Која храна треба да ја миете, а која не пред да ја употребите?
Оризот треба да се измие
Важно е да го измиете оризот бидејќи на овој начин се отстранува скробот од неговата површина.
Овој вишок скроб може да го направи оризот леплив и кашест.
Препорачливо е да го измиете оризот неколкупати, додека водата со којашто го миете не стане проѕирна.
Мијте ги свежите зачини
Треба да ги измиете и свежите зачини како магдонос.
Најпрво измијте ги под млаз вода, а добро е и да ги оставите да отстојат во сад со вода.
Оревите треба да се измијат
Оревите, но и другите сирови јаткасти плодови е препорачливо да се измијат.
Препорачливо е да се мие и конзервираниот зеленчук
Конзервираниот зеленчук, како пченка и грашок, може да се консумира и веднаш.
Но, ако го исплакнете под млаз вода ќе отстраните голем дел од натриумот на него.
Овој натриум е од течноста во конзервата, а на сите ни е добро познато дека не треба да претеруваме со овој елемент.
Бонус: Мијте ги лименките
Важно е да ги миете лименките за сок, пиво и слично пред да ги употребите.
Никогаш не можете да знаете каде стоеле пред да ги купите, па важно е да ги дезинфицирате, особено ако пиете директно од нив.
Спирова С. | Црнобело