Стефан Димитриевски, патувачки фотограф: „На Шар Планина го фотографирав најубавото изгрејсонце“

„Преку фотографијата, сакам да ја пренесам убавината и различноста на светот, да доловам моменти коишто предизвикуваат емоции и будат нешто поразлично во набљудувачот на фотографијата и инспирираат подлабока поврзаност со светот околу нас“ - вели за CRNOBELO.com фотографот Стефан Димитриевски.

stefan dimitrievski vizuelno sakam da ja prenesam unikatnosta na destinaciite n0 i predizvicite sto se del od niv 6

Стефан Димитриевски е од оние млади луѓе кој не оди никаде без својот фотоапарат. Без разлика дали се наоѓа на планина, во некое напуштено село во нашата земја или во некој европски град неговата љубопитност, страст и желба да се поврзе со светот секогаш се присутни.

Во разговор за CRNOBELO.com Стефан открива повеќе детали за неговите патешествија низ Македонија, но и надвор од границите на нашата земја.

Разговаравме за најфотогеничните градови во Европа, за места со воодушевувачки погледи, но и за културните сознанија што секое патување ги носи со себе.

Во продолжение целото интервју со Стефан Димитриевски:

Се сеќаваш ли на првите фотографии, на мотивацијата?

Со фотографија почнав да се занимавам од 2016 година кога ја купив мојата прва DSLR камера, а со тоа влегов, до тогаш за мене, во нов непознат свет.

Почнав да се едуцирам, да истражувам правци и да експериментирам.

Ако би се навратил во моето детство, секогаш кога ќе забележев фотографии, без разлика дали тоа биле пејзажи или од локации од коишто застанува здивот, тие кај мене секогаш буделе доза прашања, доза восхит и возбуда.

Не сум имал ниту фотоапарат ниту некој близок којшто се занимава со фотографија во тие денови.

Секако одговорите на сите тие прашања ги добив многу години подоцна, но возбудата и желбата да се истражува на поле на фотографијата и да се откриваат нови фото локации се поголеми од било кога.

BeFunky collage

Често патуваш и откриваш нови места. Што те мотивира да ја истражуваш Македонија, но и светот со твојот фотоапарат?

Фактот дека имам камера и можноста со неа да фотографирам е една од причината да почнам да патувам.

Личната мотивација често произлегува од комбинација на љубопитност, страст и желба да се поврзам со светот на начин кој би имал смисла.

Некако природно доаѓа пред да се впуштите во истражување на светот и пошироките искуства коишто ги нуди, треба да истражите и да се фокусирате на местата и искуствата коишто можат да се видат дома.

Македонија е прекрасна земја, има преубави места коишто вреди да се посетат и да се документираат, не секогаш се лесно достапни, па оттаму произлезе идејата да се занимавам со планинарење, произлезе желбата за нови перцепции и перспективи.

Патувањето дома е еден вид на тест којшто е подготовка да излезеш надвор од границите на државата и да истражуваш.

stefan dimitrievski vizuelno sakam da ja prenesam unikatnosta na destinaciite n0 i predizvicite sto se del od niv 7

Кој ти е еден од највпечатливиот момент што го имаш доживеано низ Македонија?

Впечатливо искуство кое ги имам доживеано низ Македонија и секогаш го раскажувам е кампувањето во срцето на Горна Лешница на Шар Планина.

Летен ден пријатен за на планина, понесени од идејата за да искусиме несекојдневни пејзажи заедно со другар го реализиравме кампувањето.

Специфичниот момент се случи другиот ден на изгрејсонце, кога сите тие несекојдневни пејзажи имаа друга димензија, во тој момент ги направив едни од најдрагите фотографии за мене од Македонија.

Секако во мирните утрински часови на самите падини можеа да се сретнат и некои од жителите на самата природа кои престојуваа таму, дивите кози и коњи.

stefan dimitrievski vizuelno sakam da ja prenesam unikatnosta na destinaciite n0 i predizvicite sto se del od niv 10

Кои патешествија надвор од границите на нашата земја постојано ги прераскажуваш на луѓето?

Секое патување надвор од границите на Македонија ми остава посебна трага на фотографски план, носи опрема, развој, дополнително созревање.

Се разбира тие промени се присутни и на личен карактерен план.

Околу секоја фотографија којашто ја имам документирано постои одредена приказна која вреди да се прераскаже, како фотографијата настанала што специфично се случило на патот до локацијата, промените носени од временските услови и конкретниот временски период кога настанала самата фотографија.

Како карактеристично патување го издвојувам последното на словенските Алпи, каде што се соочив со променливи временски услови каде секој момент си беше посебна приказна за себе.

stefan dimitrievski vizuelno sakam da ja prenesam unikatnosta na destinaciite n0 i predizvicite sto se del od niv 18

Kолку твоето патување како фотограф низ Македонија ти овозможи подлабоки културни сознанија за нашата земја?

На некој начин кога живееш во одредена средина си целосно соживеан во моментите што се случуваат околу тебе на културен и социјален план и не можеш толку лесно да ги согледаш разликите и самите специфичности кои културата ја прават по различна и со која би можеле да се издвоиме.

Преку фотографијата успеав да добијам друга перцепција и поглед на работите коишто го опкружуваат нашето секојдневие. Идејата ми е во иднина преку фото проекти да изразам културни феномени во нашето општество.

stefan dimitrievski vizuelno sakam da ja prenesam unikatnosta na destinaciite n0 i predizvicite sto se del od niv 1

Кои се најфотогеничните градови низ Европа?

Сметам дека секој град и место си има посебен момент којшто го прави специфичен сам по себе.

Град којшто би го издвоил е Фиренца во Италија, каде што културата и уметноста се надополнуваат една со друга и таа низа се движи низ целиот град.

stefan dimitrievski vizuelno sakam da ja prenesam unikatnosta na destinaciite n0 i predizvicite sto se del od niv 13

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Стефан од Скопје е фитнес тренер на Тајланд: „Ова е рајот на земјата, но ми фали да сум поблиску до ... „Тајландскиот јазик е претежок за учење, но за среќа повеќето од локалното насел...
Стефан Савевски за патувањето во Јордан: „Ја посетив Петра 4 пати, за Македонците треба виза, а лока... „Невозможно е да пропаднеш во водата на Мртвото Море дури и да вложиш напор, сам...
Нина (25) од Скопје за животот во Унгарија: „Дојдов сама на 18 години, но би се вратила да живеам во... „На прашањето „Дали би се вратила ли да живеам во Македонија некогаш? искрено ќе...
Ивана Угриновска за патувањето во Тајланд: „Сама возев мотор низ џунгла во 3 наутро“ „Секој сака да ужива во луксузни хотели, но јас сакам да искусам многу повеќе од...
Милош Боев: „Работам во Нигерија како инженер - полиција со оружје ме чува 24/7, едвај се навикнав“ „И одењето во ноќен клуб е со режим за безбедност. Ми приоѓаа луѓе кои сакаат за...
Моделот Павле Николовски го посети Исланд: „Ручек во ресторан не е под 150 евра, најевтин бургер е 2... „Исланд е третата најскапа земја во светот, а цените се скоро 10 пати повисоки о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg