Стефан и Милан за патувањето на Исланд: „Пржевме колбаси на -10°C под Аурора Бореалис“

Кои се уникатните места и искуства што го дефинираат Рејкјавик, а никој патник не смее да ги пропушти?

Модерната бетонска црква, Халгримскиркја, која го одликува Рејкјавик е монумент кој не смее, а и не може да се пропушти од секој турист. Досега не сме виделе црква направена од бетон, па и таква си имаше некоја елеганција сама по себе.

Внатре ги содржи оргулите на кои познатиот музички композитор Ханс Зимер ги има компонирано голем дел од неговите дела за филмови, меѓу кои и „Interstellar“ на Кристофер Нолан.

stefan i milan za patuvanjet na island przevme kolbasi na 10 pod auror borealis a island go istrazuvavme so kamper 19

Гледање на поларната светлина за многумина претставува животна искуство. Тоа е еден од моментите што го и дефинира патувањето на Исланд. Раскажете ни ја целата екскурзија. На кое место отидовте за да ја видите Аурора Бореалис?

Милан: Ептен нè изненади поларната светлина, нè добредојде уште на вториот ден во Исланд, т.е во градот Селфос.

Стефан: Само што ги паркиравме камперите, спремавме јадење и мене ми зафали нешто што го оставив во комбето, излегувам од кујната и само гледам небото некако чудно и необично, и наеднаш пред мене експлодира целата таа зелена светлина, и како добар другар отидов и ги повикав и другите што беа внатре во кампинг сајтот, за да го искусат она што јас го искусив. И не, не испушта поларната светлина никаков звук.

stefan i milan za patuvanjet na island przevme kolbasi na 10 pod auror borealis a island go istrazuvavme so kamper 17

Во вашата патувачка агенда се најде и плажата со црн песок, Reynisfjara. Што ви остави најголем впечаток од целото доживување?

Стефан: Уште кога слетувавме во Исланд забележавме дека целата почва е црна, тоа беше доста необично искуство за нас. Плажата со црн песок беше доста воодушевувачка и уникатна.

Милан: Јас сум бил на слична црна плажа на Канарските Острови пред некоја година, но оваа беше далеку поцрна и навистина вулканска.

Таму нè предупредија за така наречените sleeper waves кои се подмолни бранови кои навидум личат на нормални бранови, но всушност повлекуваат голем дел вода, при што можат лесно да однесат возрасен човек во ладните океански води.

Плажата нè пречека со екстремно силен ветер кој е исто така закана за вратите на возилата кои излезе дека прилично често биле откачувани од ветерот. Па така, ако изнајмувате кола во Исланд, да си знаете дека осигурувањето не го покрива тој дел.

stefan i milan za patuvanjet na island przevme kolbasi na 10 pod auror borealis a island go istrazuvavme so kamper 12

За Исланд кружат различни приказни и легенди. Кои легенди најчесто се прераскажуваат?

Највеќе се зборува за морски чудовишта или на исландски „скримсли“ кои пливале во водите кои го опкружуваат Исланд.

Исто така, во Вик, каде што е плажата со црн песок, успеавме да ги видиме и Троловите на Вик, за коишто има легенда која вели дека тие биле вистински тролови кои биле скаменети од утринското изгрејсонце.

stefan i milan za patuvanjet na island przevme kolbasi na 10 pod auror borealis a island go istrazuvavme so kamper 16

Какви се локалците? Успеавте ли да поразговарате со нив и да дознаете какво е нивното секојдневие?

Немавме некоја комуникација со локалците, но успеавме да заклучиме дека живеат доста добар живот и си ги користат природните богатства.

Базените и термалните бањи беа преполни со народ уште во 7 часот наутро, си го започнуваат денот луѓето со опуштање во термална вода.

stefan i milan za patuvanjet na island przevme kolbasi na 10 pod auror borealis a island go istrazuvavme so kamper 13

Продолжува на следната страница...


Би можело да ве интересира:

Стефан од Скопје е фитнес тренер на Тајланд: „Ова е рајот на земјата, но ми фали да сум поблиску до ... „Тајландскиот јазик е претежок за учење, но за среќа повеќето од локалното насел...
Моделот Павле Николовски го посети Исланд: „Ручек во ресторан не е под 150 евра, најевтин бургер е 2... „Исланд е третата најскапа земја во светот, а цените се скоро 10 пати повисоки о...
Ивана Угриновска за патувањето во Тајланд: „Сама возев мотор низ џунгла во 3 наутро“ „Секој сака да ужива во луксузни хотели, но јас сакам да искусам многу повеќе од...
Даниела од Роам Ароунд МК за камперските тури во Исланд: „Одиме на места за кои никој не слушнал“ „Камп сајтовите се 100% безбедни, исто така Исланд важи за една од најбезбедните...
Милош Боев: „Работам во Нигерија како инженер - полиција со оружје ме чува 24/7, едвај се навикнав“ „И одењето во ноќен клуб е со режим за безбедност. Ми приоѓаа луѓе кои сакаат за...
Бранко Илиески за патувањето во Перу: „100 пати да се вратам на Мачу Пикчу, нема да ми биде здодевно... „Во Перу јадат и морски прасиња. Ги печат на жар, како во фурна. Секако дека про...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg