Загорка и Мартин - семејство од Скопје кое секоја година со децата кампува во Грција: „Камперскиот живот е рај за нас“

Пред да ги добиеме нашите деца, јас и Мартин со нашите пријатели го искачивме Олимп (врвот Митикас), а интересно беше тоа што тргнавме во летна облека, не очекувајќи дека температурите горе се пониски од 10 Целзиусови степени, има силен ветар и воопшто не е наивно да тргнете неспремни во ваква авантура.

Се измрзнавме, се сретнавме со непознати инсекти и други предизвици, но за среќа сè се заврши добро и на крајот ни остана искуство вредно за паметење.

zagorka-i-martin-semejstvo-od-skopje-koe-sekoja-godina-so-decata-kampuva-vo-grcija-kamperskiot-zhivot-e-raj-za-nas-23.jpeg

Околу камповите не можам да кажам дека сме наишле на опасности од инсекти, освен комарци на кои сме навикнати, па заштитните средства ни се дел од секојдневната рутина.

zagorka-i-martin-semejstvo-od-skopje-koe-sekoja-godina-so-decata-kampuva-vo-grcija-kamperskiot-zhivot-e-raj-za-nas-04.jpeg

Можам да се сетам на една случка кога нашата Кира згазна пчела на плажа, па се исплашивме бидејќи не знаевме дали е алергична, но за среќа со нас секогаш носиме куп лекови за прва помош, во близина има дежурни аптеки, а секако и доктори, како во нашето семејство, така и во кампот, така што секогаш заеднички се справуваме со ваквите предизвици.

zagorka-i-martin-semejstvo-od-skopje-koe-sekoja-godina-so-decata-kampuva-vo-grcija-kamperskiot-zhivot-e-raj-za-nas-17.jpeg

zagorka-i-martin-semejstvo-od-skopje-koe-sekoja-godina-so-decata-kampuva-vo-grcija-kamperskiot-zhivot-e-raj-za-nas-15.jpeg

Да бидам искрена, поради интензивните дружења со другите деца честопати и нашите деца се разболуваат, но поради морето и воздухот овде секогаш ни минува полесно и побрзо, отколку во Скопје.

zagorka-i-martin-semejstvo-od-skopje-koe-sekoja-godina-so-decata-kampuva-vo-grcija-kamperskiot-zhivot-e-raj-za-nas-08.jpeg

Камперскиот живот е доста динамичен, како што кажав потребна е добра организација и поделба на обврските, понекогаш знае да биде и напорен, посебно доколку имате мали деца, но забавата и авантурите кои децата ги доживуваат овде се незаменливи и сигурна сум дека спомените и другарствата кои токму овде ги создаваат ќе им траат цел живот“. 

zagorka-i-martin-semejstvo-od-skopje-koe-sekoja-godina-so-decata-kampuva-vo-grcija-kamperskiot-zhivot-e-raj-za-nas-27.jpeg

zagorka-i-martin-semejstvo-od-skopje-koe-sekoja-godina-so-decata-kampuva-vo-grcija-kamperskiot-zhivot-e-raj-za-nas-25.jpeg

zagorka-i-martin-semejstvo-od-skopje-koe-sekoja-godina-so-decata-kampuva-vo-grcija-kamperskiot-zhivot-e-raj-za-nas-20.jpeg

Повеќе фотографии на следната страница...


Би можело да ве интересира:

Нина (25) од Скопје за животот во Унгарија: „Дојдов сама на 18 години, но би се вратила да живеам во... „На прашањето „Дали би се вратила ли да живеам во Македонија некогаш? искрено ќе...
Бев на одмор во Бари: Пиво ќе најдете и за 1,5 евра, но и комплет лежалки за 42 евра Постојат неколку начини од Скопје да се стигне до Бари - еден од нив е со авион ...
Милош Боев: „Работам во Нигерија како инженер - полиција со оружје ме чува 24/7, едвај се навикнав“ „И одењето во ноќен клуб е со режим за безбедност. Ми приоѓаа луѓе кои сакаат за...
Маја Кикириткова кампуваше во шатор над автомобил во Љубаништа: „Се мести за 3 минути, внатре може д... „Шаторот ни го монтираа од фирмата каде што го купивме. Монтажата траеше не пове...
Теона Манго го посети Мексико: „Тулум е рај, а локалците се фини, но знаат да лажат за да ти земат п... „Тулум е еден одличен спој на одмор и забава. Ова е место каде што можете рано н...
Анета за посетата на Гренланд: „Во август температурите се до 12°C, меѓу градовите се патува со брод... „Гренланд можеби нема некои големи и импозантни знаменитости, но самата недопрен...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg