Весна од Скопје со двете деца посетила 34 држави во светот: „Никогаш не носам лекови со себе, најчесто имаме проблеми со визите“

Сте имале ли некогаш некои непријатни случки за време на патувањата? Раскажете ни што се случи?

Непријатни случки? Прво што ми паѓа на памет е случката (повеќе страшна, отколку непријатна) кога на крајбрежје во националниот парк Јала во Шри Ланка бевме единствените посетители и видовме свежи траги од леопард.

Паркот е познат по леопардите, но не ги очекувавме покрај морето.

Можеби првото место за најнепријатна случка би ѝ припаднало на онаа, кога децата во Неум во Босна и Херцеговина добија ротавирус, па ни се упропастија еден куп следни планови.

vesna-od-skopje-so-dvete-deca-posetila-34-drzhavi-vo-svetot-nikogash-ne-nosam-lekovi-so-sebe-najchesto-imame-problemi-so-vizite-09.jpg

Која ви е дестинација од соништата што сметате дека мора да ја посетите?

Дестинација од соништата мене ми беше Малдиви и ја посетивме. Сега немам баш од соништата, но би сакала меѓу следните да ни бидат Сејшели и Маурициус.

vesna-od-skopje-so-dvete-deca-posetila-34-drzhavi-vo-svetot-nikogash-ne-nosam-lekovi-so-sebe-najchesto-imame-problemi-so-vizite-10.jpg

Кое е омиленото место во Македонија што редовно сакате да го посетувате?

Македонија има многу убави места.

Би го издвоила Св. Наум. И јас и сопругот (кој за жал почина од пост ковид компликации) го издвоиме како омилено и редовно му се враќавме.

Изворот и водопадот на реката Бабуна исто е едно преубаво место.

Осумте водопади близу селото Камењане, тетовско се исто преубаво место, кое заслужува внимание.

vesna-od-skopje-so-dvete-deca-posetila-34-drzhavi-vo-svetot-nikogash-ne-nosam-lekovi-so-sebe-najchesto-imame-problemi-so-vizite-12.jpg

Колку време ви е потребно за да се подготвите за патувања со деца? Се случува ли некогаш некое од нив да не е расположено за нова авантура?

Многу малку. Брзо, навистина брзо пакувам.

О да, се случува. Од толку авантури и нови и нови дестинации, кога ќе ги прашам каде да одиме следен викенд или период ми велат дома да си поседиме.

vesna-od-skopje-so-dvete-deca-posetila-34-drzhavi-vo-svetot-nikogash-ne-nosam-lekovi-so-sebe-najchesto-imame-problemi-so-vizite-11.jpg

Која ви е следната дестинација?

Следна дестинација ни е Лихтенштајн, многу наскоро.

vesna-od-skopje-so-dvete-deca-posetila-34-drzhavi-vo-svetot-nikogash-ne-nosam-lekovi-so-sebe-najchesto-imame-problemi-so-vizite-07.jpg

Погледнете повеќе фотографии во продолжение:

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Ивана Угриновска за патувањето во Тајланд: „Сама возев мотор низ џунгла во 3 наутро“ „Секој сака да ужива во луксузни хотели, но јас сакам да искусам многу повеќе од...
Маја Кикириткова кампуваше во шатор над автомобил во Љубаништа: „Се мести за 3 минути, внатре може д... „Шаторот ни го монтираа од фирмата каде што го купивме. Монтажата траеше не пове...
Милош Боев: „Работам во Нигерија како инженер - полиција со оружје ме чува 24/7, едвај се навикнав“ „И одењето во ноќен клуб е со режим за безбедност. Ми приоѓаа луѓе кои сакаат за...
Бранко Илиески за патувањето во Перу: „100 пати да се вратам на Мачу Пикчу, нема да ми биде здодевно... „Во Перу јадат и морски прасиња. Ги печат на жар, како во фурна. Секако дека про...
Велешанката Стефани го посети Бразил: „Лежалките на Копакабана се бесплатни, во Рио е поевтино откол... „Во Рио резервиравме хостел, кој беше на околу 3 минути пешки од Копакабана...
Анета за посетата на Гренланд: „Во август температурите се до 12°C, меѓу градовите се патува со брод... „Гренланд можеби нема некои големи и импозантни знаменитости, но самата недопрен...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg