Храна што треба да ја консумирате доколку седите во текот на целиот ден
Знаеме дека седењето во текот на целиот ден е штетно за здравјето, но кога ќе се земе предвид денешниот начин на живот, седењето е неизбежно.
Но, седењето не само што ќе ви ја намали кондицијата, туку може да предизвика воспаленија во телото, висок крвен притисок и високо ниво на шеќер во крвта.
Поради тоа, доколку поголемиот дел од денот го минувате во седење, мора да внимавате на храната што ја консумирате.
Ова е храната што треба да ја внесете во вашето мени:
Шумско овошје
Шумското овошје е богато со флавоноиди кои пак ги смируваат воспалителните процеси во организмот. Најдобро е да го консумирате наутро – можете да направите смути или мусли со него.
Јаткасти плодови
Оревите се богати со омега 3 масни киселини, а бадемите, пак, содржат многу витамин Е. Овие состојки го одржуваат здравјето на кожата.
Ананас
Во ананасот има многу бромелаин – состојка со антивоспалителни дејства.
Маслиново масло
Маслиновото масло има антивоспалително својства и го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести.