Не пијте коктели, јадете во исто време: 5 правила за одржување на тежината на одмор
Иако нема ништо лошо во опуштањето на одмор, сигурно не сакате за 7 дена да ги вратите 5-те килограми кои ги намалувавте неколку недели пред да се соблечете по костим за капење.
Килограмите се лепат и кога сте на одмор, па игнорирањето на здравите навики нема да ви помогне.
За да не гладувате и да уживате во одморот, важно е да се држите до 5 правила:
1. Оставете го коктелот
Ако веќе сакате да пиете алкохол, бирајте алкохоли без шеќер. Исто така, не пијте на празен стомак.
2. Намалете ги порциите
Кога ќе се најдете пред шведска маса, не ја преполнувајте чинијата. Наполнете повеќе со зеленчук и салати, а помалку со леб и прженици.
3. Паметно мезете
Сендвичите и солените чипсови не се добро мезе пред оброк. Фокусирајте се на залчиња од овошје или зеленчук.
4. Ограничете си го времето во ресторан
Препорака е да јадете во исто време, со напомена дека вечерата непосредно пред спиење е лоша идеја.
5. Движете се
Брзото шетање во времетраење од 30-тина минути може сериозно да ве спаси од таложење на масти. Не мора да вежбате, но барем движете се пешки каде и да можете. Секако и пливањето е од корист.
М. Д. | Црнобело