Брашно и уште 11 продукти што можете да ги чувате во фрижидер за да им го продолжите рокот на траење
Ако го чувате брашното во фрижидер, во добро затворен сад, ќе можете да го користите цела година.
Многу намирници можеме без проблем да ги чуваме на собна температура, но ако ги чуваме во фрижидер, значително ќе им го продолжиме рокот на траење.
За кои намирници станува збор?
Пченка
Ако имате свежа пченка, најдобро е да ја ставите во фрижидер.
Истото важи и за конзервираната пченка откако ќе ја отворите.
Путер од кикиритки
Генерално, путерот од кикиритки има долг рок на траење, но ќе ви трае уште подолго ако го чувате во фрижидер.
Кога ќе сакате да го користите, оставете го да отстои на собна температура за да омекне.
Леб
Ако ви остане многу леб, слободно ставете го во замрзнувач.
Само осигурете се дека ќе биде во добро затворен сад за да го заштитите од влага.
Свеж ѓумбир
Свежиот ѓумбир ќе трае подолго ако го исечете и го ставите во зип-кеса или добро затворен сад, а потоа во фрижидер.
Јаткасти плодови
Иако јаткастите плодови не се расипуваат брзо, со текот на времето може да им се промени вкусот.
Ако ги ставите во фрижидерот во добро затворен сад, тие ќе го задржат истиот вкус повеќе од еден месец.
Житарици
И житариците можете да ги чувате во фрижидер, исто така во добро затворен сад.
Ова е одлично решение ако влажноста на воздухот во домот е поголема или се сомневате дека имате проблем со штетници, како лебарки.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





