Блага паста од грав и уште 9 (необични) десерти од целиот свет кои вреди да ги пробате барем еднаш
Koeksisters – Јужна Африка
Еден од најпопуларните десерти од Јужна Африка е всушност пржено тесто во форма на плетенки. По пржењето, се додава прелив кој содржи ѓумбир, цимет и екстракт од ванила.
Некогаш се украсува и со кокос.
Aletria – Португалија
Португалскиот десерт кој најчесто се јаде за Божиќ наликува на нашиот кадаиф, но има покремаста текстура.
Десертот се прави со фиде, млеко, путер, шеќер, јајца и кора од лимон.
Modak – Индија
Индијците веруваат дека ова било омиленото јадење на Ганеша – богот на мудроста во хиндуизмот – па неретко се користи и за време на молитва.
Горниот слој на десертот најчесто се прави од оризово брашно, а внатре се полни со смеса од кокос и концентрат од шеќерна трска.
Постојат два вида од овој десерт – пржен и варен на пареа.
Hottokēki – Јапонија
Популарниот јапонски десерт најмногу наликува на американските палачинки, но е поблаг и се користат повеќе јајца кои му даваат помека текстура.
Останатите состојки се исти како за американски палачинки – брашно, прашок за печиво, млеко и малку масло.
Cendol – Азија
Овој десерт е најпопуларен во азиските држави како Индонезија, Малезија, Камбоџа, Виетнам и Тајланд.
Не е познато од каде потекнува десертот, но се верува дека првпат бил направен во Јава, Индонезија.
Десертот се прави со зелено желе, кокосово млеко и благ сируп. Некогаш се додаваат и локални овошки и видови грав.
Пиварки - Македонија
Спирова С. | Црнобело