Анџело Павловски за патувањето во Јапонија: „Младите обожаваат караоке, дневна карта за метро во Токио чини само 4 евра“

Какви им се интересите на младите?

Кратко и јасно – караоке. Во кој било центар на град може да се налета на огромни караоке центри. Тие се главната занимација на младите прво од аспект на забава, а и од финансии.

Принципот на нивниот стил на караоке е изнајмување на соба за одреден број на луѓе и избирање на „All You Can Drink“ мени кое може да е алкохолно и безалкохолно. Во собите се пее и пие додека си сакаат гостите, а верувајте, од искуство, такво нешто може да трае ненормално долго време и е дефинитивно една од најзабавните работи кои сум ги правел и јас лично во животот. Топло го препорачувам на било којшто би ја посетил Јапонија, едноставно е друго искуство.

Интересна пракса кај младите е што тие некогаш и преспиваат во овие караоке соби, доколку го пропуштат последниот воз, поради ниските цени и опцијата да се журкаат до раните зори.

andjelo pavlovski mladite vo japonija obozavaat karaoke a vo tokio kolku i zivotot da e zabrzan nikoj od lugjeto ne pokazuva znaci na nervoza 4

Освен Токио, кои други градови ги посети?

Во турата ги вметнавме: Осака, Кјото, Атами, Хирошима, Нара, Кавагучикои и мене лично омилениот град Каназава.

andjelo pavlovski mladite vo japonija obozavaat karaoke a vo tokio kolku i zivotot da e zabrzan nikoj od lugjeto ne pokazuva znaci na nervoza 15

Кога ќе направиш паралела помеѓу Токио, Кјото и Осака кои се разлики помеѓу овие градови?

Па, јас би ги споил Осака и Токио и би ги споредил тие два града со Кјото, од аспект на што може да се види.

Токио и Осака се два доста модерни града кои имаат слична динамика и се повеќе ориентирани кон модерен живот и прогрес, додека Кјото е град кој од прва се гледа дека е стар, традиционален и наменет за да се осети културата на Јапонија.

Дополнително би истакнал дека колку што се слични, толку се и Токио и Осака различни, особено по начинот на живот. Луѓето во Токио се стриктно по правилата и ретко може да се најде човек како странец во контакт со нив, додека во Осака се доста полабави, погостопримливи и на некој начин повеќе потсетуваат на европскиот стил на живот отколку на јапонскиот.

andjelo pavlovski mladite vo japonija obozavaat karaoke a vo tokio kolku i zivotot da e zabrzan nikoj od lugjeto ne pokazuva znaci na nervoza 7

Успеа ли да научиш некои јапонски фрази и зборови?

Да, се учат најмногу кога се иде во самопослуги како 7eleven, најчесто користени беа daijobu (што значи „во ред е“, и го користат за да кажат дека не им треба нешто), O-tsugi no o-machi no kata (значи „следен на ред“) и shosho 0-machi kudasai (кажуваат дека ќе отстапат од касата за да завршат кратка обврска, пример да донесат стапчиња доколку имате земено пакет нудли).

Има и други погенерални фрази кои верувам многумина ги знаат, како Arigato, така што тие најчесто беа користени.

andjelo pavlovski mladite vo japonija obozavaat karaoke a vo tokio kolku i zivotot da e zabrzan nikoj od lugjeto ne pokazuva znaci na nervoza 2

Имаше ли можност да бидеш дел од некои необични и интересни традиции?

Една од необичните традиции е дефинитивно церемонијата за правење мочи. Еден обичај кој секој го практикува е Omotenashi, што значи гостопримство.

Секој Јапонец, без разлика на тоа од каде сте и како изгледате, се однесува со голема почит и учтивост, дури и ако станува збор за купување на некој артикл од самопослуга. Нивото на почит кои ја даваат на муштериите и општо луѓето е на потполно друго ниво.

Друга интересна традиција е празнувањето на Obon. Obon е ден кој се смета дека доаѓаат духовите на луѓето од задгробниот живот и се сретнуваат со нивните фамилии. Интересното за овој обичај е фактот што се палат и пуштаат илјадници хартиени фенери во небото и се добива глетка за паметење.

За жал, не бевме во период кога се извршува оваа традиција, но добив доста детално објаснување и слики од истата благодарение на пријателите од Осака.

andjelo pavlovski mladite vo japonija obozavaat karaoke a vo tokio kolku i zivotot da e zabrzan nikoj od lugjeto ne pokazuva znaci na nervoza 10

Продолжува на следната страница...


Би можело да ве интересира:

Нина (25) од Скопје за животот во Унгарија: „Дојдов сама на 18 години, но би се вратила да живеам во... „На прашањето „Дали би се вратила ли да живеам во Македонија некогаш? искрено ќе...
Милош Боев: „Работам во Нигерија како инженер - полиција со оружје ме чува 24/7, едвај се навикнав“ „И одењето во ноќен клуб е со режим за безбедност. Ми приоѓаа луѓе кои сакаат за...
Ивана Угриновска за патувањето во Тајланд: „Сама возев мотор низ џунгла во 3 наутро“ „Секој сака да ужива во луксузни хотели, но јас сакам да искусам многу повеќе од...
Стефан Савевски за патувањето во Јордан: „Ја посетив Петра 4 пати, за Македонците треба виза, а лока... „Невозможно е да пропаднеш во водата на Мртвото Море дури и да вложиш напор, сам...
Марио Савовски го посети Рио де Жанеиро: „Другари беа пречекани со пушки во фавелите, но градот ме п... „Едно нешто што не бев свесен е колку е всушност исполнет со ридови и планини са...
Владимир од Скопје патува низ светот: „Скокав од авион во Дубаи, најевтино е во Јордан, а најскапо в... За CRNOBELO.com, Владимир од Скопје вели дека најдобра храна вкусил во Мексико, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg