Андреа Јосифова за зимскиот одмор на Тенерифе: „Беше 25°C, идеално е за со деца“
Поради големите бранови, многу е застапено и сурфањето, што го прави островот поволен за голем број водни активности.
Посета на плантажи со банани кои се буквално насекаде околу вас, тури за гледање на делфини и пливање со водни желки се само дел од авантурите кои ги нуди островот.
Неминовно е да се посети Лоро Парк - зоолошка која е прогласена за најдобрата во светот и Сиам Парк - воден парк кој исто така е прогласен како најдобар во светот.
Кога го гледате разбранетиот океан, добивате чувство на слобода, не се опишува со зборови, едноставно мора да се доживее. Погодно е и за капење иако водата е околу 20 степени тој период и е посвежа, но, многу туристи и локалци сепак се капат.
Тенерифе годишно го посетуваат околу 5 милиони туристи. Туризмот е развиен преку цела година и затоа овде секогаш е сезона. Убедливо најмногу туристи има од Обединетото Кралство.
Во кои локални специјалитети уживавте?
Храната е неизоставен дел од секое наше патување и, секако, мораше да пробаме и локална традиционална храна.
Најзастапена е паељата, микс морски плодови со ориз. Исто така разни специјалитети со морска храна се многу застапени на островот.
Од пијалаци, би ги издвоиле сангријата и кава - вид пенливо вино, слично на просеко.
Би се вратиле ли повторно на Тенерифе?
Дефинитивно би се вратиле повторно, поради сите поволности кои ги нуди островот. Најголем впечаток ни оставија природата и зајдисонцата.
Нереални бои се прелеваат низ небото штом сонцето го допре хоризонтот на океанот. Секој ден се трудевме да гледаме зајдисонце од различни места за да ја доживееме таа магија.
Поради сето ова, следни на листа за посета ни се останатите острови кои се состојат во овој архипелаг. Сигурна сум дека секој канарски остров има своја магија и е уникатен сам по себе.
Доколку барате топла дестинација во зима која е лесна за организирање и не толку далечна, дефинитивно Канарските Острови се одличен избор.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови и фотографии е казниво со закон.
E. П.| Црнобело / фото: Приватна архива