Николина од Гостивар живее во Австрија: „Тука е преубаво, но ми недостига нашата храна и да излезам со пријателите без да закажувам термин“

А каква е локалната кујна? Кој е најпознатиот специјалитет? Дали ти е по вкус или не го јадеш?

Овде имаат ептен чуден вкус за храна, барем за мене, па не ги јадам нивните специјалитети освен благо кое го нарекуваат Kaiserschmarrn – едноставен рецепт кој потсетува на пандишпан.

Традиционално јадење им е шницла со варен компир и со мармалад како сос.

Од пијалаци најмногу се пие пиво. Го има насекаде и дури е доста поевтино отколку кај нас.

nikolina-od-gostivar-zhivee-vo-avstrija-tuka-e-preubavo-no-mi-nedostiga-nashata-hrana-i-da-izlezam-so-prijatelite-bez-da-zakazhuvam-termin-12.jpg

Кога ќе ти дојдат гости од Македонија, каде ги шеташ?

За жал, моето друштво воопшто не е дојдено тука, иако постојано ги викам на гости.

Но, кога ќе ми дојдат колеги или пријатели од странство, најчесто ги шетам во околните места кои се блиску до мојот град.

Во Линц најпозната знаменитост и туристичкото место е Постлингберг – рид на чиј врв има црква и од таму се гледа целиот град.

Блиску до мојот град е селото Халштат, кое е многу познато и секогаш полно со туристи. Ова место е бајковито и сакам да одам таму.

nikolina-od-gostivar-zhivee-vo-avstrija-tuka-e-preubavo-no-mi-nedostiga-nashata-hrana-i-da-izlezam-so-prijatelite-bez-da-zakazhuvam-termin-17.jpg

Како го поминуваш слободното време, што сакаш да правиш кога не правиш ништо? Што ти е хоби?

Најчесто за викенд гледам да отпатувам на друго место. Оваа година цел ми е да ја посетам барем половина Австрија.

Јавниот превоз тука е многу добро организиран и лесно достапен за сите.

Многу е евтино да се патува, па затоа сакам да го искористам тоа и да сум надвор од градот за викенди.

А преку работната недела често спортувам, одам на танцување, јога, играм тенис…

nikolina-od-gostivar-zhivee-vo-avstrija-tuka-e-preubavo-no-mi-nedostiga-nashata-hrana-i-da-izlezam-so-prijatelite-bez-da-zakazhuvam-termin-20.jpg

Тука има многу јавни спортски објекти кои се лесно достапни. Преку зима најчесто одам на лизгалиште или скијам.

Австрија е позната по преубавата природа, па преку лето често сум на планина.

Во земјата има доста национални паркови кои се волшебни. Ми се допаѓа што секоја планинска рута е јасно обележана, а шансите да се изгубиш се мали. Исто така е доста безбедно и чисто на секое место.

Едно од најубавите планински места што сум ги посетила досега е Großglockner – највисокиот врв во Австрија каде што се наоѓа и еден од најстарите глечери кој се топи и кој за неколку години нема да постои глобалната промена на климата.

nikolina-od-gostivar-zhivee-vo-avstrija-tuka-e-preubavo-no-mi-nedostiga-nashata-hrana-i-da-izlezam-so-prijatelite-bez-da-zakazhuvam-termin-19.jpg

Ти недостига ли Македонија? Колку често се враќаш дома?

Нормално ми недостига Македонија, сепак тоа е мојата родна земја. Таму имам доста пријатели и убави спомени кои ме врзуваат за неа.

Но, скоро 2 години ја немам посетено, па сакам да одам следната години.

А и на моите пријатели од Австрија им раскажувам за нашата земја и тие се заинтересирани да ја посетат и да ја видат нашата убава природа и да ја пробаат највкусната храна на светот.

nikolina-od-gostivar-zhivee-vo-avstrija-tuka-e-preubavo-no-mi-nedostiga-nashata-hrana-i-da-izlezam-so-prijatelite-bez-da-zakazhuvam-termin-06.jpg

Што македонско најмногу ти недостига кога не си тука?

Најмногу ми недостига храната.

Буквално сè од нашата храна ми фали, но и моите пријатели и дружењето без закажување термин.

Нашиот гостопримлив народ каде и да е, секогаш е позитивен и гостопримлив.

nikolina-od-gostivar-zhivee-vo-avstrija-tuka-e-preubavo-no-mi-nedostiga-nashata-hrana-i-da-izlezam-so-prijatelite-bez-da-zakazhuvam-termin-13.jpg

Повеќе фотографии на следната страница...


Би можело да ве интересира:

Нина (25) од Скопје за животот во Унгарија: „Дојдов сама на 18 години, но би се вратила да живеам во... „На прашањето „Дали би се вратила ли да живеам во Македонија некогаш? искрено ќе...
Стефан Савевски за патувањето во Јордан: „Ја посетив Петра 4 пати, за Македонците треба виза, а лока... „Невозможно е да пропаднеш во водата на Мртвото Море дури и да вложиш напор, сам...
Ивана Угриновска за патувањето во Тајланд: „Сама возев мотор низ џунгла во 3 наутро“ „Секој сака да ужива во луксузни хотели, но јас сакам да искусам многу повеќе од...
Милош Боев: „Работам во Нигерија како инженер - полиција со оружје ме чува 24/7, едвај се навикнав“ „И одењето во ноќен клуб е со режим за безбедност. Ми приоѓаа луѓе кои сакаат за...
Теона Манго го посети Мексико: „Тулум е рај, а локалците се фини, но знаат да лажат за да ти земат п... „Тулум е еден одличен спој на одмор и забава. Ова е место каде што можете рано н...
Моделот Павле Николовски го посети Исланд: „Ручек во ресторан не е под 150 евра, најевтин бургер е 2... „Исланд е третата најскапа земја во светот, а цените се скоро 10 пати повисоки о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg