Брашно и уште 11 продукти што можете да ги чувате во фрижидер за да им го продолжите рокот на траење
Доматен сос
Штом ќе го отворите доматниот сос, мора да го чувате во фрижидер, но и да го употребите во рок од 2-3 дена.
Сепак, ако го ставите во замрзнувач, значително ќе му го продолжите рокот на траење.
Тортилји
Чувајте ги тортилјите во фрижидер уште пред да ги отворите за да им го продолжите рокот.
Откако ќе го отворите оригиналното пакување, ставете ги во добро затворен сад за да не се исушат.
Црвени зачини
Зачините како црвен пипер и чили е подобро да ги чувате во фрижидер, особено кога времето е потопло.
Брашно
Ако го чувате брашното во фрижидер, откако ќе го отворите, може да ви трае цела година.
Интегралното брашно, пак, ќе ви трае околу шест месеци во фрижидер.
И во овој случај, важно е брашното да биде во добро затворен сад.
Авокадо
Ако сакате авокадото да созрее побрзо, тогаш чувајте го на собна температура.
Но, ако сакате да му го продолжите рокот, најдобро е да го ставите во фрижидер.
Јајца
Ако ги чувате јајцата во фрижидер, ќе им го продолжите рокот на траење за барем 2-3 дена.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





