Трикови за слабеење за сите оние кои решија да „престанат“ со јадење по Нова година
Во едно истражување кое имало за цел да ја нагласи важноста на исхраната и навиките за јадење, испитаниците во просек изгубиле 3,1 килограми за 12 недели.
Она што е уште поважно, кај испитаниците се намалил ризикот од дијабетес и инфаркт. Правилниот начин на исхрана не само што ќе ви помогне да ослабете, туку ќе ви го подобри и здравјето.
Важно е да развиете здрави навики за јадење, а доколку претеравте со храна периодов, следниве совети и трикови ќе ви бидат од корист.
Време е да почнете од некаде:
Пијте 9 чаши вода на ден
Најпрво, не заборавајте да испиете чаша вода околу половина час пред оброк. Според едно истражување, оваа навика може да го забрза слабеењето за 44%, во рок од 3 месеци.
За мажите е препорачливо да пијат 12-13 чаши вода на ден, а жените 9.
На овој начин вашето тело ќе биде хидриранo и полесно ќе ги исфрла токсините. Истовремено, водата ќе ви го намали и апетитот.
Авокадото е ваш сојузник во слабеењето
Црниот грав, авокадото, брокулата, јаболката и морковите имаат состојка наречена растворливи хранливи влакна. Оваа состојка не само што ќе ви помогне да останете во форма, туку ќе го намали и ризикот од дијабетес и инфаркт.
Најдобро е да внесувате 25-38 грама од оваа состојка во текот на денот.
Во рестораните не седете свртени кон изложената храна
Некои ресторани и повеќето слаткарници, ја имаат изложено храната што ја нудат. Доколку јадете на такво место, најдобро е да не седите свртени кон храната.
Причината е тоа што ако седите пред вкусна торта, вашата желба за храна само ќе се зголемува.
Внесувајте доволно витамин Д
Сончевата светлина има позитивно влијание врз слабеењето, најмногу поради витаминот Д.
Според едно истражување кое траело 4 години, зголемениот внес на витамин Д го спречува дебелеењето.
Доколку не излегувате често на сонце, или во зима, можете да земате додатоци во исхраната со витамин Д. Сепак, најдобро би било да поминувате 10-15 минути на сонце секое утро.