Јордан Колевски го замени Скопје за Торонто: „Животот овде е прекрасен, луѓето се топли и љубезни, работат многу - но и заработуваат“

„Овде секој ќе те поздрави иако не те познава, луѓето се топли и насмеани. Ми се срушија сите предрасуди дека во Канада е секогаш многу ладно, Торонто во текот на целата година е прекрасен. Она што е нормално овде, а ми беше малку чудно: секаде мириса на марихуана (легална е), сите носат влечки со чорапи (ова не можам уште да го прифатам), сите носат кафе со себе затоа што секогаш брзаат, ретко седнуваат да пијат“ - раскажува Јордан Колевски (34) од Скопје, кој пред година и пол се пресели во Торонто, Канада.

jordan-kolevski-go-zameni-skopje-za-toronto-zhivotot-ovde-e-prekrasen-lugjeto-topli-i-ljubezni-rabotat-mnogu-no-i-zarabotuvaat-012.jpg

Јордан Колевски од Скопје веќе една и пол година живее во Канада. Иако во Македонија завршил факултет за новинарство на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, а потоа и мастер студии по Човечки ресурси, токму професионалното надградување го одвело во Торонто.

За животот во Канада и неговото секојдневие таму, за модата, храната, патувањата, Јордан ни раскажа во разговорот за CRNOBELO.com: 

„Се преселив тука поради моите студии по Дигитален маркетинг и да видам како е да се живее во Канада.

Оваа година ја завршив првата специјализација и веднаш аплицирав за нова програма по Global Business Management. Имам големи планови тука во однос на мојот професиoнален живот.

Пaралелно работам настани, преку кои научив многу за канадската култура, места и навики. Благодарение на мојата работа запознав многу пријатели и стекнав огромно искуство.

Можам да го издвојам, како позначаен настан, Интернационалниот филмски фестивал во Торонто каде што имав можност да ја запознаам Опра и други многу важни канадски имиња. А, додека мојата активност на Инстаграм ми ја донесе мојата последна соработка со Netflix Canada“.

jordan-kolevski-go-zameni-skopje-za-toronto-zhivotot-ovde-e-prekrasen-lugjeto-topli-i-ljubezni-rabotat-mnogu-no-i-zarabotuvaat-04.jpeg

За почетоците во сосема нова држава, првите впечатоци и снаоѓањето во сосема нова средина Јордан споделува:

„Кога првпат пристигнав тука сè ми беше поинаку од Европа. Започнувајќи од опкружувањето и архитектурата, до нивниот начин на живот, до модата на улиците - комплетно поразлично од тоа на што сум навикнат.

За кратко го засакав Торонто, ги посетив сите знаменитости кои ги нуди уште во првиот месец, музеи, филхармонија, кино, аквариуми итн. Моите пријатели ми ги покажаа сите преубави паркови, плажи и езера.

Торонто е преубав град кој изобилува со многу природа... Инаку сите тука практикуваат да понесат кафе со нив, наместо да седат и пијат, поради брзиот начин на живот.

jordan-kolevski-go-zameni-skopje-za-toronto-zhivotot-ovde-e-prekrasen-lugjeto-topli-i-ljubezni-rabotat-mnogu-no-i-zarabotuvaat-03.jpg

Во однос на ноќниот живот, Торонто навистина нуди избор за сите, од луксузни ресторани кои по 23 часот се претвораат во клуб, до многубројни дискотеки со различни музички правци - од популарна музика, до регетон, до техно. Гостуваат познати диџеи секој викенд, и можете да излегувате буквално секој ден.

Агендата е богата, но исто така и цените. Просечна карта за влез во дискотека е околу 50 долари, еден коктел е околу 20 долари...

Во однос на пријателите, ја имам таа среќа да живеам во иста зграда со мои пријатели од Скопје. Запознав многу Македонци во Торонто, но стекнав и многу пријатели ширум светот како што се Мексико, Колумбија, Венецуела, Бразил, Перу, Чиле (некако со латино луѓето полесно се разбираме, го имаме истиот дух за забава и пријателство ), како и многу Канаѓани, Турци, Срби, Хрвати, Италијанци...

Интересно е тоа што каде и да се шетате низ Торонто, ќе го почувствувате мирисот на марихуана, која е легална тука. Државата управува со продавниците за марихуана и алкохол“.

jordan-kolevski-go-zameni-skopje-za-toronto-zhivotot-ovde-e-prekrasen-lugjeto-topli-i-ljubezni-rabotat-mnogu-no-i-zarabotuvaat-02.jpeg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Владимир од Скопје патува низ светот: „Скокав од авион во Дубаи, најевтино е во Јордан, а најскапо в... За CRNOBELO.com, Владимир од Скопје вели дека најдобра храна вкусил во Мексико, ...
Анета за посетата на Гренланд: „Во август температурите се до 12°C, меѓу градовите се патува со брод... „Гренланд можеби нема некои големи и импозантни знаменитости, но самата недопрен...
Антонио Димоски живее на Бали: „Луѓето се многу фини и добри, но сообраќајот е хаос“ Антонио Димоски од Охрид е фриленсер во областа на човечки ресурси и дигитален м...
Драгана од Скопје живее во Пекинг: „Јадев медуза, а мислев дека се печурки, Кинези ме застануваат на... „Кога дојдов, буквално доживеав културолошки шок. Кинезите подждригнуваат, ...
Стефан Спирковски за авантурата на Исланд: „Патував 30 часа, бев сместен во кампер, а ме воодушеви п... „Гледањето китови е дефинитивно една од факултативните екскурзии што секој треба...
Тиана од Скопје за кампувањето во Струга: „Нема гужва, а будењето со птици во природа е уникатно иск... „Струга ја сакам бидејќи е многу помирна од Охрид, особено во летниот период ког...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg