Загорени тенџериња, сечкање кромид: 9 познати вирални кујнски трикови – кои се корисни, кои не?
Трик за лупење ѓумбир со лажица: Вистински предизвик е да излупите ѓумбир со нож, најмногу поради неговата чудна форма. Но, затоа многу лесно можете да го излупите со обична лажица.
На Инстаграм и другите социјални мрежи изминативе неколку години огромен хит се видеата со готвење, но и со кујнски трикови.
Сепак без разлика што нешто изгледа навистина ефикасно на овие видеа, не значи дека истото важи и во реалноста.
Кои вирални трикови се ефикасни, а кои не?
Лупење лук
Трикот за лупење лук со нож стана вирален, но не е најпрактичен.
Според бројните видеа на Инстаграм и ТикТок, треба да го исечете горниот дел на лукот, а потоа да го притиснете силно со ножот. Наводно, ова би требало да ги одови чешнињата едни од други и да ја отстрани најгорната лушпа.
Но, кога ќе го притиснете лукот, ќе одвоите само неколку чешниња, што значи трикот не е попрактичен од вообичаеното лупење.
„Хидрирање“ сув леб со вода
Иако овој трик е ефикасен, не можете да очекувате лебот да има потполно ист вкус како кога е свеж.
Најпрво треба да го натопите лебот со вода, потоа завиткајте го во алуминиумска фолија и печете го пет минути во рерна на 180 степени.
Лупење ѓумбир со лажица
Вистински предизвик е да излупите ѓумбир со нож, најмногу поради неговата чудна форма.
Но затоа многу лесно можете да го излупите со обична лажица.
Чистење загорено тенџере со вриење
Врелата вода може да ви помогне да ја отстраните засушената храна од тавите и тенџерињата.
Но, кога станува збор за загорено јадење, нема да го отстраните само со вриење.
Сепак, вриењето колку-толку ќе го омекне загореното јадење и со малку триење ќе успеете да го спасите тенџерето.