Александра oд Скопје: „Во Виетнам поминување улица е научна фантастика, но затоа има прекрасен народ“

„Виетнамците се многу вреден народ. Тие работат и во сабота и во недела, и тоа самоиницијативно. Се будат многу рано околу 4-5 наутро, чистат пред двор, доколку живеат во куќа, па појадуваат, и отвораат дуќан или одат на работа. Фитнес центрите отвораат уште во 5 наутро. Работат до 11-12, потоа ручаат, па одмораат 2 часа“, раскажува Александра Лучанок од Скопје за нејзиниот престој во Виетнам, каде живее и работи неколку месеци.

aleksandra lucanok vo vietnam ve ocekuva surija motori i svirezi pominuvanje ulici e naucna fantastika nema pravila no zatoa ima mnogu oriz i nudli 24

Александра Лучанок од Скопје е професорка по англиски јазик, која зборува 8 јазици и обожава да ги подучува децата, но и возрасните.

Веќе неколку месеци живее и работи во Виетнам, па во продолжение следува разговор со неа, во кој ни открива повеќе за животот во Виетнам, за локалците, за убавината и културата што ги нуди оваа земја…

Од Европа, Обединети Арапски Емирати, па сè до Непал, Малезија, Канада… Твојот пасош сведочи за многу посетени земји, зошто овој пат се одлучи за Виетнам?

Затоа што е уникатна земја по многу работи. Го има најголемиот еко-систем во цел свет, земја со богата култура и историја, со разновидни природни ресурси и волшебна убавина, што слика не може да ја долови. Вистинска егзотика на која не се останува рамнодушен!

Но, главна причина е мојата духовна Мастерка која доаѓа оттука, па сакав да го почувствувам местото на Земјава, каде таа има пораснато.

Имам обичај да си ги исполнувам желбите што ќе си ги замислам, па тоа се случи и овојпат. Во 2015 година, при посета на пирамидите во Босна, каде и за првпат ја сретнав Мастерката, си ветив себеси дека еден ден ќе одам да живеам во Виетнам, сето тоа откако ја видов таа љубезност, почит, дисциплина и посветеност што ја еманираа Виетнамците (нејзините ученици) што ги запознав таму.

Си реков: „Има што да се учи од нив!“ Па, откако се соочив со некои сериозни искушенија во животот низ последниве 3 години, решив дека е дојдено време да заминам и да дозволам процесот на рестарт да се случи токму тука – во волшебниот Виетнам, каде минатото, сегашноста и „иднината“ се споени на едно место.

aleksandra lucanok vo vietnam ve ocekuva surija motori i svirezi pominuvanje ulici e naucna fantastika nema pravila no zatoa ima mnogu oriz i nudli 4

Пред да се одлучиш за Виетнам, вниманието ти го привлекувало и Тајланд. Зошто ѝ даде предност на оваа земја во југоисточна Азија?

Неколку фактори. Пред сè заради содржајноста на земјата и народот, на целата нивна историја и размерите на нивната храброст, која нема граници. Такви се и сега, борбени ем сосем практични.

Посодржаен и племенит народ ми се од Тајланѓаните и не се продаваат лесно, а од друга страна доста трпеливи, понизни, интелигентни и духовни. Тука нема што нема, па сума сумарум – на кантарот Виетнам преовлада.

BeFunky collage 2 copy

Прво почна да работиш и волонтираш во едно мало виетнамско гратче, а од неодамна се пресели во Ханои. Што ти понуди овој милионски град со богата историја?

Да, во Thai Binh. Прво сакав да придонесам во едукацијата преку волонтерство (се чувствував должна затоа што не работев 1.5 година), што секогаш ме исполнува, плус си работев во едно училиште, каде предавав англиски.

Убаво поминав таму, но решив дека ми треба нешто повеќе, па му дадов шанса на Ханои, каде работам во едно од најпознатите училишта тука, и чувството веднаш е подруго.

Ханои е стар културно издигнат град, кој се наоѓа на делтата на Црвената река, огромен по мене, со слоеви од француското и кинеското влијание. Шармантен главен град, спој на античкото и модерното, и во постојан раст и развој. Стариот дел ја персонифицира душата на градот – со споменици, уникатна автентична архитектура, музеи, цитадели, пагоди, светилишта, а модерниот Ханои е друга приказна – во западњачки стил со облакодери, модерни шопинг центри, клубови, забавни паркови, казина итн.

За секој има по нешто. Изборот е голем, а моторите се главно превозно средство. Како прилично љубопитен и ентузијастичен човек, секогаш одам да истражувам на различни места и сакам што повеќе да видам, да го почувствувам вкусот на живеењето на местото…

aleksandra lucanok vo vietnam ve ocekuva surija motori i svirezi pominuvanje ulici e naucna fantastika nema pravila no zatoa ima mnogu oriz i nudli 19

Се спријатели ли со локалците? Какво е чувството да се биде во секојдневна комуникација со нив? Отворени ли се спрема странците?

Дааа! И во претходното интервју за CRNOBELO.com, спомнав дека тоа ми е една од омилените работи што ја практикувам на патувањата, (во случајов место на живеење).

Како народ се многу ситни, слатки и витки исправени косооки луѓе. Ги следат Кинезите како нација. Колегите ми се Виетнамци и соседите.

Отворени се кон странци и секогаш се спремни да помогнат кога можат, само уште да не ги покачуваа цените на пазар за странците и супер би било. Никаде не видов потценување на нечие занимање, дали си чистач, или ѓубреџија, или директор, луѓето се почитуваат, и тоа што ме фасцинира е соработката меѓу локалците.

Пример, влегувам во некој дуќан, и ако продавачот во моментот не е тука, човекот од соседниот дуќан трча да го викне за да се оствари продажба. Од лично искуство, барем луѓето со кои сум во секојдневна комуникација, не можам да се пожалам, напротив, секогаш ми излегуваат во пресрет, прељубезни се, почитуваат, тивки се, и благодарни, секогаш се поклонуваат во интеракција со другите, во знак на почит, сакаат да делат – тоа е препознатливо за нив.

Си имам една сосетка, Хиен се вика, но како и сите Виетнамци и таа си има вестернизирано име, и ја викаме Мун. Епа, Мун е исто доста авантуристички тип како и јас, и си се договоривме секоја недела да си посетуваме ново место кај што не сме биле во Ханои.

Таа ми ја проширува сликата за градот, а и општо за Виетнам, на еден оригинален начин збогатен со анегдоти и приказни, и сум преблагодарна и среќна за тоа.

Неодамна заедно бевме и на крстарење, а често одиме и на некое од езерата во Ханои (ги има многу), на виетнамско кафе (нема повкусно!) или ручек. Она вози моторче, се качуваме и тргнуваме во авантура.

aleksandra lucanok vo vietnam ve ocekuva surija motori i svirezi pominuvanje ulici e naucna fantastika nema pravila no zatoa ima mnogu oriz i nudli 6

Каков е односот помеѓу децата и родителите?

Фино прашање. Виетнамците како родители се доста строги и ги држат децата под режим кога е во прашање образованието, малку им е изоставен емотивниот аспект и неговото влијание врз развојот на децата, но од друга страна па, кога станува збор за улична школа, која е еден од главните фактори за развој на интелигенција, самостојателност и независност во живеењето, се доста опуштени, и уште од рана возраст ги ослободуваат децата од опсесивна асистенција, ги пуштаат сами да се снаоѓаат и да го спознаваат непознатото преку лични искуства, почнуваат да се учат да возат мотори уште на 10-годишна возраст, и нема драми околу тоа, многу растат на улица играјќи.

Баш пред некој ден имав средба со родителите на децата на кои им предавам, и дури кога ќе видат исклучително добар тест, тие ме тераат што повеќе да го форсирам детето, дури и со неверување го гледаат резултатот на детето. Баш се претенциозни.

А, децата ги слушаат. Имаат некој вид на стравопочит. Кај Виетнамците ми се допаѓа тоа што е зачувано семејството во традиционални рамки. Ручаат и вечераат заедно, и поминуваат доста време како заедница. А има ли нешто подрагоцено од тоа?

aleksandra lucanok vo vietnam ve ocekuva surija motori i svirezi pominuvanje ulici e naucna fantastika nema pravila no zatoa ima mnogu oriz i nudli 22

Земајќи предвид дека работиш во училиште, можеш ли да ни ги доловиш карактеристиките на школскиот систем таму?

Школскиот систем тука е заснован на дисциплина и послушност, нема многу простор за изразување на децата на својот суштински карактер и дух, но се доста организирани и посветени, и учителите вистински се трудат да пренесат знаење.

Една работа која не можам да ја оправдам, ниту ми се допаѓа, е автоматското повторување. Пример, во однос на учење на странски јазик, да речеме се спремаат за испит, и они си учат сè по ред, и ако ги прашаш нешто од средина, доаѓа до конфузија, кочница, и ти одговара нешто што нема врска со прашањето, или го испревртува сосема.

Маки мачев во малото гратче да ги научам дека мора да го разберат прашањето, а и тоа што го искажуваат. Во Ханои, немам таков проблем.

aleksandra-lucanok-vo-vietnam-ve-ocekuva-surija-motori-i-svirezi-pominuvanje-ulici-e-naucna-fantastika-nema-pravila-no-zatoa-ima-mnogu-oriz-i-nudli_8.jpg

Како изгледа обичен ден на еден Виетнамец?

Виетнамците се многу вреден народ. Тие работат и во сабота и во недела, и тоа самоиницијативно. Се будат многу рано околу 4-5 сабајле, чистат пред двор, доколку живеат во куќа, па појадуваат, и отвораат дуќан или одат на работа. Фитнес центрите отвораат уште во 5 сабајле. Работат до 11-12, потоа ручаат, па одмораат 2 часа.

Никој не работи тој период кога се одмора, тоа веќе го научивме, и во поголем дел од времето е така секаде. Дури и ние странците тоа го присвоивме, и делува позитивно на психа таа попладневна дремка, морам да признаам.

Вечера обично се јаде од 6 до 7 навечер, и потоа сите одат на прошетка. Како народ се многу фит и еластични.

Во овие неколку месеци едвај 5 луѓе најдов подебелки, а со прекумерна тежина досега не сретнав човек.

Жените се преелегантни, грациозни и нежни. Зрачат женска енергија. Сфатив дека токму ваквата дисциплина и начин на живот ги прави младолики, долговечни, смирени. Си легнуваат многу рано, од 9 до 11 веќе спијат.

aleksandra lucanok vo vietnam ve ocekuva surija motori i svirezi pominuvanje ulici e naucna fantastika nema pravila no zatoa ima mnogu oriz i nudli 3

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Стефан Савевски за патувањето во Јордан: „Ја посетив Петра 4 пати, за Македонците треба виза, а лока... „Невозможно е да пропаднеш во водата на Мртвото Море дури и да вложиш напор, сам...
Ивана Угриновска за патувањето во Тајланд: „Сама возев мотор низ џунгла во 3 наутро“ „Секој сака да ужива во луксузни хотели, но јас сакам да искусам многу повеќе од...
Милош Боев: „Работам во Нигерија како инженер - полиција со оружје ме чува 24/7, едвај се навикнав“ „И одењето во ноќен клуб е со режим за безбедност. Ми приоѓаа луѓе кои сакаат за...
Бранко Илиески за патувањето во Перу: „100 пати да се вратам на Мачу Пикчу, нема да ми биде здодевно... „Во Перу јадат и морски прасиња. Ги печат на жар, како во фурна. Секако дека про...
Маја Кикириткова кампуваше во шатор над автомобил во Љубаништа: „Се мести за 3 минути, внатре може д... „Шаторот ни го монтираа од фирмата каде што го купивме. Монтажата траеше не пове...
Моделот Павле Николовски го посети Исланд: „Ручек во ресторан не е под 150 евра, најевтин бургер е 2... „Исланд е третата најскапа земја во светот, а цените се скоро 10 пати повисоки о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg