Брачен пар од Битола патуваше со мотоцикл до Италија: „За 40-тиот роденден си се почестивме со незаборавна авантура“
За Рим имавме одвоено два дена, но никогаш доволно за еден од најубавите градови во светот.
Се решивме да ги оставиме мотоциклите каде што престојувавме и да се препуштиме на градот како вистински туристи, користејќи ги скоро сите превозни средства - од метро до воз и автобус, кое од друга страна ни донeсе едно непријатно искуство.
Опуштени низ убавините, кои ги нуди градот, понесени од италијанската музика која се слушаше низ секое сокаче буквално се изгубивме во времето и го испуштивме последното метро таа вечер кое нè чинеше скоро 3 часа пешачење на полноќ, неколку плускавици и воспалени мускули.
Затоа за следниот ден кој беше планиран за Ватикан мотоциклите ни беа нашето единствено превозно средство.
Од Рим следна попатна станица за одмор и преноќување ни беше букирана во Помпеја, каде одвоивме време да го посетиме стариот град и вулканот Везув.
Следниот, седми ден, нè чекаше неколкучасовно возење по автопат на +50 степени за да стигнеме до Бари и да се качиме на траект назад за дома.
Овие осум дена ни беа само почеток на една нова книга која сакам заедно да ја испишеме, со нови места, нови авантури нови доживувања.
Фотографиите ќе останат како траен белег да сведочат за убавите моменти кои ги поминавме сите заедно.
Веќе ја спремаме и следната турнеја, која овојпат ќе биде во соседна Грција, но за наредна година имаме нова тура уште повозбудлива и подолга која нема да ја откријам и за која искрено се надевам ќе се оствари.
Патувањата ме исполнуваат и ме прават среќна, секое место ми е сон и мислам дека секој треба да го живее својот сон бидејќи само на тој начин може да се биде среќна личност“.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Е. П. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





