Сара Груеска: „Во Дубаи видов скапа чанта и лаптоп оставени среде мол и никој не ги допре, во Јапонија и срните ни се поклонуваа“
Какви документи се потребни за да отпатуваш во Јапонија и долга ли е процедурата за нивно обезбедување?
За да патуваме во Јапонија ни треба само повратна авионска карта, нормално пасош и лично осигурување, а пак за Дубаи треба виза за која се чека помалку од една недела, потоа пасош и осигурување.
Кога би морала да се откажеш од посетата на една од двете земји, која би била таа и зошто?
Во однос на прашањето кога би морала да се откажам од едно од патувањата само ќе кажам дека повторно и повторно би ги посетувала и двете затоа што ми оставија некој убав впечаток и би ми биле места за посетување на листата за патување во наредните 10 години.
Што би им препорачала на оние што планираат да отпатуваат наскоро во некоја од овие две земји?
На сите кои ќе одлучат да отпатуваат дали во Јапонија или Дубаи би им кажала да пробаат да уживаат во моментите и секој ден да им биде исполнет со некоја активност, и сигурно ќе сакаат пак да се вратат назад и од почеток да го живеат тој миг.
Што е она што за тебе беше најголем културен шок во Јапонија, а што во Дубаи?
Културен шок во Јапонија беше огромната благодарност кои луѓето таму ја имаат најпрво кон блиските, а потоа кон оние кои ја посетуваат нивната земја, а ќе го споменам и поклонувањето во знак на почит.
Интересна случка со поклонувањето беше кога го посетивме Националниот парк Нара во близина на Кјото каде имаше срни на сите страни, а тие во знак на благодарност што им даваш од нивната омилена храна (некаков бисквит) ни се поклонуваа.
За Дубаи ќе го споменам моментот кој не би го издвоила во делот за културни шокови, но е нешто необично кога во моловите трипати на ден почнува да пее нивната молитва која ги повикува верниците, што им е секако од големо значење на нив и ја покажува нивната наклонетост кон религијата.
Непријатни случки за време на патувањата за среќа немав, па си поминав најубаво без нервози и стресови.
Каде би сакала да отпатуваш во иднина?
По природа сум личност која сака да патува и да посетува убави градови, градови со длабока култура и традиција и храна, па би ги издвоила Италија која ми е дестинација во срцето и отсекогаш сум сакала да ја посетам, потоа Мароко, Австралија, Мексико, Бали и Малдиви.
Погледнете повеќе фотографии во продолжение:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Б. С. Б. | Црнобело