Бојана од Скопје живее во САД: „Флорида не беше мојот прв избор за живот, но љубовта ме задржа тука“

Што треба да имаме на ум при посета на Флорида? 

Битно е да се знае дека тука климата е влажна. Ако доаѓате летно време не очекувајте да можете да шетате преку ден без да земете со себе вода полна со минерали и електролити, бидејќи ќе ви требаат.

Електролити се продаваат секаде низ продавниците и се во прашок со разни вкусови и се екстремно важни за да не дехидрирате.

bojana-tinoko-od-skopje-zivee-na-florida-ostanav-zaradi-ljubovta-amerikancite-premnogu-rabotat-i-ne-uzivaat-dovolno-12.jpg

5 работи кои ти се допаѓаат на Флорида:

1. Природата и плажите се неверојатни! Најдобро е во лето да сте на плажа бидејќи има умерен ветар и можете да се разладите во водата.

2. Тука е многу сончево. Витамин Д3 има на претек кој позитивно влијае на расположението.

3. Ми се допаѓа што постојат многу опции и интересни места, ресторани, бистроа, кафулиња. Луѓето секогаш смислуваат нешто ново и интересно што го прави животот разнолик.

4. Ми се допаѓа и бејзболот како спорт којшто го следам, а и ќерка ми игра за локалната лига.

bojana-tinoko-od-skopje-zivee-na-florida-ostanav-zaradi-ljubovta-amerikancite-premnogu-rabotat-i-ne-uzivaat-dovolno-14.jpg

5. Исто така убаво е што има многу грижа за животните, па дури и специјални паркови и плажи каде што можете да ги однесете.

bojana-tinoko-od-skopje-zivee-na-florida-ostanav-zaradi-ljubovta-amerikancite-premnogu-rabotat-i-ne-uzivaat-dovolno-20_copy.jpg

5 работи кои не ти се допаѓаат: 

1. Влагата знае да биде напорна неколку месеци од годината.

2. Дистанците од место до место се големи, па нема многу голем проток на народ којшто јас лично го сакам.

3. Стандардната храна во Америка е со многу адитиви и лоша по здравјето. Ако сакате да јадете здраво, мора да купувате органска храна која е поскапа, нешто што кај нас во Македонија, па и во Европа е подостапно.

4. Бидејќи климата е тропска, одредени инсекти сакаат да растат поголеми од тоа што јас би го прифатила за нормална големина!

5. Не ми се допаѓа тоа што Американците не знаат да живеат со полн здив. Работат премногу и не уживаат доволно според мои стандарди.

bojana-tinoko-od-skopje-zivee-na-florida-ostanav-zaradi-ljubovta-amerikancite-premnogu-rabotat-i-ne-uzivaat-dovolno-17.jpg

Каде локалците најчесто одат на одмор?

Локалците патуваат секаде низ Америка, па и во Мексико. Интересно е дека за голем број Американци, Њујорк е туристичка дестинација, исто како и за остатокот од светот. Американците се подеднакво туристи таму, многу од нив го немаат посетено.

bojana-tinoko-od-skopje-zivee-na-florida-ostanav-zaradi-ljubovta-amerikancite-premnogu-rabotat-i-ne-uzivaat-dovolno-04.jpg

Ние на одмор најчесто одиме во Европа, кај најблиските во Холандија и Македонија, се разбира.

Кога правиме кратки излети одиме до Мајами. Плажа имаме тука преку цела година така што бараме одмор на места со поинаква клима, а за Божиќ одиме во Тексас, каде што имаме блиска фамилија.

Тешко ли е да се навикнеш на начинот на живот на Американците?

За разлика од Азија, која што има сосема поинаков начин на живот во однос на западниот свет, и иако Америка е поинаква од Европа, сепак нам ни е поблиска од културен аспект затоа што е западна земја.

Американската култура доста преовладуваше и сѐ уште преовладува кај нас и во светот. Мојата генерација растеше со MTV и американски филмови и музика така што би рекла дека не ни е премногу непозната.

bojana-tinoko-od-skopje-zivee-na-florida-ostanav-zaradi-ljubovta-amerikancite-premnogu-rabotat-i-ne-uzivaat-dovolno-11.jpg

Има ли време за дружење, што најчесто правите во слободно време? 

Американците сакаат да се дружат за викенд. Мене дефинитивно ми фалат оние наши македонски дружби. Меѓутоа јас веќе се навикнав на ова темпо, па не се жалам премногу.

Во слободно време сакам да одам на плажа или да се шетам на локалните збирни места каде што има мини пазари, кафулиња и други видови на забава. Јас лично сум обожавател на кафе, па сакам да посетувам ново кафуле и да пробувам нови места.

Тука во Тампа имаме и голем забавен парк со ролеркостери и парк на вода каде што купуваш карта за еден ден и можеш да го посетуваш паркот колку сакаш цела година.

bojana-tinoko-od-skopje-zivee-na-florida-ostanav-zaradi-ljubovta-amerikancite-premnogu-rabotat-i-ne-uzivaat-dovolno-35.JPG

Што ти недостасува од Македонија, дали би се вратила да живееш овде?

Мојот сопруг ја обожава Македонија и сакаше едно време да се преселиме таму, меѓутоа се случи ковид, па плановите ни се сменија.

Јас би сакала да купам имот во Македонија и да поминувам дел од времето таму. Во Македонија е мојата поширока фамилија и моите пријатели кои неизмерно ги сакам. Македонија секогаш ќе биде мојот прв дом.

bojana-tinoko-od-skopje-zivee-na-florida-ostanav-zaradi-ljubovta-amerikancite-premnogu-rabotat-i-ne-uzivaat-dovolno-42.JPG

Дали би рекла дека Америка сѐ уште е „ветената земја“?

Би рекла сѐ уште, да. Америка не е тоа што беше можеби во 90-тите, меѓутоа тука сѐ уште секој може да биде она што сака.

Земјата е голема што значи можностите се големи.

 ©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Е. П. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Нина (25) од Скопје за животот во Унгарија: „Дојдов сама на 18 години, но би се вратила да живеам во... „На прашањето „Дали би се вратила ли да живеам во Македонија некогаш? искрено ќе...
Стефан Савевски за патувањето во Јордан: „Ја посетив Петра 4 пати, за Македонците треба виза, а лока... „Невозможно е да пропаднеш во водата на Мртвото Море дури и да вложиш напор, сам...
Драган од Скопје за животот на Флорида: „Луѓето во Тампа се прељубезни, полицаец ми ја подари својат... „Луѓето на Флорида знаат да почнат разговор со вас иако не ве познаваат, да ве п...
Ивана Угриновска за патувањето во Тајланд: „Сама возев мотор низ џунгла во 3 наутро“ „Секој сака да ужива во луксузни хотели, но јас сакам да искусам многу повеќе од...
Милош Боев: „Работам во Нигерија како инженер - полиција со оружје ме чува 24/7, едвај се навикнав“ „И одењето во ноќен клуб е со режим за безбедност. Ми приоѓаа луѓе кои сакаат за...
Владимир од Скопје патува низ светот: „Скокав од авион во Дубаи, најевтино е во Јордан, а најскапо в... За CRNOBELO.com, Владимир од Скопје вели дека најдобра храна вкусил во Мексико, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg