Која храна треба да ја миете, а која не пред да ја употребите?
Препорачливо е да го измиете оризот, и тоа неколкупати, но не треба да го миете месото бидејќи само ќе ги разнесете бактериите низ кујната.
Пред да готвиме или јадеме некоја храна, прво ја миеме. И, ова ни изгледа сосема логично за намирниците како овошје, зеленчук и месо.
Но сепак, додека некои намирници е неопходно да се измијат, други е подобро да не ги миете бидејќи може да направите и поголема штета.
Кои намирници треба да ги миете, а кои не?
Јајцата не се мијат
Без разлика дали ќе ги варите или пржите, нема потреба да ги миете јајцата.
Доколку на јајцето има бактерии, ако го измиете, постои ризик да ги разнесете низ мијалникот. А, овие бактерии ќе се уништат кога ќе го зготвите јајцето.
Сепак, препорачливо е да ги измиете јајцата откако ќе ги сварите и излупите.
Немојте да го миете живото месо
Слично како со јајцата, ако го измиете месото, постои ризик да ги разнесете бактериите низ кујната.
И во овој случај, бактериите од месото ќе бидат уништени кога ќе го зготвите.
Нема потреба да го миете кромидот
Внатрешноста на кромидот е заштитена со неколку слоеви, па нема потреба да го миете.
Но, доколу на него има земја слободно исплакнете го.
Можете да ги миете печурките, но подобро е да ги избришете
На печурките обично има земја и поради ова сите настојуваме да ги измиеме.
Но, печурките лесно впиваат многу вода, па доколку ги миете, важно е да ги избришете со крпа или хартиен бришач.
Ако на нив нема многу земја, подобро е да ги избришете со влажна крпа.