Владимир од Скопје патува низ светот: „Скокав од авион во Дубаи, најевтино е во Јордан, а најскапо во Исланд“

Дали имаше шанса да ја посетиш пустината и какво искуство беше тоа?

Да, бев на една тура што вклучуваше возење низ пустина со АТВ. Потоа со голем џип ги „скокавме“ песочните дини, што се покажа како доста интересно. Чувството беше како да сум на некој ролеркостер во Дизниленд.

Потоа следуваше скијање на песокот. Надоле лесно и интересно, но качувањето нагоре по песокот изморува. Тука направивме и една мала прошетка на камили, по што следуваше вечера со шоу со танчари и жонглери со оган. Дефинитивно би препорачал на тие што не биле во пустина, да го имаат и тоа доживување.

vladimir-od-skopje-vo-dubai-prv-pat-iskusiv-skydiving-i-skijanje-na-pesok-vo-meksiko-ja-posetiv-cicen-ica-a-najdobri-plazi-ima-na-sejsheli-filipini-i-grcija-03.jpg

Раскажи ми за скокањето од авион во Дубаи...

Па, морам да кажам дека воопшто не ми беше во план тоа да го направам. Зборував со доста луѓе пред да отидам, и сите имаа слушнато дека таму има опција за skydiving, некои дури и планираа да одат во Дубаи после мене и веќе имаа резервирано за да скокнат.

Ме прашуваа дали јас планирам да скокнам, и на сите им одговарав дека не ја гледам поентата во тоа. Првите денови кога бев таму, отидов на zipline, кое беше објаснето како едно од поадреналинските искуства коишто можеш да ги направиш.

На мене тоа ми беше… ок. Не почувствував толку адреналин од тоа, може бидејќи и претходно веќе го имам направено истото низ други држави.

Додека бев на тура низ пустината, имаше една група од Германија коишто веќе скокнале од авион. И, имаа само пофални зборови за истото. Како било нешто неверојатно, како прекрасно било искуството и се нај, нај.

vladimir-od-skopje-vo-dubai-prv-pat-iskusiv-skydiving-i-skijanje-na-pesok-vo-meksiko-ja-posetiv-cicen-ica-a-najdobri-plazi-ima-na-sejsheli-filipini-i-grcija-21.jpg

Тука малку се замислив за тоа, но имав планови за сите денови што да правам. Само последниот ден, денот што вечерта летав кон Скопје, немав ништо резервирано. И си реков, ќе ми биде криво ако и тоа не го направам, така што последниот ден станав рано, кон 7 часот, и отидов кај фирмата што го организира скокањето.

Ме ставија на листа на чекање и ми рекоа да дојдам кон пладне, ако имало доволно луѓе ќе се организирало дополнителен лет. Кон пладне, ете ме мене со куферот таму, ми кажуваат дека ќе се организира дополнително лет.

vladimir-od-skopje-vo-dubai-prv-pat-iskusiv-skydiving-i-skijanje-na-pesok-vo-meksiko-ja-posetiv-cicen-ica-a-najdobri-plazi-ima-na-sejsheli-filipini-i-grcija-20.jpg

После одредено време и едно пет минути поминати во објаснување за скокањето, бев качен во авион. Инструкторката која беше врзана за мене, морам да кажам дека беше две глави пониска од мене и изгледаше како да ја носам „на ушка“ низ целото скокање (хахаха).

Чувството беше неверојатно, не може да се објасни со зборови. Дури и преку слики и видеа не може да се долови самото искуство кога ќе скокнеш од авионот. Немаше некој страв, најмногу возбуда и среќа дека ете се поклопија работите и успеав да го уживам во истото.

vladimir-od-skopje-vo-dubai-prv-pat-iskusiv-skydiving-i-skijanje-na-pesok-vo-meksiko-ja-posetiv-cicen-ica-a-najdobri-plazi-ima-na-sejsheli-filipini-i-grcija-05.jpg

Кои земји што досега ги имаш посетено те разочарале?

Нема такви. Сите земји си имаат свои убавини. Човек само треба да го гледа и цени тоа.

vladimir-od-skopje-vo-dubai-prv-pat-iskusiv-skydiving-i-skijanje-na-pesok-vo-meksiko-ja-posetiv-cicen-ica-a-najdobri-plazi-ima-na-sejsheli-filipini-i-grcija-02.jpg

Кои се твоите планови за следни патувања? Кои места сакаш да ги посетиш наскоро и зошто?

Дефинитивно Јапонија и Нов Зеланд. Јапонија викаат дека била како друг свет. Многу напредна, со специфична култура, многу цивилизирано општество и со голема традиција, и ја фалат дека била многу безбедна и чиста.

А за Нов Зеланд, прекрасни пејзажи, природа, да го видам Хобитон, и да се осети каков е животот на крај од светот.

vladimir-od-skopje-vo-dubai-prv-pat-iskusiv-skydiving-i-skijanje-na-pesok-vo-meksiko-ja-posetiv-cicen-ica-a-najdobri-plazi-ima-na-sejsheli-filipini-i-grcija-14.jpg

Според твоето досегашно патувачко искуство, направи ми една топ-листа: најдобра храна, култура, цени, локално население, природата, забава, плажи…

Храна: Мексико, Хонгконг, Јордан

Култура: Аргентина, Мексико, Перу

Цени: најевтино Јордан, најскапо Исланд (дури и Шведска ја прави да изгледа како прифатлива)

Природа: Исланд, Аргентина

Забава: Дубаи, Њујорк и Лас Вегас во САД

Плажи: Сејшели, Филипини и Грција (плажите стварно се едни од најубавите, и голема среќа имаме што е толку блиску)

vladimir-od-skopje-vo-dubai-prv-pat-iskusiv-skydiving-i-skijanje-na-pesok-vo-meksiko-ja-posetiv-cicen-ica-a-najdobri-plazi-ima-na-sejsheli-filipini-i-grcija-04.jpg

Дали си имал некоја непријатна ситуација додека си патувал, момент да се чувствуваш небезбедно или си се загубил?

Досега не сум имал такво искуство. Секогаш гледам безбедноста да е на право место и да не влегувам во непотребни ризици.

Мислам дека секој град, особено тие што се милионски градови, имаат некои понебезбедни делови и тие гледам да ги одбегнувам. Иако, и некојпат кога сум се нашол во „гетата“ не сум имал проблеми.

Најголем дел од луѓето си го живеат својот живот. Мал е бројот на оние коишто прават проблеми и даваат лош глас на местата.

vladimir-od-skopje-vo-dubai-prv-pat-iskusiv-skydiving-i-skijanje-na-pesok-vo-meksiko-ja-posetiv-cicen-ica-a-najdobri-plazi-ima-na-sejsheli-filipini-i-grcija-10.jpg

vladimir-od-skopje-vo-dubai-prv-pat-iskusiv-skydiving-i-skijanje-na-pesok-vo-meksiko-ja-posetiv-cicen-ica-a-najdobri-plazi-ima-na-sejsheli-filipini-i-grcija-14_copy.jpg

vladimir-od-skopje-vo-dubai-prv-pat-iskusiv-skydiving-i-skijanje-na-pesok-vo-meksiko-ja-posetiv-cicen-ica-a-najdobri-plazi-ima-na-sejsheli-filipini-i-grcija-29.jpg

vladimir-od-skopje-vo-dubai-prv-pat-iskusiv-skydiving-i-skijanje-na-pesok-vo-meksiko-ja-posetiv-cicen-ica-a-najdobri-plazi-ima-na-sejsheli-filipini-i-grcija-26.jpg

vladimir-od-skopje-vo-dubai-prv-pat-iskusiv-skydiving-i-skijanje-na-pesok-vo-meksiko-ja-posetiv-cicen-ica-a-najdobri-plazi-ima-na-sejsheli-filipini-i-grcija-25.jpg

vladimir-od-skopje-vo-dubai-prv-pat-iskusiv-skydiving-i-skijanje-na-pesok-vo-meksiko-ja-posetiv-cicen-ica-a-najdobri-plazi-ima-na-sejsheli-filipini-i-grcija-17.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови и фотографии е казниво со закон.

И. Ј.| Црнобело / фото: Приватна архива



Би можело да ве интересира:

Никола од Скопје живее во Кина: „Жените сакаат мажи од белата раса, а богатите не се фалат со парите... „Девојките сè уште ја негуваат „белата убавина“ и многу се заинте...
Стефан Савевски за патувањето во Јордан: „Ја посетив Петра 4 пати, за Македонците треба виза, а лока... „Невозможно е да пропаднеш во водата на Мртвото Море дури и да вложиш напор, сам...
Нина (25) од Скопје за животот во Унгарија: „Дојдов сама на 18 години, но би се вратила да живеам во... „На прашањето „Дали би се вратила ли да живеам во Македонија некогаш? искрено ќе...
Бев на одмор во Бари: Пиво ќе најдете и за 1,5 евра, но и комплет лежалки за 42 евра Постојат неколку начини од Скопје да се стигне до Бари - еден од нив е со авион ...
Моделот Павле Николовски го посети Исланд: „Ручек во ресторан не е под 150 евра, најевтин бургер е 2... „Исланд е третата најскапа земја во светот, а цените се скоро 10 пати повисоки о...
Ивана Угриновска за патувањето во Тајланд: „Сама возев мотор низ џунгла во 3 наутро“ „Секој сака да ужива во луксузни хотели, но јас сакам да искусам многу повеќе од...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg