаевме дека ќе биде тешко, ама, искрено јас не знаев дека ќе биде до толку тешко“, раскажува Ивана од Македонија за патувањето со Шпанецот Ману низ Патагонија, и тоа со велосипед.

ivana-i-manu-patuvaa-niz-patagonija-so-velosiped-pominavme-2-460km-za-2-pomalku-od-meseca-01.jpg

Ивана од Македонија и Ману од Шпанија, на многумина познати како Around Gaia неодамна се впуштија во ново патешествие низ Патагонија. Овој пат, наместо со мотор или комбе, одлучија да патуваат со велосипед.

Нивната одлука да го истражуваат овој оддалечен дел на светот подразбира физичка и психичка подготвеност, но и можност да се доживее нешто што со коешто многу мал број луѓе можат да се пофалат.

Во продолжение следува разговор со Ивана, која со нас ги споделува највпечатливите моменти од патувањето:

Пред неколку години го пропатувавте светот со мотор, по што следуваше подолга пауза... И еве, пред неколку недели летавте до Чиле и ја започнавте вашата нова авантура во Патагонија, но овој пат со велосипеди. Какво е чувството повторно да им се вратите на отворените патишта?

По неколку години пауза, пак се вративме на нашите патувања. Имавме неколку обиди да патуваме со комбе, со ленд ровер, мотори, па пак со коли кои не траеја долго – некои поради здравствени причини, други заради корона...

Сега, кога сите коцки се наредија, одлучивме брзо и без многу размислување да заминеме на патување низ Патагонија со велосипед.  

ivana i manu za patuvanjeto niz patagonija so tocak izvozrvme 2460 km za skoro dva meseci a za vakvo patuvanje mora da si fizicki i psihicki podgotven 13

До неодамна со мотор и комбе, а сега на велосипед. Што сè со себе носи ова ново искуство?

Патувањето со велосипед пред сè бара малку физичка спремност, а ако ја немаш, првите денови и километри ќе бидат тешки и напорни.  Покрај физичката спремност, ваков вид патување бара и јака психа.

Треба да знаеш да прифатиш тешки временски услови, планински предели и угорници, патишта низ планини и неасфалтиран пат и возење многу малку километри дневно.

Патување со велосипед бара да знаеш да се адаптираш и да живееш од ден за ден.

ivana i manu za patuvanjeto niz patagonija so tocak izvozrvme 2460 km za skoro dva meseci a za vakvo patuvanje mora da si fizicki i psihicki podgotven 17

Која ви е маршрутата на ова патување?

Патувањето го почнавме од Чиле, велосипедите ги купивме во градот Консепсион и почнавме да возиме од Порто Октај.

Немавме буквално никаков план, сакавме да ја извозевме до каде ќе можеме и да ја издржиме Патагонија. Знаевме дека ќе биде тешко, ама, искрено јас не знаев дека ќе биде до толку тешко.

Уште од првиот ден сакав да се откажам, ама си давав можност во следните денови. И така, пополека почнавме да ја возиме Патагонија од страната на Чиле по познатата рута, Carretera Austral.

Потоа ги преминавме Андите и поминавме на страна на Аргентина, преку Рута 41 и Рута 40 во правец на југ, до најјужната точка Ушуаија.

ivana i manu za patuvanjeto niz patagonija so tocak izvozrvme 2460 km za skoro dva meseci a za vakvo patuvanje mora da si fizicki i psihicki podgotven 16

Како ги поминувавте деновите на адаптација? Како го издржувавте возење по нагорнини и долгите патишта?

Првите две недели беа многу тешки. Carretera Austral е всушност цело време планини, угорници и неасфалтирани патишта. Дождлив предел, со езера, реки и фјордови. Зеленило и преубава природа.

Јас пред да патувавме вежбав неколку часа спининг, ама час по спининг воопшто не е слично со патување со багаж тежок 25 килограми, со ветер, дожд и сонце низ Патагонија.

Првите две недели е адаптација на телото и мозокот. Ману немаше многу проблеми со издржливост, проблематична бев јас. Многу често се откажував и пак продолжував.   

ivana i manu za patuvanjeto niz patagonija so tocak izvozrvme 2460 km za skoro dva meseci a za vakvo patuvanje mora da si fizicki i psihicki podgotven 12

Од она што може да забележам, скоро секогаш сте во добро расположение на вашите патувања, без многу да брзате и да ги планирате работите. Какви можности ви се отвораат додека сте во ваков „мајндсет“?

Точно така, тоа ни е стилот на патувањето. Без план и брзање и ден за ден. Со велосипед се покриваат помалку километри дневно, патувањето е поспоро, но затоа имаме повеќе контакт со природата и луѓето.

Убавината е во тоа што секојдневно запознаваме луѓе кои патуваат со мотор, делиме храна, искуства и по некој километар.

Во овој дел од Патагонија, сите кои патуваат јужно ја имаат истата цел – Ушуаија. Секој со свое темпо на патување.

ivana i manu za patuvanjeto niz patagonija so tocak izvozrvme 2460 km za skoro dva meseci a za vakvo patuvanje mora da si fizicki i psihicki podgotven 11

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Нина (25) од Скопје за животот во Унгарија: „Дојдов сама на 18 години, но би се вратила да живеам во... „На прашањето „Дали би се вратила ли да живеам во Македонија некогаш? искрено ќе...
Стефан Савевски за патувањето во Јордан: „Ја посетив Петра 4 пати, за Македонците треба виза, а лока... „Невозможно е да пропаднеш во водата на Мртвото Море дури и да вложиш напор, сам...
Моделот Павле Николовски го посети Исланд: „Ручек во ресторан не е под 150 евра, најевтин бургер е 2... „Исланд е третата најскапа земја во светот, а цените се скоро 10 пати повисоки о...
Ивана Угриновска за патувањето во Тајланд: „Сама возев мотор низ џунгла во 3 наутро“ „Секој сака да ужива во луксузни хотели, но јас сакам да искусам многу повеќе од...
Владимир од Скопје патува низ светот: „Скокав од авион во Дубаи, најевтино е во Јордан, а најскапо в... За CRNOBELO.com, Владимир од Скопје вели дека најдобра храна вкусил во Мексико, ...
Теона Манго го посети Мексико: „Тулум е рај, а локалците се фини, но знаат да лажат за да ти земат п... „Тулум е еден одличен спој на одмор и забава. Ова е место каде што можете рано н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg