Минимум 2 чешниња лук, соја сос наместо сол: Трикови за готвење од професионалните готвачи
11. Ако приготвувате пилешко или свинско, слободно користете многу зачини. Овие видови месо одлично ги впиваат зачините.
12. Фокусирајте се на поедноставни јадења – нешто со 3-4 состојки обично има многу подобар вкус од нешто со 12 состојки.
13. Кога се подготвувате да правите јадење, секогаш испланирајте ги следните два чекори. На овој начин ќе знаете што треба да правите следно и ќе бидете многу побрзи и поефикасни.
14. За да ги исечете шери доматите, ставете ги помеѓу 2 пластични капаци. На овој начин ќе исечете 10-тина домати одеднаш.
15. Ако купите исечено пилешко или риба, нема поента да ги миете пред да го приготвувате.
16. Организирајте се кога треба да исечете разни зеленчуци – прво отстранете им ги дршките на сите, па излупете ги сите, па потоа исечкајте ги сите. На овој начин ќе завршите многу побрзо.
17. Кога ставате лук, секогаш ставајте најмалку две чешниња за вистински да го почувствувате вкусот.
18. Користете ножици за сечење. Шери домати, тесто, пица, некои видови месо, зеленчук... многу е полесно отколку да ги сечете со нож.
19. Можете да ги користите и дршките од брокулата. Само измијте ги, исечкајте и ги запржете ги во масло.
20. Електричните рингли се загреваат многу повеќе од оние на гас. Внимавајте на ова, бидејќи лесно можете да го изгорите јадењето.
21. Секогаш пробувајте ја храната пред да ѝ додадете нешто и пред да продолжите со готвење. Многу луѓе ја прават оваа грешка кога готват.
22. Кога готвите со вино, користете само вино што би го пиеле. Немојте да користите нешто многу евтино со лош вкус, бидејќи ќе влијае врз вкусот на јадењето.
Спирова С. | Црнобело