9 грешки во готвењето што можат да бидат и опасни
Пробувате живо тесто
Никогаш не треба да јадете живо тесто – ако во него има јајца, постои ризик од салмонела. Дури и тестото без јајца може да ви предизвика проблеми со стомакот, најмногу поради брашното.
Го маринирате месото на собна температура
Веќе претпоставувате дека и овојпат виновни се бактериите. Кога го маринирате месото, секогаш ставајте го во фрижидер.
Не го пржите месото до крај
Кога ја готвиме храната, топлината ги убива сите штетни бактерии. Затоа е важно целосно да ги пржите месото и рибата.
Не миете раце пред да почнете со готвење
Ако не го измиете рацете, сите бактерии и нечистотии од дланките ќе завршат на храната.
Ставате мед во врели пијалаци
Истражувањата покажале дека високите температури го намалуваат квалитетот на медот, но ги намалуваат и корисните хранливи материи. Затоа, пред да ставите мед во некој пијалак, почекајте да се излади.
Спирова С. | Црнобело