Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


8 едноставни трикови со кои ќе фрлате помалку овошје и зеленчук

Ако имате пресечен домат, немојте да го фрлате, туку завиткајте го во најлонска фолија и ставете го во фрижидер. Како јаболкото да не потемни? Како да го складирате лукот?

8-ednostavni-trikovi-so-koi-kje-frlate-pomalku-ovoshje-i-zelenchuk-01.jpg

Колку и да се обидуваме да не правиме отпад со храна, некогаш немаме избор освен да фрлиме нешто.

Ова најчесто се случува кога ќе исечеме повеќе овошје или зеленчук од планираното. Кога се исечени, овошјето и зеленчукот не траат ни еден ден, па не ни останува ништо друго освен да ги фрлиме.

Но, со некои трикови можете да им го продолжите рокот на одредени овошја и зеленчуци, дури и откако ќе ги пресечете.

Неколку вакви трикови во продолжение:

Измијте го грозјето со вода и оцет

Оцетот ќе ги отстрани сите штетни пестициди доколку грозјето е прскано, но и ќе ги уништи микроорганизмите на него, а со тоа ќе му го продолжи рокот на траење.

Во длабок сад ставете 1/4 шолја оцет, додајте вода и покиснете го грозјето, па оставете го да отстои 10-тина минути.

Потоа исплакнете го само со вода и оставете го да се исуши на хартиен бришач.

Штом ќе се исуши, ставете го во пластична кутија, врз него ставете хартиен бришач и добро затворете ја кутијата, па складирајте го во фрижидер.

8-ednostavni-trikovi-so-koi-kje-frlate-pomalku-ovoshje-i-zelenchuk-02.jpg

Завиткајте го пречесниот домат во најлонска фолија

Ако ви остане половина домат, не мора да го фрлате.

Само завиткајте го најлонска фолија и ставете го во чинија со пресечниот дел свртен надолу.

Потоа најдобро е да го чувате во фрижидер.

8-ednostavni-trikovi-so-koi-kje-frlate-pomalku-ovoshje-i-zelenchuk-03.jpg

Чувајте ги пресечените јаболка во сад со вода

За да го спречите потемнувањето на пресечените јаболка, ставете ги во сад со вода.

Врз нив ставете и хартиен бришач кој ќе им нуди заштита од горната страна.

Водата ќе го спречи процесот што ги потемнува јаболката и тие ќе бидат свежи подолго.

8-ednostavni-trikovi-so-koi-kje-frlate-pomalku-ovoshje-i-zelenchuk-04.jpg

Завиткајте го врвот на бананите со најлонска фолија

Бананите можат да овенат многу брзо, но можете да им го продолжите рокот ако има ставете најлонска фолија на врвот, како на фотографијата десно.

8-ednostavni-trikovi-so-koi-kje-frlate-pomalku-ovoshje-i-zelenchuk-05.jpg

Уште четири трикови на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Совети со кои ќе ги избегнете грешките кога правите ориз Важно е да го измиете оризот пред готвење и никако немојте да го мешате додека г...
Лубеница, пченка - Како да ги складирате овошјето и зеленчукот за да бидат свежи подолго? Немојте да ги отстранувате листовите на пченката, а компирите најдобро чувајте г...
Храна која мислиме дека трае вечно, но сепак има рок (ако не ја чувате правилно) Доколку го чувате шеќерот во сад кој не е добро затворен, во него може да влезе ...
Кулинарски трикови од професионални готвачи што ќе ве направат експерт во кујна Пред да печете зеленчук, загрејте ја тавата во рерната. Кога, пак, варите ориз, ...
Кулинарски грешки што ги прават и експерти во кујна (ги менуваат вкусот и текстурата) Го варите пилешкото на многу висока температура и го заборавате брашното кога пр...
Моркови, компири, зелка – Како да ги изберете најдобрите (и најсвежите) овошја и зеленчуци? Кај младиот компир, важно е да нема зелени дамки, додека кај бабурите, важно е д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg